Татјана Стојановска-Иванова

Член на Извршен ОдборЧлен на Извршен Одбор

Татјана Стојановска- Иванова – проф. Д-р. по социологија

Татјана Стојаноска Иванова е родена на 12 ноември 1975 година во Скопје. Со завршени две  насоки на постдипломски студии, социологија на општествени девијации и социологија на религија, таа е доктор по социолошки науки и доцент на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет од Скопје.

Меѓу повеќето функции што ги извршувала се  вбројува и позицијата раководител на постдипломски студии за европска интеграција и комуникација, член на Управниот одбор на Геостратешки институт „Глобал“, секретар на постдипломски студии на социологија и координатор за европскиот кредит-трансфер систем на Институтот за социологија. Автор е  на повеќе од 30 меѓународни и домашни трудови, како и на  повеќе од 50 статии на тематика за младите, зависностите, социјалните мрежи, спортот, спортската култура, политиката, женските права, религијата, моралот и вредностите. Учествувала на повеќе од 50 семинари во земјава и странство.

Е-маил адреса: tatjana.stojanovska.ivanova@grom.mk