Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Денес, 16 февруари започнува собирањето на потписи

ГРОМДенес, 16 февруари 2014 година, почнува собирањето на 10.000 потписи за кандидат за претседател на Република Македонија предложен од Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ, проф.д-р Зоран Поповски. Потписите ќе се собираат во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија во општините во земјава.

КАКО ДА ГО ДАДАМ СВОЈОТ ПОТПИС?

Секој граѓанин кој сака да го даде својот потпис за кандидатот за претседател на Република Македонија од Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, Зоран Поповски, треба да отиде во подрачното одделение на Државната изборна комисија во својата општина (точно означена на интернет-страницата на ДИК).

Со себе треба да носи валиден документ за идентификација (лична карта или пасош). Кај службеникот на ДИК треба да го побара образецот на кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски (на кои ќе стои од Група избирачи за Зоран Поповски-ГРОМ), и на него да го стави својот потпис.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin