Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Жените од ГРОМ-Карпош во хуманитарна акција

GROMФорумот на жени ГРОМ-Карпош, со сесрдна помош на жените од Нерези, организираше и спроведе хуманитарна акција во две семејства во социјален ризик. Посетени беа семејството Керими, со дванаесет членови од кои најмалиот член е женско двонеделно бебе и семејството Исмаили со четири члена. Хуманитарната помош се состоеше од: прехрамбени продукти, средства за лична хигиена и хигиена во домот, алишта и обувки.

Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, при оваа акција ги лоцираше најголемите проблеми со кои се среќаваат овие две семејства од Долно Нерези. Обврска е веднаш да се обезбеди креветче за новороденото бебе, да се помогне околу обезбедување на потребна документација и аплицирање за паричен надоместок во висина од 4000 денари, кој го обезбедува Општина Карпош на новороденчињата од социјално загрозени семејства, како и за социјален надоместок и еднократна парична помош.

Форумот на жени ГРОМ-Карпош е во постојана активност, со цел помагање на семејствата кои имаат потреба од секаков вид поддршка.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin