Форумот на жени на ГРОМ-Карпош и Форумот на жени на ГРОМ-Ѓорче Петров

Форумот на жени на ГРОМ-Карпош и Форумот на жени на ГРОМ-Ѓорче Петров СПОДЕЛИВМЕ ЉУБОВ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

На Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, Форумот на жени на ГРОМ-Карпош и Форумот на жени  на  ГРОМ-Ѓорче Петров, подарија многу љубов на прекрасниот Даниел Цеков и споделија едно прекрасно дружење со неговата мајка Марија Јанакова и нивното семејство, во нивниот топол дом во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров.

21-ви март е Светски ден на лицата со Даунов синдром, лица прекрасни во својата различност, единствени во својата убавина, препознатливи по своите благи насмевки и љубопитни погледи. Лица кои живеат во свој свет на добродушност, желни за љубов, нежност и дружба.

21-ви март, во светот се одбележува од 2006 година. Датумот е симболично избран бидејќи во основа, на ова генетско заболување се наоѓа присуство на три наместо два хромозома на 21-от хромозомски пар. Во светот овој ден е ден на “шарени чорапи”, а во Република Македонија оваа година се одбележува под мотото “Во ист свет живееме”.

Им благодариме на нашите нови пријатели што ни овозможија да бидеме барем накратко дел од нивниот живот исполнет со љубов и необична хармонија.