Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Реакција на ГРОМ на изјавата на претседателот на ОО СДСМ Карпош

bc-temelnik-okt.2012СДСМ ПРОПЛАКА И ОД ГРОМ

Ај, разбираме што СДСМ постојано плаче од ВМРО-ДПМНЕ, ама сега пак почна да плаче и од ГРОМ! Тие, всушност, во последно време почнаа се почесто да плачат.

Бродот што тоне, наречен Социјалдемократски сојуз на Македонија, во последно време е преполн со плачковци, бидејќи ништо друго не се слуша оттаму освен пискотници. За некоја идеа, за креативност – не станува збор.

СДСМ има најмалку право да зборува, зашто со триста плачења успеаја да го сменат Изборниот законик само во своја полза, да си обезбедат медиумско претставување само за себе и за ВМРО-ДПМНЕ, не водејќи сметка за вонпарламентарните партии.

Зачудува што СДСМ не рагираше вака кога во општинскиот весник имаше интервју со сопругата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, Јасмина Шилегова, кога со поранешниот претседател Бранко Црвенковски на насловна страна се ставаше камен темелник на новата општинска зграда, кога екс лидерот Црвенковски дојде во Карпош и го отвораше новото училиште „Братство“.

Селективните плачковци со кратко паметење да ги потсетиме дека во „Карпош Урбан“ покрај активностите на општинската администрација се промовираат  многу успешни граѓани, музичари, уметници, бизнисмени, Xученици, професори, актери и политичари. Проф. д-р Зоран Поповски кој е постојан колумнист на весникот и советник на Општина Карпош е еден таков и тој се уште не е официјален кандидат туку успеа да собере 10.000 потписи. Истото тоа ќе го сторевмe и со проф. д-р Билјана Ванковска со која подеднакво се гордееме што е жителка на Карпош.

Впрочем не ни очекуваме од СДСМ да се гордеат што од Карпош има претседателски кандидат.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin