Горан Анчески

Потпретседател на ГРОМ: Горан АнческиЧлен на Извршен Одбор

Горан Анчески – м-р. по бизнис администрација

Горан Анчески е роден на 21 октомври 1966 година во Тетово. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал  бизнис-администрација на Шефилд. Своето знаење и професионални вештини континуирано ги надградувал со бројни обуки, курсеви и семинари во Македонија, Европа, САД и Јапонија. Поседува уверение за овластен сметководител, уверение за администрирање и имплементирање на бизнис-софтвер. Дел е од ростерот на регистрирани експерти на Европската банка за обнова и развој  од Лондон, како советник за раст на компании (2012) и надворешен член на надзорни одбори во приватни компании кои се финансиски поддржани од ЕБРД. Во неговата работна кариера вршел раководни, менаџерски и консултантски функции во повеќе земји и градови, од кои 13 години работел во приватни компании кои се занимавале со производство, трговија, банкарство како референт за увоз и извоз, финансиски аналитичар и контролор, финансиски и инвестиционен консултант, сметководител до директор за финансии на ИМБ „Бимилк“ Битола/ИМЛЕК групација.

Во јавен сектор работел осум години, во неколку влади бил помошник министер за финансии  одговорен за соработка со меѓународните финансиски институции (ММФ, Светска банка, Европска Унија, ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој при  Совет на Европа, УНДП, УСАИД) и водел  тимови за преговори и изработка на макроекономски  анализи, подготовка на развојни стратегии и спроведување на економски политики и структурни реформи, управување со надворешниот долг, обезбедување на кредитни линии за мали и средни претпријатија и ЕУ-фондови. Покрај другото  бил и:  советник на министерот за трговија, член и претседател на Надзорен одбор на Македонска банка за поддршка и развој, член на Банка за развој при  Совет на Европа, економски советник во Европската комисија, консултант на повеќе проекти финансирани од УСАИД, Европска комисија, билатерални и приватни инвеститори.

Актуелно е генерален директор и мнозински сопственик на приватна компанија.

Е-маил адреса: goran.anceski@grom.mk