Средба на претседателскиот кандидат на ГРОМ со холандската амбасадорка Шурман

Зоран ПоповскиВо рамки  на интензивната дипломатска активност што неделава ја имаше претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски, денес се сретна со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија г-ѓа Мариет Шурман.

На средбата Поповски на холандската амбасадорка и го врачи писмото наменето до земјите членки на НАТО за забрзан прием на Македонија во оваа алијанса во контекст на кризата во Украина и можностите за пошироките регионални импликации кои може да ги има во овој дел на Балканот.

DSC_0198

Централна тема на билатералната средба Поповски-Шурман беа претстојните претседателски и парламентарни избори. Во тој контекст кандидатот на ГРОМ ја информираше амбасадорката за клучните упоришта врз кои ќе се заснова неговата изборна кампања тоа се : промоција на етничката стабилност, на мултиетничноста во државата и соживотот, на демократизација на политичкиот простор. Тука, пред се, мислам, рече Поповски на намалување на политичкото влијание врз судството, деконтаминација на медиумскиот простор, градење позитивни односи со соседите и вооппшто подигнувањето на нивото културата и на политичката дебата во земјата преку пред се позитивна кампања.

Од своја страна амбасадорката Мариет Шурман рече дека тие со подеднакво внимание ќе ги следат настапите на сите претседателски кандидати и посака  фер и демократски избори.