Кратка биографија – Ѓорѓи Чакарјаневски

Организационен секретар на ГРОМ

Ѓорѓи Чакарјаневски – проф. д-р. по историски науки

Ѓорѓи Чакарјаневски е роден во Скопје во 1949 година. Филозофски факултет на групата Историја завршува во Скопје, каде што и магистрира, а докторира на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Професор е на Факултетот за образовни науки при Универзите­тот „Гоце Делчев“ во Штип и на пост­дипломските и докторските студии во Институтот за национална историја при Универзи­тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено повеќе од 80 научни при­лози во научни списанија и зборници од научни симпозиуми и многу монограф­ски трудови, зборници на документи и библио­графии. Двапати бил секретар на Сојузот на историчарите на Република Македонија, претседател е на Советот на Институтот за национална историја ИНИ ( од 2006 до денес), раководител на одделението за историја на македонскиот народ (1941-1991) од 2002 година и претседател на Институтот за интердисциплинарни истражувања на историјата, културата и медиологијата (ИКМ). Добитник е на државната награда „Гоце Делчев”.

Е-маил адреса: gjorgji.cakarjanevski@grom.mk