Говор на Стевчо ЈакимовскиFjalimi I Stefço Jakimovskit

Добровечер почитувани граѓани на Република Македонија, добровечер присутни гости, членови, симпатизери и идни поддржувачи на граѓанската опција на Македонија во периодот по локалните избори бев преплавен со обраќање и барања принципите на соработка и вклучување на граѓаните во политичкиот живот во Република Македонија да ги преточиме во политичка опција.Mirëmbrëma të nderuar qytetarë të Republikës së Maqedonisë, mirëmbrëma mysafir të nderuar, anëtarë, mbështetës të ardhshëm të Opcionit Qytetar për Maqedoninë,  në periudhën pas zgjedhjeve lokale  isha I përmbytur me kërkesat dhe parimet e adresuara për përfshirjen e qytetarëve ne jetën politike në Republikën e Maqedonisë për  të transformuar në një opcion politik.

964555_10151675267704742_971288316_o

Вечерва сме тука поради вас, зашто сметам дека гласот на граѓаните треба да се слушне. Ја прифатив вашата иницијатива зашто вие велите дека тоа што е успешно треба да се шири и да се сподели со сите граѓани на Република Македонија. Дека победата нема потреба да се чува само за себе, туку победничкиот дух треба да се прошири и да опфати што е можно поголем број на граѓани.

Во денешното време на конфузија на системот на вредности, нашата држава се соочува со политички, економски и социјални проблеми. Резултат на ова е се поголемото исклучување на граѓанинот да влијае и да придонесе за нивно решавање. Младите и стручните се иселуваат, а оние што остануваат немаат шанса да се вклучат во создавањето на перпспектива и напредок. Се зголемува бројот на оние што им треба помош и поддршка а се намалува бројот на оние што работат и создаваат. Мал број граѓани имаат пристап до ресурсите на оваа држава. За жал, најголемиот број чекаат на нечија милост.

Отсуствува довербата на политичките елити во сопствените граѓани, не сфаќајќи дека и партијските членови се граѓани кои имаат право на сопствено мислење и акција. Сведоци сме, за жал и јас лично, ја почувствував суровоста на фактот дека развојот на поединецот не зависи од неговите успеси и постигнати резултати, туку од мислењето на колективитетот, на групата.

Не спориме. Одлуките на мнозинството се легитимни, но не значи дека се исправни. Јас одлучив да не почитувам погрешна одлука. Зашто, сметам дека не е доблест да се веднее главата пред политичките промашувања, туку треба да се има храброст и да се спротиставиш со силата на аргументите и да го наметнеш соето мислење. Се разбира, ако си во право.

Така и сторив. Донесов храбра, но исправна одлука.верификувана и потврдена од граѓаните.таква одлука носиме и сега. А колку е исправна, ќе потврдат граѓаните – на избори, се разбира.

Нашата одлука се вика граѓанска опција на Македонија! Накратко ќе не викаат ГРОМ. Тоа е кратенка од името на новата политичка опција на Македонија. Онаа, која, одамна недостасуваше во биполарниот политички простор во нашата држава. Ја прифаќаме кратенката ГРОМ. Не затоа што се појавуваме како ГРОМ од ведро небо, туку затоа што имаме енергија и сме силни како ГРОМ. Енергијата и силата е во граѓаните на Република Македонија. Во никој друг!

Таа сакаме да ја собереме, да ја сплотиме во една творечка, а пред се, човечка платформа. Таа е единствената која води кон просперитет.

Во Македонија со векови, со традиција опстојува многу мудар народ, многу храбар народ. Чесен, вреден, трудољубив и вистинољубив.на тој народ мораше да му се даде шанса тој да се вреднува по своите успеси во работата.

Човекот и граѓанинот да биде центар на светот, да ги уживаат плодовите од вложеното. Да инвестира во својата иднина, да ја гради својата сегашност и со гордост да се сеќава на минатотото. Да им рече стоп на поделбите, на омразата и гневот. Доста е. Тоа се минати времиња кои ние ги оставаме зад нас. Сега е време на иницијатива, на напредок. Таква платформа нудиме ние од гром, од граѓанската опција за Македонија.

