Стевче Алушовски

Член на Извршен ОдборЧлен на Извршен Одбор

Стевче Алушовски – м-р. по спорт и спортски менаџмент

Стевче Алушовски e роден на 1 октомври 1972 година во Сиднеј, Австралија. Тој е магистер на Факултетот за општествени науки во Скопје, на насоката спорт и спортски менаџмент. Тој е професионален ракометар од 1990 година, со богато спортско искуство и со многубројни трансфери во повеќе клубови од земјава. Во Ракометната федерација на Македонија е директор за сите категории машки ракомет. Учествувал на 13 првенства на Македонија и на 10 купови на Македонија, а во 2004 година е прогласен за најдобар ракометар на Македонија. Бил младински репрезентативец на СФРЈ, а за македонската репрезентација настапувал 246 пати и постигнал повеќе од 1000 голови. Меѓу репрезентативните успеси од кои бил дел и Алушовски се вбројуваат Европското првенство во Италија во 1998 година, Светското првенство во Египет во 1999 година, Светското првенство во Хрватска во 2009 година и Европското првенство во Србија во 2012 година.

Е-маил адреса: stevce.alushevski@grom.mk

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin