СООПШТЕНИЕ: Фирмите во Карпош, жртви на политички рекет од СДС

05.07.2017 година

Исплашени од се посигурната перспектива за останување во опозиција во најурбаната општина во Скопје, општина Карпош, владеачката СДС, затскриени позади наводни невладини организации вечерва организираше протестен марш по улиците на општината. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: МАНУ ДА ОДГОВОРИ НА СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ НА БОЖИДАР ДИМИТРОВ

05.07.2017 година

Молкот, после скандалозната изјава на поранешниот бугарски министер за Бугарите во дијаспората, со која искажа невидено омаловажување врз Македонската академија на науките и уметностите, врз академиците, како и врз македонскиот национален идентитет и Македонците, беше повод претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, да даде изјава за медиумите. На конференцијата за печат Јакимовски потенциташе дека досега никој не реагирал на ваквите навреди. повеќе

ОО ГРОМ ГАЗИ БАБА НИЗ ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

26.06.2017 година

Општинската организација ГРОМ-Гази Баба го искористи продолжениот викенд за еднодневна прошетка низ Источниот дел од Македонија. Педесетина членови од оваа организација ја посетија винаријата “Сопот” кај Велес, црквата Свети Тројца во Радовиш како и Смоларските водопади. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Дали СДСМ се откажува од антифашизмот?!

24.06.2017 година

„Мистеријата на господинот Зоран Заев еуфемистички наречена договор за добрососедство со Бугарија се уште предизвикува дилеми и страв во јавноста “- ова денес од партиското седиште на Граѓанската опција за Македонија го изјави претседателот на градската организација на партијата Александар Трајановски. Понатаму Трајановски упати неколку одговори на клучни прашања. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Заев ја отвори пандорината кутија со македонските национални интереси

21.06.2017 година

„Граѓанската опција за Македонија, веќе две години предупредува дека во Република Македонија ќе се инсталира марионетска влада“ – ова денес во партиското седиште  на ГРОМ го изјави претседателот на партијата Стевчо Јакимовски. Во својата изјава пред медиумите, Јакимовски нагласи дека задачата на таквата влада е да ги урниса македонските национални интереси и да „им ја заврши работата“ на соседите. повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: НАТО стандардите одамна исполнети – бараме фер услови за влез

13.06.2017 година

Изјавата на генералниот секретар на НАТО – алијансата Јенс Столтенберг, која вчера уште еднаш јасно и недвосмислено ни соопшти дека Македонија е добредојдена и одамна подготвена да влезе во Алијансата , но тоа треба да го направи со име прифатливо за двете страни, беше повод потпретседателот на Грѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов да одржи  конференција за печат во партиското седиште. повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: ГРОМ категорично против промена на името за влез во НАТО

12.06.2017 година

Последните изјави во странски медиуми, дека Република Македонија ќе биде примена во НАТО- алијансата под привремената референца БЈРМ, беше повод, денеска во партиското седиште, организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија, Ѓорги Чакарјаневски  да одржи конференција за печат. Во својата изјава за медиумите, Чакарјаневски нагласи дека на сите им е јасно: Македонија не може да биде примена во Северноатланската алијанса. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Заев бега од кривични пријави

02.06.2017 година

Отворениот повик на новоизбраниот премиер на Република Македонија Зоран Заев до републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка, беше повод  денеска потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов да одржи конференција за печат. Во својата изјава до медиумите, Пренџов истакна дека како што претпоставуваше ГРОМ, премиерот на Хојт Ји, Зоран Заев уште не седнат во фотеља го покажува своето вистинско лице. повеќе

СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА Е НЕПРАВДА!

02.05.2017 година

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ вечерва одржа седница на Извршниот одбор и ја разгледа политичко безбедносната состојба во Република Македонија. Истата беше оценета како многу сложена и тензична. Членовите на Извршниот одбор  оценуваат дека двегодишното политичко насилство од политичарите врз граѓаните, на 27 април се претвори во физичко насилство од народот врз политичарите.

повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: Широк консензус за излез од длабоката криза

28.04.2017 година

„Граѓанската опција за Македонија смета дека од осамостојувањето на државата до денес, Република Македонија не била во поголема политичка и безбедносна криза. Оваа денешнава е потешка и поопасна дури и од кризата која ја имавме во 2001 година“, ова денеска во своето обраќање до медиумите  од партиското седиште го истакна претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. повеќе

Страница 4 од 49« Прва...23456...102030...Последна »