Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОЖ ГРОМ-Карпош во знак на сеќавање на холокаустот

ФОЖ КарпошЕврејската заедница во Република Македонија во Скопје, Битола и Штип одбележува 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.

По повод 11 март, денот на депортацијата на Евреите од Македонија, членките на Форумот на жени ГРОМ-Карпош, со длабока почит и сеќавање на жртвите на Холокаустот, вчеравечер го посетија Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Мaкедонија.

Припадничките на понежниот пол од ГРОМ беа дел од еден исклучителен настан, односно од меѓународниот проект „Нови сведоци на холокаустот“. Се работи за ликовна колонија која ја раскажува тажната приказна на холокаустот и има цел уште еднаш да потсети на 11 март 1943 година, фаталниот ден за сите Евреи од Македонија.

На овој достоинствен момент на сеќавање на сите жртви на чинот на безумие, свое обраќање имаа Горан Садикарио, претседател на Заедницата на Евреите во Македонија, и Сарах Еиник, директор на Меѓународниот проект „Создавање нови сведоци на холокаустот“.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin