Панчо Минов – Организационен секретар

Организационен секретарПанчо Минов е роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Своето образование го почнува во родниот крај, па продолжува на Факултетот за политички науки во Белград, Република Србија. Како дипломиран политиколог, својата кариера во професионалното вршење јавни работи ја почнува со функциите: секретар на Собранието на Општина Кавадарци во периодот од 1984 до 1988 година, потпретседател на Собранието на Општина Кавадарци во периодот  од 1991 до 1995 година.Истовремено ја продолжува својата доедукација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и стекнувајќи статус дипломиран правник.

Својата кариера ја продолжува во извршувањето на функцијата пратеник во Парламентот на Република Македонија во првиот состав од осамостојувањето на Република Македонија, сè до 1999 година. По завршувањето на вториот мандат, две години работи како адвокат, сè до моментот кога, почитувајќи ја волјата на граѓаните на Кавадарци, станува независен кандидат за градоначалник на Општина Кавадарци. Градоначалничката функција ја извршува два мандата, во периодот од 2001 до 2009 година, а потоа четири години беше независен советник во Советот на Општина Кавадарци, како Граѓанска опција – Панчо Минов.

Е-маил адреса: panco.minov@grom.mk