Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Посета на кандидатот за претседател Зоран Поповски во Тиквешијата

Посета на кандидатот за претседател Зоран Поповски во ТиквешијатаГРОМ МУ ДАВА ПРИМАТ НА ГРАЃАНИНОТ

Вчеравечер, кандидатот за претседател на ГРОМ имаше средби со граѓаните од Тиквешијата, членови на Граѓанската опција за Македонија.

Тој заедно со претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски, ги посетија Кавадарци, Неготино и Демир Капија, каде што се сретнаа со локалното население, членови и симпатизери на ГРОМ. На средбите граѓаните ги изложија нивните проблеми и потреби со кои се соочуваат секојдневно, на што добија ветување од страна на г-дин Зоран Поповски и претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски дека решенијата за нивните проблеми се основната идеја на изборната програма на ГРОМ и основни заложби на претседателскиот кандидат.

Претседателскиот кандидат Зоран Поповски и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, повторно ги искажаа нивните заложби против референдум за евентуално решение за спорот со името, односно дека „името ниту сме го добиле на референдум, ниту на референдум ќе го дадеме” како што порача претседателот Јакимовски.

Воедно, Поповски се заложи за враќање на достоинството на функцијата претседател, и враќањето на приматот на  граѓанинот во државата, наспроти државата над граѓаните-како што рече Поповски. Тој исто така изјави дека тој ќе биде претседател на сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска, верска или национална припадност, дека ќе практикува работа на терен, а не работа од кабинет, со цел максимално да помогне во решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните.

Кликни за фотогалерија-Средба Неготино

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin