Чедомир Саздовски – Организационен секретар

Организационен секретар на ГРОМ

Чедомир Саздовски е роден на 27 декември 1952 година. Тој е доктор на науки по кинезиологија, кој својата научна и професорска дејност ја остварува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во неговата богата работна кариера се вбројуваат и многу ангажмани во спортски клубови во Македонија. До неодамна беше независен советник во Советот на Општина Кисела Вода, а сега таму ги застапува ставовите и визиите на ГРОМ. Тој е еден од основачите на Граѓанска опција за Македонија.

Е-маил адреса: cedomir.sazdovski@grom.mk