Сакаме да се цени и почитува трудот на секој поединец, да сме сплотени и тимски да придонесуваме кон заедничкото добро, да соработуваме и да градиме, да си помагаме едни со други, да ги храбриме, поттикуваме и оспособуваме младите. Сакаме да изградиме едно похумано, посолидарно општество во кое ќе има повеќе социјална правда и правичност. Ќе функционира правото и правната држава. Секој граѓанин да се чувствува безбеден, зашто неговата слобода и неговиот живот е само негов и ничиј друг. Да се почитуваат разликите и различните мислења. Слободата на говорот да биде нормално, секојдневно а не изнудено право.

Не сакаме октроирано туку слободно, објективно и одговорно новинарство.

Наместо државна клаустрофобија, ќе се залагаме за нови перспективи и отворени порти кон евроатланските интеграции. Ние сме против тоа проблемите да се тргаат настрана, да се туркаат под тепих. Ќе се залагаме вистинските прашања да ги отвораме и да наоѓаме решенија-сега, колку и тоа да не чини по политичкиот рејтинг. Немаме право да трошиме народни пари–сега, а проблемите да им ги оставаме на идните генерации.за нив треба да оставаме нови предизвици, зашто светот и животот постојано тече и се менува.

ГРОМ нуди место за политичко дејствување на граѓаните од различен социјален статус. Нудиме простор за заедничко политичко дејствување на сите граѓани македонци, албанци, турци, власи, роми, срби, бошњаци, црногорци, словенци, хрвати, еѓупци и сите кои жиевеат во нашата држава.

За тоа каков стандард, живот и соживот имаме во Македонија со етничките заедници, најголема одговорност, сносиме ние македонците како мнозинска етничка заедница.

Соживотот, толернацијата, меѓу различните етнички заедници и нивниот напредок, остварувањето на универзалните права не може да се базираат на досегашната практика „едни бараат-други не даваат“, „едни многу добиваат-други премногу даваат“. Овие прашања не можат да бидат предмет на партиски тактики и надмудрувања. За нив не треба да се преговара, туку да се разговара. И тоа внатре, на заедничка „граѓанска“ маса. Тоа го нуди ГРОМ!

Без етничка стабилност немаме ниту политичка, ниту безбедносна стабилност. А политички нестабилна држава не може да обезбеди економски просперитет за своите граѓани.

ГРОМ нуди нов простор за натпревар на идеи на малиот и средниот бизнис. Ги повикуваме сите оние кои имаат што да понудат за подобрување на економскиот и социјалниот амбиент, слободно да ни се придружат. ГРОМ ќе се потпира на поединци кои постигнале резултати и кои имаат успеси, а кои резултати се подготвени да ги споделат со останатите граѓани.

Сакаме да го слушаме гласот на бизнис секторот, на оние кои што се подготвени да преземаат ризик и да отвораат нови работни места. Наша обврска е да им создадеме амбиент слободно да функционираат, слободно да создаваат. Државата и власта да бидат нивен сервис и партнер, а не страшило и инквизитор. Ќе поддржуваме иницијативи за намалување на буџетските раходи, релаксирање на стопанството, ќе поддржуваме мерки за намалување на непродуктивните расходи. Наша цел е да има повеќе пари кај граѓаните и кај претпријатијата. Наша цел е да има среќни и задоволни граѓани. Иднината да биде предвидлива, а не неизвесна.

Граѓаните никогаш не треба и не смеат да бидат во втор план. Држава не смее да биде „царство“ на политички елити кои постојат сами за себе. И тие први, ако не и единствени да ги плодоуживаат успесите од сработеното, а грешките и промашувањата да се прекршуваат преку грбот на граѓани на Македонија. Ако е благосостојба таа треба да ја почувствуваат сите. Ако е криза исто така, товарот да поделат сите. Не само граѓаните туку и власта-државата.

