„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА Е СИМБОЛ НА ИСТАТА“

Кликни за фотогалерија - Средба со граѓани во општина Гостивар (14.03.2014)СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР

Граѓанската опција за Македонија уште еднаш докажа дека е партија од доверба, чесност и искреност, а вечерашната средба во општина Гостивар беше доказ за тоа.

Во Домот на културата во Гостивар, дојдоа стотина членови и симпатизери на новата партија да се запознаат со кандидатот за претседател Зоран Поповски, при што го искажаа своето задоволство од својот лидер и изборот на човекот кој се надеваат дека  ќе раководи со државата. Претседателот на ОО на ГРОМ- Гостивар, Влатко Костов изрази благодарност до сите присутни и поддржувачи на новоформираната партија ГРОМ, кои помогнаа таа да се искачи речсиси до врвот за многу кратко време.

-Гостивар знае да ја распознае и поддржи третата политичка опција и да каже ДА за мултиетничкиот и граѓанскиот концепт. Неговата политичка и професионална кариера не убедија дека токму тој, професор д-р Зоран Поповски е вистинскиот кандидат кој што во наредните пет години достојно ќе ја претставува Македонија во светот. Неговите залагања за една подемократска и проевропска Македонија  се доволна причина ние да дадеме поддршка за кандидадот на ГРОМ. Гостивар е подготвен да даде се од себе за да го истрча претседателскиот маратон и да докажеме дека ние членовите од ГРОМ и граѓанитеод цела држава можеме да имаме целосна доверба. Овој човек ќе понуди нешто сосема поинакво од она што досега се нудело на политичката сцена – истакна Костов и ги повика сите граѓани да бидат сплотени заедно како на денот на собирањето потписи и исто така и на денот кога треба да се одржат претседателските избори.

Во рамките на средбата со гостиварчани, лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски ги поздрави присутните и воедно им се заблагодари за поддршката која ја има од оваа гласачка единица.

-Интересно е што на ниедна ог „големите партии“ не им се верува дека сами си ги собравме потписите.Мене ми е многу мерак што се сомневаат и само  нека продолжат да не веруваат и нека продолжат да не потценуваат.  Јас  им велам дека картата адут која не е откриена е  ГРОМ“– рече лидерот Јакимовски. Тој на присутните членови и симпатизери им посочи дека целта на партијата е да да има понуда на политичката сцена и да не се избира само помеѓу две страни. „Ние сакаме да има вистински избор, а вистинскиот избор на овие избори е господинот Зоран Поповски“. – додаде Јакимовски.

„ГРОМ е партија која покажува дека може политички да се функционира заедно си сите етнички заедници во Република Македонија .Нудиме соживот, нудиме заедништво “ – заврши лидерот на третата политичка опција.

По поздравниот говор на претседателот на ГРОМ се обрати кандидатскиот претседател Зоран Поповски кој топло ги поздрави и им се заблагодари на сите присутни за поддршката и за довербата која ја покажуваат кон политичката партија од центарот.

-Јас сакам да бидам мегафон за граѓаните. Сакам да сум слуга на македонските граѓани и ништо повеќе. Полни ни се главите од типот сакаме европски интеграции сакаме во НАТО, меѓутоа ние на тој план стоиме во место долги години. Таквата состојба и  тоа како ни се одразува врз економијата, речиси исто како што ни се одразува врз економијата и етничката нестабилност . Ние сме девет години со статус на кандидат за членство во НАТО. Секоја година според бројот на жители Македонија има право на 74 милиони евра неповратна помош од кохезивните фондови на ЕУ и ако ги почневме преговорите кога го добивме кандидатскиот статус, досега далеку ќе стасавме. Тоа множено по девет години се 700 милиони евра . Замислите тие средства да ги вложевме во инфраструктура, во образование, во здравство а не да се задолжуваме со кредити како што тоа сега го правиме, каде ќе ни беше крајот – посочи Поповски. Тој своето обраќање пред членовите на ГРОМ-Гостивар го заврши со мислата дека односот со соседите ќе биде проактивен и со почит, а на неговата врата секогаш ќе може да чукне граѓанинот.

По едночасовното дружење, присутните заедно со лидерот и кандидадот за претседател на ГРОМ се упатија кон Канцеларијата на Граѓанската опција за Македонија каде разговорите продолжија а присутните заинтересирано прашуваа за најразлуични теми од животот.

Кликни за фотогалерија - Средба со членовите и симпатизерите на ГРОМ од општина Илинден (14.03.2014)Пред вечерашната средба во Гостивар, лидерот Стевчо Јакимовски и претседателскиот кандидат Зоран Поповски беа на средба со членовите и симпатизерите на ГРОМ од општина Илинден.