Прва седница на Централниот Одбор на Форум на жени на ГРОМ

05.03.2017 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија на 5 март, во централното седиште на партијата – Кокс, ја одржа првата седница на Централниот Одбор на Форумот на жени на ГРОМ. На седницата присуствуваа 85 жени од вкупно 90 членови на ЦО од сите општински форуми. повеќе

Прочка – Хуманитарна акција

Прости, простено нека ти е – толку едноставни зборови, а посилни се од најмоќното оружје во светот. За големиот христијански празник Прочка Форумот на жени ГРОМ – Штип традиционално ги посети старите и изнемоштени лица во старечкиот дом во Штип, се со цел и тие да го почуствуваат и доживеат овој голем христијански празник и да се присетат на традиционалните обичаи, а токму тие обичаи ги полнат со љубов нашите домови. Честит и вечит нека е празникот ПРОЧКА.

повеќе

Жените во политиката

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија учествува на вториот дел од обуката за учество на жените во политиката “Жените во политиката – со фокус на локалните избори во 2017” во организација на Националниот Демократски Институт. Учеснички одГРОМ се претседателката на Форумот на жени на ГРОМ – Штип Бети Тасевска и претседателката на Форумот на жени на ГРОМ – Прилеп Елизабета Димоска. На оваа тридневна обука учествуваат 119 жени од 23 политички партии. повеќе

Изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Гази Баба

23.02.2017 година

Одржан изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Гази Баба. За претседател на Форумот беше избрана Радмила Миташева, која до сега успешно ја извршуваше функцијата на ВД претседател, а за потпретседател на Форумот на жени беше избрана Лидија Трпкова. повеќе

Насилство врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија

Форумот на жени на ГРОМ, со свои две претставнички Славица Новачевска претседател на Форумот на жени на ГРОМ – Кисела Вода и Радмила Миташева претседател на Форумот на жени на ГРОМ – Гази Баба, учествуваше на работната средба: “Насилство врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија”, во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство одржана на 18 февруари 2017 година во Хотел Белви. повеќе

Прва работилница по англиски јазик организирана од Форумот на жени на ГРОМ

03.02.2017 година

Во организација на Форумот на жени на ГРОМ беше одржана првата работилница за англиски јазик „Зачекори во секојдневието на англискиот јазик”. Работилницата беше стручно реализирана од проф. Татјана Талевска. На работилницата учествуваа жени од различни старосни, образовни и социјални групи од Форумите на Карпош, Кисела Вода и Гази Баба, кои сакаа да го прошират своето познавање на англискиот јазик. повеќе

ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА – ПРИДОНЕС ЗА РАМНОПРАВНОСТА КАКО ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТ

ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРОМ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НА ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА повеќе

Добрила Андоновска – Прва претседателка на Форумот на жени на ГРОМ

15.01.2017 година

Во  хотелот ,, Александар Палас“, денеска се одржа основачкото собрание на Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија. Седумстотини триесет и осум делегати едногласно ја избраа  доктор Добрила Андоновска за прва претседателка на ФОЖ ГРОМ.  повеќе

ФОТО: Основачко собрание на ФОЖ ГРОМ

повеќе

ТРИБИНА: НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

15073310_1841757579393476_5145034684160026796_nФорумот на жени ГРОМ – Карпош се придружи кон активностите на глобално ниво за одбележување на 25 Ноември – Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и семејното насилство. По тој повод на 11 Ноември се одржа трибина ,,Насилство врз жените и семејно насилство”, на која со свое стручно излагање настапи Тања Пантелиќ Гишев, дипломиран социјален работник. повеќе

Страница 3 од 512345