ИНТЕРВЈУ Јакимовски: Ќе има предвремени парламентарни избори, а ГРОМ ќе настапи самостојно!

Градоначалникот на општина Карпош и претседател на Иницијативниот одбор на „ГРОМ“ во интервју за „Фактор“ говори за Граѓанската опција за Македонија, за основачкото собрание кои ќе се одржи на 14 септември годинава. Јакимовски смета дека ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските, а „ГРОМ“ како партија ќе настапува самостојно. На парламентарните избори очекува пет до шест пратеници, а на претседателските избори најавува дека ќе истрчаат со свој кандидат за претседател на државата. Јакимовски е со став и за собраниските инциденти од 24 декември, за актуелната политичка и економска состојба, за законот за медиуми. Го критикува и градоначалникот на Центар затоа што првиот ден од својот мандат го започнал со клоцање на тараби, наместо како што вели, со позитивна енергија.

Линк до целото интервју на ФАКТОР.мк

ГРОМ поблиску до кичевци

_DSC702117 август 2013 година, Кичево, во централниот дел на градот, со пригодна свеченост и со најава за одржување на основачкиот партиски конгрес на 14 септември, беше отворена втората канцеларија на Граѓанска опција за Македонија. Многубројни кичевци, членови и симпатизери на ГРОМ, присуствуваа на настанот кој на свој начин, со оглед на мултиетничкиот предзнак на ГРОМ, означува почеток на новата историја на градот и на Македонија. повеќе

Бајрамска честитка од ГРОМ

Чест ми е во мое лично име, во име на Иницијативниот одбор на Граѓанската опција за Македонија и на сите симпатизери и поддржувачи на ГРОМ, на сите верници од исламска вероисповед да им  го честитам празникот Рамазан-Бајрам и завршувањето на рамазанските пости.

BAJRAM SERIF MUBAREK OLSUN!

повеќе

Честит Илинден

Средба на иницијативниот одбор на ГРОМ во Делчево

На сите граѓани на Република Македонија им го честитам големиот празник 2 Август-Илинден. Тој за нас, граѓаните на Република Македонија, има двојно значење. Оваа година одбележуваме 110 години од Илинденското востание и 69 годи
ни од Првото заседание на АСНОМ.

Тоа се два светли датуми во македонската историја кои ја симболизираат борбата за големите идеали: за слобода, рамноправност и за демократија. Идеалите и придонесот на нашите херои, и илинденците и асномците, нè обврзуваат не само да го чествуваме големиот празник со гордост и славје, туку да им оддадеме почит на втемелувачите на нашата државност, како и да ја продолжиме нивната голема мисла и дело. Нека Ви е честит големиот Илинден!

Стевчо Јакимовски

Во Велес, отворена првата канцеларија на Граѓанската опција за Македонија во Република Македонија

_DSC5591

ГРОМ ширум ги отвори вратите за сите граѓани

Среда – 31.07.2013 година, во 20 часот, во Велес, во Сар-маале, во присуство на многубројни граѓани и симпатизери на Граѓанската опција за Македонија, свечено беше отворена првата канцеларија на ГРОМ.

Во присуство на членовите на Иницијативниот одбор и претседателот на Иницијативниот одбор на ГРОМ, г-дин Стевчо Јакимовски  присутните  граѓани ги поздрави членот на ИО, Штерио Николов, кој рече дека му е посебно задоволство што на отворањето на Првата канцеларија се присутни не само Велешани, приврзаници  на оваа нова политичка опција, туку и многу нејзини симпатизери и членови од околните градови и општини како Куманово, Росоман, Градско, Неготино, Кавадарци, Чашка, Кочани, Скопје и многу други населени места. повеќе

ГРОМ одекна во Пехчево

944472_153849391474061_1581067957_nВчеравечер во Кино-салата во Пехчево, Иницијативниот одбор на Граѓанска опција за Македонија ја промовираше ГРОМ пред пехчевчани. Во преполната сала, прв на своите сограѓани им се обрати Стевче Митревски, кој повикувајќи ги пехчевчани да ѝ се придружат на ГРОМ истакна дека оваа партија, нова на македонската политичка сцена, нуди концепт каков што досега не е виден во Пехчево и во Македонија воопшто. повеќе

ГРОМ инкубатор на идеи

Tвојата позитивна енергија, мотивација, способност и квалитет вложи ги за себе и за својата иднина!
Кликни ТУКА и прати идеја, предлог, размислување или проект кој произлегува од твоите потреби и проблеми, учествувај активно во решавање на проблемите со кои се соочува Република Македонија!
inkubator-idei-520

„Грмна“ ГРОМ и во Кичево

8445_150089511850049_163014953_n

Со поздрав за иницијативата на првиот човек на Иницијативниот одбор на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, изразувајќи му безрезервна поддршка, Кристина Костовска, магистер по правни науки од Кичево, ја отвори промоцијата на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ во Кичево.

Вчеравечер, 20 јуни 2013 година, во хотелот „Унион“, во Кичево, на присутните симпатизери и идни членови на ГРОМ им се обрати и Арслан Зеку, пензионер од Србица, кој како свој главен мотив за присуството на промоцијата и за одлуката да и се приклучи на ГРОМ ја истакна определбата на партијата да се занимава со граѓаните, со индивидуите, со нивните проблеми и потреби. повеќе

ГРОМ го осветли небото над Кисела Вода

ГРОМ ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО НАД КИСЕЛА ВОДА„Младиот кадар во Република Македонија е запоставен. На нас младите се гледа како на посакувано гласачко тело, а потоа повторно нè враќаат на маргините на општеството. Некогаш младите беа движечка сила на општеството и затоа ние сакаме заеднички да го градиме нашиот дом. Сакам поделбите да ги оставиме зад нас и како што громот го осветлува небото, така и Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ќе го осветли мракот од македонското небо.“ГРОМ ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО НАД КИСЕЛА ВОДА„Младиот кадар во Република Македонија е запоставен. На нас младите се гледа како на посакувано гласачко тело, а потоа повторно нè враќаат на маргините на општеството. Некогаш младите беа движечка сила на општеството и затоа ние сакаме заеднички да го градиме нашиот дом. Сакам поделбите да ги оставиме зад нас и како што громот го осветлува небото, така и Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ќе го осветли мракот од македонското небо.“ повеќе

Средба на Иницијативниот одбор на ГРОМ во Делчево

Средба на иницијативниот одбор на ГРОМ во ДелчевоВчера, 17 јуни 2013 година, во Делчево се одржа средба на претседателот на Иницијативниот одбор на Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ, Стевчо Јакимовски, со претставници и членови на партијата од овој град. По тој повод, Јакимовски одржа и прес-конференција, на која пред медиумите ги посочи целите и заложбите на партијата, како и намерите во поглед на развојот и напредокот на овој регион од земјата. повеќе

Страница 45 од 46« Прва...102030...4243444546