Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Пренџов: ГРОМ сам ги собра потписите за претседателскиот кандидат

ljupcoPrendzov

Пред претседателските и парламентарните избори ГРОМ на Стевчо Јакимовски е пред првиот тест-изборите ќе покажат дали амбициите на новата партија биле реални.

ОД ГРОМ негираат соработка со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ, но предизборно. Сепак, уверени се дека ќе станат парламентарна партија. Како лоша ја оценуваат состојбата со медиумските слободи во земјава, а се против менување на името во што не гледаат популизам. Како спин ги оценуваат гласините дека потписите за претседателскиот кандидат Зоран Поповски биле собрани со помош на ВМРО ДПМНЕ. Повеќе од интервјуто со Љупчо Пренџов, организационен секретар и член на извршниот одбор на ГРОМ.

Одлука за избори има, тоа е јасно, останува енигмата каде е ГРОМ – со опозицијата или со власта? Во јавноста се шпекулира дека ГРОМ е блиска со ВМРО-ДПМНЕ, а често и нападите се насочени кон СДСМ. Енергичниот и критички тон на Стевчо Јакимовски кон власта како да стивна по разидувањето со СДСМ. Дури и неодамна реконструкцијата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ги приближи и пред камерите Јакимовски и Груевски. Многумина во тоа видоа приближување на ГРОМ кон ВМРО-ДПМНЕ. Дали ГРОМ цели кон коалиција во Владата со Никола Груевски? 

– ГРОМ како политичка партија на неколку пати јавно излезе со барање за предвремени парламентарни избори, тоа го аргументиравме зашто треба да се случат, и добро е што власта и опозицијата одлучија политичката криза која се наѕираше да се реши на најдемократски и транспарентен начин, а тоа е со парламентарни избори. Ние сме вонпарламентарна партија и нашата политичка цел е да влеземе во парламентот, впрочем заради тоа постoјат политичките партии.

Што се однесува до шпекулациите кои ги споменавме јас би сакал да набројам неколку факти. По завршување на локалните избори и резултатот од нив Претседателот Јакимовски на СДСМ му понуди коалиција во Советот на Општина Карпош која по неколку дена размислување и внатрепартиски договори СДСМ како политичка партија ја одби. Инаку,ГРОМ се формираше во октомври и за кратко време успеа да направи одлична инфраструктура низ Републиката.Веднаш се појавивме на сите анкети и на опозициски и на владини како релевантен субјект и излеговме со кандидат за претседател на Република Македонија. Потписите за претседателскиот кандидат ги собравме за 15 часа, и повторно јавно на прес-конференција му понудивме коалиција на СДСМ и истата беше одбиена. ГРОМ како политичка партија не е формирана за некого да го одржува на власт или, пак,не се формиравме за друг да го донесеме на власт. Ние сме партија која се труди на граѓаните да им даде еден поширок избор. Имаме Програма на партијата, а сега ќе излезе и предизборната програма, така што и самите уште еднаш ќе се уверите за автентичноста на ГРОМ на политичката сцена во Република Македонија.

Во врска со реконструкцијата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кој покрај булеварот Илинден и булеварот Партизански одреди е еден од главните артерии на крвотокот во Карпош и сосема е нормално градоначалникот Јакимовски во интерес на карпошани да се стави над какви било ситни партиски интереси и комбинаторики. Сосема е ирелевантно кој е премиер на Македонија во моментов, битно е дека жителите на општина Карпош добиваат нов поширок булевар,а исто така добиваат и нов квалитет во нивното секојдневно живеење.

Целото интервју можете да го прочитате на : a1on

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin