Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Втора седница на ЦО на ГРОМ

ГРОМГРОМ РАПИДНО СЕ ШИРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

За само три месеци од своето официјализирање, Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ успеа да формира 35 општински организациии ширум Републиката и да привлече над 18.500 членови, што говори за активно ширење на мрежата на оваа нова политичка партија на македонскиот центар. Тоа практично значи дека од ден на ден, се повеќе жители во Република Македонија ја препознаваат визијата и идејата на ГРОМ, како партија најблиска до граѓаните. Ова беше констатирано на Втората седница на Централниот одбор на ГРОМ, со која претседаваше Владо Поповски.

На неа беа донесени повеќе одлуки важни за функционирањето на партијата како што се одлуките за формирање на градска организација на ГРОМ-Скопје, како и форумите на жените и на младите на централно ниво.

Централна тема на денешната седница пред членовите на ЦО беше анализа на предлог Буџетот на Република Македонија, при што беа донесени заклучоци, дека овој пат се носи социјален и изборен буџет, а најмалку развоен. Се поздравува макроекономската стабилност, најавите за зголемување на капиталните, инвестиции, пред се во инфраструктурни објекти, но ГРОМ изразува сериозна загриженост поради можноста на дополнително даночно оптоварување на граѓаните и фирмите. Посебно загрижува фактот што се предвидува пораст на буџетските приходи од казни и такси што значи дека ќе се засилат репресивните методи на полнење на буџетот. Порастот на јавниот долг, според ГРОМ ќе доведе до можна девалвација на денарот.

Ставот на Граѓанската опција за Македонија е дециден, повеќе пари за граѓаните и за претпријатија, а помалку за буџетски трошења.

Изјава ЈакимовскиНА МАКЕДОНИЈА И СЕ ЗАКАНУВА УСТАВНА КРИЗА

-Ги повикувам најголемите парламентарни политички партии во државата да се однесуваат крајно сериозно во наредната изборна година. Доколку во наредната 2014 година, во април се организираат само претседателски избори, постои сериозна шанса Македонија да влезе во уставна криза, да не се избере претседател. ГРОМ апелира да се оди на предвремени парлементарни избори заедно со редовните претседателски, а доколку тоа не се случи, Република Македонија ќе се соочи со политичка криза, која ќе има и тешки економски реперкусии, а одговорноста за тоа ќе ја понесат оние партии кои не сакаат да има предвремени парламентарни избори, изјави денес на Централниот одбор лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

На денешната седница на Централниот одбор на ГРОМ беше донесено одлука за проширување на ЦО за осум нови членови.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin