ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИПод мотото ,,Дрвца за поздрав живот“, Форумот на жени ГРОМ – Карпош, во организација на ФОЖ – Карпош 4, на 22. март (сабота) со почеток во 11 часот го одбележа Денот на пролетта. Во еколошка акција жените засадија пет дрвца и подарија 80 саксии расадни цвеќиња наменети за балконите на нашите сограѓани.
Во акцијата преку свој придонес со донации се вклучија цвеќарниците ,, Хорти дизајн“,,Еко-Раст“ и ,,Теди Баумен и Арт“ чии донирани садници цвеќиња беа засадени во ОУ ,,Петар Поп Арсов“. Другите донирани цвеќиња беа, подарени на наши сограѓани, а дрвцата беа засадени на неколку локации низ УЗ Карпош 4. На настанот присуствуваше Претседателката на Форумот на жени ГРОМ – Карпош Д-р Добрила Андоновска, претседателките на урбаните заедници на Карпош и нивни претставници како и сите добронамерни граѓани. Целиот настан заврши со пријатно меѓусебно дружење во штабот на ГРОМ во Т.Ц. Антико, кој беше официјално отворен на 20 ти март тукушто изминатиот четврток.

Кликни за фотогалерија