Сведоци сме дека највисокото политичко раководство не е способно да ги решава клучните проблеми во државата (невработеноста, евро-атланските интеграции, етничките тензии, корупцијата, слободата на медиумите, партизацијата на судството и на јавната администрација и нетранспарентното трошење на јавните финансии).

Граѓаните во Македонија бараат ефикасна власт која многу повеќе ќе создава, отколку што уништува перспективи. Граѓаните бараат и власт и опозиција со јасна цел, визија за напредок на држава и кои нудат излез од тунелот. ГРОМ ќе даде свој огромен придонес во подигнувањето на нивото на политичката култура, ќе ја зголеми политичката толеранција. Ќе нуди решенија, проекти и ќе се труди да се напушти практиката на критика заради критика и заради „гола“ политика. Ќе нуди конструктивни решенија за проблемите на граѓаните.

ГРОМ се залага за транспарентност, јавност во работењето и отвореност кон граѓаните и севкупната јавност.

Клучот на политичкиот продукт и натаму ќе произлегува од секојдневната комуникација со граѓаните.

Денес ја отпочнуваме иницијативата за формирање на новата политичка партија „граѓанската опција на Македонија“ без намера никого да растураме, туку напротив да изградиме нешто ново, со повисоки вредности.

Досега ни искажуваат најмногу поддршка граѓани кои се политички неопределени и кои досега активно не учествувале во политичкиот живот на земјата. Не поддржуваат и членови на други политички партии. Сите се добредојдени. Ние немаме аспирации, ниту пак желба за разбивање на било кој политички субјект.

Ме прашуваат „кое звучно име ќе дојде со вас“? Има ли позвучно од граѓаните?

Не прашуваат дали ќе ја поддржуваме власта или ќе бидеме дел од опозицијата? Нашиот одговор е следен:

  • немаме намера никого да одржуваме на власт, ниту пак сакаме некого да донесеме на власт. Ние се бориме за наше место под политичкото небо над Македонија и наше учество во парламентарната демократија. 
  • впрочем, ГРОМ не се формира да биде опозиција, туку да биде власт.
  • ГРОМ се формира да оди, а не да бега од избори. Она што е сигурно, дека од денес, за девет месеци, поточно кон крајот на февруари 2014 година, почнува кампањата за претседателски, а веројатно и предвремени парламентарни избори.
  • имаме 100 дена да собереме потписи, да направиме основачко собрание и да ги избереме телата на партијата и активно да учествуваме во политичкиот живот на Република Македонија.
  • очекуваме да ни се приклучат сите поединци кои сакаат да постигнеме добар резултат на наредните избори. Да не се штедат и да бидат подготвени да ја шират мисијата и визијата на нашата политичка партија, да кооптираат и да создаваат што е можно повеќе пријатели на оваа опција. Да бидат подготвени за работа на „терен“, и да бидат тимски играчи, за заедно да дојдеме до поставените цели.
  • ако несебично се ангажираме во наредниот период во работата на партијата, ви гарантирам успехот ќе биде неминовен и следната година во март, граѓаните ќе потврдат дека сме ја донеле најдобрата одлука. 

Благодарам,

964555_10151675267704742_971288316_oSonte jemi këtu për ju,  sespse unë mendoj që zëri I popullit duhet te dëgjohet. Unë pranova iniciativën tuaj sepse ju thoni se ajo që është e suksesshme duhet të përhapet dhe të ndahet me të gjithë qytetarët e Republikës së Maqedonisë. Se fitorja nuk ka nevoj të mbahet vetëm për vete ,por  fryma fytuese  duhet zgjeruar për të përfshirë numrin më të madhë të qytetarëve.

Në kohën e sotme të konfuzionit të sistemit të vlerave, shteti ynë përballet me probleme politike ekonomike dhe sociale.

Rezultat I gjithë kësaj është përjashtimi I qytetarit për të kontribuar dhe ndikuar në zgjidhjen e tyre.

