Тодор Чепреганов

Потпретседател на ГРОМТодор Чепреганов е роден на 20 септември 1955 година во Штип. На групата историја на Филозофско-историскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дипломирал во 1979 година, кога и се вработил во Институтот за национална историја. Магистрира и докторира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а неговиот научен интерес е насочен кој проучување на политиката на големите сили кон Македонија.  Предава на постдипломски и докторски студии на Институтот за национална историја, а е редовен професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Како резултат на неговите истражувања, од кои дел во Велика Британија и во САД, досега има објавено 44 монографии и зборници на документи. Има учествувано во повеќе од сто научни собири во земјата и во странство и публикувано околу 70 статии во домашни и странски списанија. Бил раководител на многу домашни и меѓународни проекти, а држел и предавања на државниот универзитет во Темпи, Аризона и во Вашингтон во рамки на програмата „Study abroad at UKIM“. За својата научна активност добитник е на награда за трудови од областа на воено-историските и историските науки од фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски“ и на државната награда „Гоце Делчев“.

е-маил адреса: todor.cepreganov@grom.mk