Светлана Трбојевиќ

svetlana_trboevikjЧлен на Извршен Одбор

Светлана Трбојевиќ – доц. Д-р. по социјална работа и социјална политика

Светлана Трбојевиќ е родена на 6 декември 1971 во Скопје. Таа е доктор по социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во февруари 2011 година е избрана за доцент на Институтот за социјална работа и социјална политика.

Во текот на својата работна кариера извршувала повеќе научни и раководни функции, меѓу кои асистент на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје во научните области: теорија на социјална работа, методики на социјална работа, социјална работа и социјален развој, секретар на постдипломски студии на Институтот за социјална работа и социјална политика, а од 2008 година ангажирана е како главен истражувач на списанието „Ревија за социјална политика“. Била член на советот на Здружението за помош и поддршка на деца и семејства под ризик „За среќно детство“ – Скопје, член на совет на „Предизвик за млади“, член на советот на Македонската национална коалиција за правата на детето – Македонија.

Покрај богатото работно искуство, активно учествувала во работата на невладиниот сектор, ангажирајќи се во Здружението за помош и поддршка на деца и семејства под ризик „За среќно детство„, ПМУ „Интер лајф“, Хуманитарната организација на Евангелска црква во Македонија АГАПЕ и Прва детска амбасада во светот – „Меѓаши“. Паралелно со наставната работа со студентите, д-р Светлана Трбојевиќ има учествувано на низа професионални обуки, конференции, семинари, летни школи, работилници и студиски престои, а  во својата досегашна работа има објавено и триесетина самостојни и коавторски трудови.

Е-маил адреса: svetlana.trbojevikj@grom.mk