Të rrinjtë  dhe profesionistët shpërngulen, ata që ngelin këtu nuk  kanë një shans për t’u angazhuar në krijimin e perspektivës dhe progresit. Zmadhohet numri I atyre që kanë nevojë për ndihmë dhe përkrahje dhe zvoglohet numri I atyre që punojnë dhe prodhojnë.

Një numër I vogël I qytetarëve kanë qasje në burimet e këtij shteti. Për fat të keq, shumica  presin mëshirë nga dikush.

Mungon  besimi i elitave politike në qytetarët e vet, pa e kuptuar se edhe antarët partiak janë qytetarë që kanë të drejtë në mendim dhe veprim.

Dëshmitarë jemi, për fat të keq dhe unë personalisht, e ndjeva  ashpërsin  e faktit që zhvillimi i individit nuk varet nga të ariturat dhe rezultatet e tij,por nga mendimi I kolektivit të grupës.

Nuk kundërshtojmë. Vendimet e shumcës jan legjitime,por nuk domethënë që janë të drejta.

Unë vendosa që mos të respektoj vendimin e gabuar. Sepse mendoj që nuk është trimëri të përkuli kokën  para dështimeve politike,por duhet pasur guximshmëri dhe te kundërshtohesh me forcën dhe argumentet dhe të imponosh mendimin tënd.Sigurisht, nëse jeni në të drejt.

Ashtu edhe bëra. Sllao vendim të guximshëm por të drejtë,të verifikuar dhe të vërtetuar nga qytetarët,një vendim të till sollëm dhe tani. Por sa është e drejtë, do ta vlersojnë qytetarët në zgjedhje,kuptohet.

Vendimi ynë quhet Opcioni Qytetar për  Maqedonisë! Shkurt do na quajn OQM. Kjo është  shkurtica e emrit të opcionit të ri politik të Maqedonisë, i cili, që moti i mungonte hapsirës bipolare politike në shtetin tonë. E pranojmë shkurticën OQM. Jo pse paraqitemi si bubullima në qiell të kthjellt, por përshkak se kemi energji  dhe jemi të fuqishëm sikur BUBULLIMA. Energjia dhe fuqia është te qytetarët e Republikës së Maqedonisë.Te askush tjetër!

Atë duam ta tubojmë, ta bashkojmë në një platformë krijuese e para së gjithash, njerzore. Ajo është e vetmja që çon kah prosperiteti.

Në Maqedoni me shekuj, me traditë  vazhdon të jetojë popull shumë i mençur, popull shumë i guximshëm. I ndershëm, i vlevshëm, i zellshëm  dhe dashamir i së vërtetës. Atij populli patjetër duhej ti jepej rasti të vlersohet sipas suksesit në punë.

Njeriu dhe qytetari të jetë qendra e botës, ti shijojnë frytet e mundit të dhënë. Të investojë në ardhmërinë e vet, ta ndërtoj të tashmen e vet dhe me  krenari të përkujtojë të kaluarën. T’ju thot stop ndarjeve, urrejtjeve dhe  zemrimit. Mjaft është. Ato  janë kohë të kaluara që ne i lëmë pas nesh. Tani është koha e nxitjeve, e përparimit. Platformë të tillë ofrojmë ne të “OQM-s”, të opcionit qytetar për Maqedoninë.

Duam të vlersohet dhe respektohet mundi i çdo personi, të jemi të bashkuar dhe në mënyrë ekipore të kontribojmë kah e mira e përbashkët, të bashkëpunojmë dhe ndërtojmë, të ndihmohemi njëri me tjetrin, ti inkurajojmë, nxisim dhe aftësojmë të rinjtë. Duam të ndërtojmë shoqëri më humane, më solidare në të cilën do të ketë më shumë të drejt sociale dhe  drejtësi. Do të funkcionoj drejtësia dhe shteti juridik. Çdo qytetar të ndihet i sigurt, sepse liria dhe jeta janë vetëm të tij dhe të askujt tjetër. Të respektohen dallimet dhe mendimet e ndryshme.

Liria e të shprehurit të jetë gjë normale, e përditshme e jo e drejt e aritur me forcë.

