На иницијатива на ФОМ ГРОМ

FOM GROMУТРИНСКО КАФЕ НА МЛАДИТЕ ЛИДЕРИ

На иницијатива на претседателот на Форумот на млади ФОМ ГРОМ Бојан Велевски, претседателите на подмладоците на сите политички партии од Република Македонија кои ќе учествуваат на претстојните претседателски и парлемантарни избори, секој понеделник ќе се среќаваат на утринско кафе.

FOM GROMОвој предлог лидерот на ФОМ ГРОМ го изнесе на вчерашната средба организирана од Охридскиот институт на кој се потпишуваше декларација за фер кампања. На средбата на која беа присутни лидерите на младите на 16 партии од македонската политичка сцена, ваквата идеја беша одлично прифатена од Институтот, но и од сите останати претседатели на подмладоците политичките партии.