ГРОМ го осветли небото над Кисела Вода

ГРОМ ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО НАД КИСЕЛА ВОДА„Младиот кадар во Република Македонија е запоставен. На нас младите се гледа како на посакувано гласачко тело, а потоа повторно нè враќаат на маргините на општеството. Некогаш младите беа движечка сила на општеството и затоа ние сакаме заеднички да го градиме нашиот дом. Сакам поделбите да ги оставиме зад нас и како што громот го осветлува небото, така и Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ќе го осветли мракот од македонското небо.“ГРОМ ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО НАД КИСЕЛА ВОДА„Младиот кадар во Република Македонија е запоставен. На нас младите се гледа како на посакувано гласачко тело, а потоа повторно нè враќаат на маргините на општеството. Некогаш младите беа движечка сила на општеството и затоа ние сакаме заеднички да го градиме нашиот дом. Сакам поделбите да ги оставиме зад нас и како што громот го осветлува небото, така и Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ќе го осветли мракот од македонското небо.“ Со овие зборови на младиот магистер по право Сашо Мержаноски почна вечерашната промоција на Иницијативниот одбор на ГРОМ во Кисела Вода, на која присуствуваа повеќе од тристотини граѓани од оваа општина.

Проф. д-р Зоран Поповски говореше за политичката идеологија на ГРОМ, која во основа ја носи идејата дека граѓаните не треба да бидат маша на политиката, туку, спротивно, политиката треба да биде само алатка за исполнување на потребите на граѓаните. „Токму тоа го покажа низ своето работење“, рече професорот Поповски, „претседателот на овој Иницијативен одбор, Стевчо Јакимовски, кој на последните локални избори успеа да ги победи двете најголеми политички партии во државата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој покажа дека е можно за четири години од својот минат мандат да реконструира десет основни училишта, да почне со реконструкција на фасадите и да направи уште дузина проекти со кои го подобри квалитетот на живеење во својата општина Карпош. Карпош треба да се огледа во Македонија, а Македонија да  тежнее кон НАТО и кон евроинтеграциите. Наспроти тоа, граѓаните на оваа држава се сведоци на безмилосно трошење на народните пари, на вештачко, административно намалување на невработеноста и на воведување страв во образованието за сите учесници во него. Наспроти ова, оваа  нова политичка опција сака во Македонија да донесе нови инвестиции, да ги научи младите и способните како да го имплементираат своето знаење“.

„Во црно-белиот политички свет во Македонија“, рече на крајот Поповски, „едни партизираа сè што можеа, а други плачат над својата судбина. Оваа партија, Граѓанската опција за Македонија, е победничка партија и цел ни е успешната приказна од општина Карпош да се пренесе на ниво на целата држава“.

„Гласот на граѓаните обединети во ГРОМ ечи и ќе ечи“, рече во своето обраќање еден од иницијаторите на новата опција во Кисела Вода, проф. д-р Чедомир Саздовски, кој го спомена својот независен настап на последните локални избори, на кои заедно со граѓаните од оваа скопска општина, како што рече тој, „успеавме, да освоиме место во Советот и да покажеме што е отпор на отпорот и отпор на власта. Тоа го направија и други независни кандидати: Во Куманово, Кавадарци, Росоман, Неготино, но најголем белег остави Стевчо Јакимовски, кој заедно со граѓаните од Карпош успеа да ги победи и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и притоа да извојува во еден наврат три победи: да излезе на избори, да го елиминира кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  и човекот кој никогаш не ја разбра приказната на отпорот“. „Затоа“, рече професорот Саздовски, „отсега натаму, кога ќе ме сретнат на улица и ќе ме прашаат: „Како си?“ мојот одговор е јасен: ГРОМ!“

Обраќајќи се пред преполната сала, првиот човек на Иницијативниот одбор на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, рече дека во Кисела Вода и во ГРОМ се раѓаат политички шампиони. Објаснувајќи ги своите мотиви за формирање на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски рече дека тој е политички реализиран, градоначалник на успешна опција, дека имаше поддршка за својата кандидатура од цела Македонија, но дека тоа не е доволно. „Токму со поддршка на граѓаните од целата земја“, рече Јакимовски, „решивме да понудиме нова политичка опција и да пружиме нова политичка понуда, а тоа е граѓаните да имаат избор, веќе да не живееме во биполарниот свет. Граѓаните можат и сакаат да размислуваат со сопствен ум, меѓусебно да се почитуваат, иако се од различни националности и вери, меѓусебно да се сослушуваат иако имаат различни мислења“. „Токму тие различности“, нагласи Јакимовски, „ќе бидат силата на ГРОМ. Токму меѓуетничката стабилност во државата е фундамент и за политичката стабилност. Не може веќе да го делиме граѓанското ткиво на лево и десно и мораме да го подигнеме нивото на политичка култура во земјата. ГРОМ ќе се бори против партизираното судство, политички мотивираните судења“. „Исто така“, рече тој, „не е дозволиво во државата покрај 10.000 полицајци и уште исто толку приватно обезбедување, безбедноста во Македонија да е крајно влошена. Тоа значи дека или криминалците и власта се во дослух или седат на иста маса. Ние од ГРОМ сакаме криминалците да се на една страна, а полицијата на спротивна. Полицајците треба да се вратат на улица, меѓу граѓаните“. За  зголемување на одговорноста и безбедноста тој понуди јавниот ред и мир да биде под ингеренции на локалната самоуправа. „ГРОМ“, рече Јакимовски, „сака да се зајакне јавното здравство, да се врати довербата и почитта меѓу пациентите и докторите, зашто не треба само да се купува опрема, туку да има некој кој знае и да ја употребува“. Тој спомена дека е добро што дојде до дисперзија на образованието, но во тоа се претера и се спушти нивото во образовниот систем.

Говорејќи со факти за состојбите во земјоделството, Јакимовски образложи дека бројот на крави во Македонија е намален за 16%, бројот на кози за 42%, бројот на свињи за 12%, дека само 20% од земјоделските површини се наводнуваат, што недвосмислено говори дека политиката на стимулации и субвенции не е доволна и дека тука се прави нешто погрешно.

„Иднината на младите“, според Јакимовски, „треба да биде приватниот сектор, а не перспективите да ги гледаат во вработување во државната администрација. Да се научат да преземаат ризик и освен за себе, да отворат работно место барем за уште еден“.

„ГРОМ се залага“, рече тој, „повеќе пари да одат кај малите и среди претпријатија и кај народот, а помалку кај државата. Концептот на  јак централен буџет е погрешен. ГРОМ сака да се намалат нестопанските инвестиции, кои не креираат нови работни места. Македонија стана 70% енергетски зависна, а решението на ГРОМ е да се  размислува во два правци: да се употребуваат нови обновливи извори на енергија и да се градат нови енергетски капацитети“.

„ГРОМ ќе биде партија“, рече на крајот Јакимовски, „со силна програмска  определба и доктрина за развој на Република Македонија. Неа ќе ја водат луѓе со силен кредибилитет. Ние планираме веќе на следните избори во 2014 година да бидеме парламентарна партија и дел од власта. Тоа ќе го сториме со луѓе кои ќе зрачат со позитивна енергија, мотивирани луѓе, со лични способности и квалитети, со кои успехот е неминовен. Тоа е можно и тоа го покажавме во Карпош“.

[nggallery id=5] Со овие зборови на младиот магистер по право Сашо Маџаровски почна вечерашната промоција на Иницијативниот одбор на ГРОМ во Кисела Вода, на која присуствуваа повеќе од тристотини граѓани од оваа општина.

[nggallery id=5]