Nuk duam gazetari  të kufizuar por të lirë, objektive dhe të përgjegjëshme.

Në vend të klaustofobisë shtetërore, do të angazhohemi për perspektiva të reja dhe dyer të hapura për integrimet euroatlantike. Ne jemi kundër lënijes anash të problemeve, futjes nën qilim. Do të  angazhohemi që ti shpalojmë pyetjet e vërteta dhe të  gjejmë zgjidhje për to- tani, sado që  të jetë kostoja e rejtingut politik.Nuk kemi të  drejtë të harxhojmë paratë e popullit tani, kurse problemet t’ua lëmë gjeneratave të ardhshme, për ta duhet të lëmë sfida të reja, sepse bota dhe jeta vazhdimisht rrjedhin dhe ndryshojnë.

OQM ofron veprim politik për qytetarë me status të ndryshëm social. Ofrojmë hapsirë për veprim të përbashkët politik të të gjithë qytetarëve maqedonas, shqiptar, turq, vlehë, romë, serbë, boshnjakë, malazias, sloven, kroat,egjyptian dhe të tjerë që jetojnë në shtetin tonë.

Për atë çfar standardi, jetë dhe bashkëjetesë kemi në Maqedoni me bashkësitë etnike, përgjegjësi më të madhe bartim ne maqedonët në shmicë si bashkësi etnike.

Bashkëjetesa, toleranca, ndërmjet bashkësive etnike të ndryshme dhe avansimi i tyre, të drejtat univerzale nuk mund të bazohen në praktikën e deritanishme „të parët kërkojnë-tjerët nuk japin“, „të parët shumë fitojnë-tjerët së tepërmi japin“. Këta çështje nuk mund të jenë subjekt i taktikave partiake dhe mashtrimeve. Për ta nuk duhet të negociohet, por të bisedohet. Edhe atë brrenda, në tavolinën e përbashkët „qytetare“ . Këtë e ofron OQM!

Pa stabilitet etnik nuk kemi as stabilitet politik, stabilitet sigurie. Kurse shteti jostabil politikisht muk mund të siguroj prosperitet ekonomik për qytetarët e saj.

OQM ofron hapsirë  të re për garë të ideve nga biznesi I vogel dhe I madh. I thërasim të gjithë ata që kanë diçka për të ofruar për të përmisuar mjedisin ekonomik dhe social,lirisht të na bashkohen.

OQM do të mbështetet në individ të cilët kan arritur rezultate dhe që kanë suksese, dhe rezultatet të cilat janë të gatshëm të ndajnë me qytetarët  e tjerë.

Ne duam të dëgjojmë zërin e komunitetit të biznesit, ata të cilët janë të gatshëm të ndërmarin reziqe dhe të hapin vende te reja pune. Angazhimi ynë është t`u krijojmë ambient që të funkcionojn lirshëm ,lirshëm të krijojnë. Shteti dhe qeveria të jenë shërbimi dhe partneri i tyre , e jo gogol dhe inkuizitor. Ne do të mbështesim iniciativat për të reduktuar shpenzimet e buxhetit,relaksimin e ekonomisë,do mbështesim masat për zvoglimin e shpenzimeve joproduktive. Qëllimi ynë është që të ketë më shumë para në njerëz dhe në kompanitë.

Qëllimi ynë është që të ketë qytetarë të lumtur dhe të kënaqur. E ardhmja  të jetë e parashikuar, jo e pasigurt.

Qytetarët asnjëher nuk duhet dhe nuk guxojn të jenë në plan të dytë. Shteti nuk guxon  të jetë,,mbretëri’’ të elitave politike të cilët ekzistojn vetë për veten.  Dhe ato të parët, edhe pse jo të vetëm ti  gëzojnë sukseset nga arritjet,e gabimet dhe dështimet të thyen nëpërmjet kurizit të qytetarit të Maqedonis.

Nëse është mirqenje,atë duhet ta ndjejnë te gjithë. Nëse ësht kriz gjithashtu barën ta ndajnë të gjithë. Jo vetëm qytetarët por edhe pushteti-shtetëror.

