Средба Поповски – Аренс

13.03.2014Денеска, 13 март 2014 година, кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ, проф. д-р. Зоран Поповски, одржа едночасовна средба со шефот на мисијата на ОБСЕ и ОДХР, Герт Хинрих Аренс, и со политичкиот аналитичар  на  Организацијата за безбедност и соработка на Европа, Елен Шустик.

Тема на разговорот беа претстојните претседателски и парламентарни избори, како и размената на мислења за начинот на нивната реализација и очекувањата за нивниот тек.

13.03.2014Во  таа насока, посебна нагласка се стави на релевантноста на избирачкиот список, со оглед на актуелната ситуација и на тоа што подолг период, речиси една и пол деценија, нема веродостојни податоци за бројот на населението во Македонија. Исто така, како чинители кои би можеле да влијаат врз текот и регуларноста на изборите беа посочени и синдромот на „фантомски гласачи“, како што беше случајот на последните локални избори, и масовното добивање двојно државјанство на граѓани на Република Македонија.

Една од клучните теми што се отвори во текот на дискусијата беше и рамномерната застапеност и третманот на сите кандидати за претседател на Република Македонија во медиумскиот простор.

13.03.2014.Оваа средба на кандидатот на ГРОМ за претседател на државата е само продолжение од интензивната дипломатска активност, во рамките на која досега беа реализирани средбата со дипломатскиот кор и посебната средба што Поповски ја имаше пред два дена со шестчлената делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа.