Кратка Биографија – Љупчо Пренџов

Љупчо Пренџов е роден на 2 октомври 1983 година во Велес. Според образованието е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Неговата работна биографија, меѓу другото, го опфаќа  ангажманот во Канцеларијата на Европската Унија во Македонија, а од 2009 година е вработен во Општина Карпош на повеќе раководни функции.  Зад себе има голем број политички дејствувања, од кои дел поврзани со младинската организација на Либерално-демократската партија. Своето образование во областите политикологија, лидерство и односи со јавноста континуирано го надградува преку интернационални обуки во Брисел, Берлин, Гумерсбах, Будимпешта, Стразбур, Барселона, Загреб, Сисак, Белград. Меѓу обуките што ги посетувал се и тие што се организирани од Школата за политика под покровителство на Советот на Европа, Европската либерално-демократска реформа, Либералната интернационала и „Фридрих Нојман – Фондација за слобода“.

Тој е еден од основачите на Граѓанската опција за Македонија.

Е-маил адреса: ljupco.prendzov@grom.mk