Ne jemi dëshmitarë të udhëheqjes më të lartë politike është e paaftë të zgjidhë problemet kryesore në vend (papunësia, integrimi euro-atlantik, tensionet etnike, korrupsioni, liria e shtypit, politizimi i gjyqësorit dhe administratës publike dhe jo-transparente përdorimin e fondeve publike).

Qytetarët e Maqedonisë kerkojnë qeverisje efektive që do të krijoj më shumë,sesa të shkatëroj prespektivat. Qytetarët kërkojnë qeveri dhe opozit me  qëllim të qartë,vision pr përparim të shtetit të cilët ofrojnë dalje nga tuneli. OQM do të jep kontribut  të madh për ngritjen e nivelit kulturor politik, do ta zmadhoj tolerancën politike.

Do të ofroj zgjedhje,projekte dhe do të përpiqet që të braktis praktikën e kritikave për kritik për politik të ,,zhveshur’’.Do të ofrojë zgjedhje konstruktive për problemet e qytetarëve.

OQM  do të përpiqet për transparencë, në punën publike dhe hapje ndaj qytetarëve dhe publikut të përbashkët.

Çelësi I produktit politik akoma rrjedh nga komunikacioni I përditshëm me qytetarët.

Sot kemi nisur iniciativën për formimin e një subjekti të ri politik ,, Opcioni qytetar për Maqedonin’’ pa qellim që askujt mos të shpërndaj , por për të ndërtuar diçka të re, me vlera të larta.

Deri tani na shfaqin përkrahje qytetarë nuk jan pacaktuar politikisht dhe të cilët nuk kanë marrë pjesë aktivisht në jetën politike të vendit. Na përkrahin dhe anëtar të partive tjera politike.Të gjithë janë të mirseardhur. Ne nuk kemi aspirata, asnjë dëshirë për të frenuar ndonjë subjekt politik.

Më pyesin  ,,cili emër I zëshëm do të vij më ju’’?

A ka emër më të zëshëm se populli?

Na pyesin  a do ta mbështesim qeverinë  ose a do të jemi pjesë e opozitës?

Përgjigjja jonë është kjo:

  • ne nuk synojmë për të mbajtur askënd në pushtet as nuk kemi  dëshirë dikë për të sjellë në pushtet. Ne luftojmë për vendin tonë nën qiellin politik mbi Maqedoninë dhe pjesëmarrja jonë në demokraci parlamentare.
  • tek e fundit OQM  nuk është formuar që të jetë opozitë, por  të jetë pushtet.
  • OQM është  formuar të shkojë e jo të ik nga zgjedhjet. Ajo që është e sigurtë se që nga sot, për nëntë muaj, më saktësisht  në fund të Shkurtit të vitit 2014 fillon fushata për zgjedhjet presidenciale dhe ndoshta zgjedhjet e parakohshme parlamentare.
  • ne kemi  100 dit për të mbledhur nënshkrime, për të bërë sesionin themelues dhe të zgjedhin organet e partisë dhe të marrin pjesë aktivisht në jetën politike të Republikës së Maqedonisë.
  • ne presim që të bashkohen të gjithë individët të cilët dëshirojnë të arrijmë  një rezultat të mirë në zgjedhjet e ardhshme.
  • Të mos ruhen dhe të jenë të
  • përgatitur për të përhapur misionin dhe vizionin e partisë tonë politike, të koptirojn dhe të krijojnë shumë miq në këtë opcion.
  • Të jenë të gatshëm për të punuar në “fushë”, dhe të jenë lojtarë të ekipit, që së bashku  të arrijmë qëllimet  e   vendosura.
  • nëse në mënyrë altruiste angazhohemi
  • në periudhën e ardhshme në partinë, ju garantoj që suksesi do të jetë I pashmankshëm dhe në vitin  e ardhshëm në Mars qytetarët  do të konfirmojnë që kemi sjellur vendimin e duhur

Faleminderit,