Мавие Мехмети

Потпретседател на ГРОМ: Мавие МехметиМавие Мехмети е родена на 29 јуни 1987 година, во Скопје. Таа е дипломиран професор по албански јазик и книжевност  на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“. Нејзината работна биографија бележи вклученост во наставниот процес во повеќе основни и средни училишта во Скопје. Поседува УНИЦЕФ-сертификат за учество на обука  за примена на стандардите за рано учење и развој во градинките и во центрите за ран детски развој и сертификат за успешно завршена обука од „Витраж“ и од Министерство за образование и наука за примена на современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност во средните училишта. Во училишната 2012/13 година беше оценувач на државната матура во Државниот испитен центар во Скопје.