Жените во политиката, со фокус на локалните избори 2017

26.03.2017 година

Во организација на Националниот Демократски Институт, Форумот на жени на ГРОМ во периодот од 24 – 26 март 2017 година учествуваше и на последниот циклус во обуката за учество на жените во политиката, „Жените во политиката – со фокус на локалните избори во 2017“. повеќе

Форумот на жени ГРОМ -Илинден спроведе еко работна акција

26.03.2017

Форумот на жени на ГРОМ – Илинден во континуитет се грижи за животната околина. На 25 март беа засадени дрвја во дворот на Основното Училиште “Гоце Делчев” и Средното Стручно Училиште “Илинден”.

 

 

повеќе

Трибина за екологија на ФОЖ -ГРОМ Кавадарци

20.03.2017 година

По повод Денот на екологијата, Форумот на жени на ГРОМ Кавадарци одржа трибина за екологија во просториите на Општина Кавадарци.Трибината ја отвори претседателката на ФОЖ -ГРОМ Кавадарци.
По краткиот вовед, следуваше главното предавање на тема „Зачувај ја планетата земја” на претседателката на ОО ГРОМ Кавадарци, г-ѓа Божанка Минова. повеќе

Еколошка акција на Форумот на жени на ГРОМ -Штип

20.03.2017 година

По повод одбележувањето на Денот на пролетта и Меѓународниот ден на екологијата, Форумот на жени ГРОМ -Штип на 19.03.2017 година, со поддршка и одобрение од градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, направи еколошка акција со засадување на расад дрвца од фамилијата маленеј. повеќе

Форумот на жени на ГРОМ со љубов и прегратки за своите сосетки

08.03.2017 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија, по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, подари љубов и прегратки на своите сосетки. Жените на ГРОМ од сите општински форуми ширум Македонија, ги посетија осамените, стари, болни и изнемоштени сосетки, повеќе

Прва седница на Централниот Одбор на Форум на жени на ГРОМ

05.03.2017 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија на 5 март, во централното седиште на партијата – Кокс, ја одржа првата седница на Централниот Одбор на Форумот на жени на ГРОМ. На седницата присуствуваа 85 жени од вкупно 90 членови на ЦО од сите општински форуми. повеќе

Прочка – Хуманитарна акција

Прости, простено нека ти е – толку едноставни зборови, а посилни се од најмоќното оружје во светот. За големиот христијански празник Прочка Форумот на жени ГРОМ – Штип традиционално ги посети старите и изнемоштени лица во старечкиот дом во Штип, се со цел и тие да го почуствуваат и доживеат овој голем христијански празник и да се присетат на традиционалните обичаи, а токму тие обичаи ги полнат со љубов нашите домови. Честит и вечит нека е празникот ПРОЧКА.

повеќе

Жените во политиката

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија учествува на вториот дел од обуката за учество на жените во политиката “Жените во политиката – со фокус на локалните избори во 2017” во организација на Националниот Демократски Институт. Учеснички одГРОМ се претседателката на Форумот на жени на ГРОМ – Штип Бети Тасевска и претседателката на Форумот на жени на ГРОМ – Прилеп Елизабета Димоска. На оваа тридневна обука учествуваат 119 жени од 23 политички партии. повеќе

Изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Гази Баба

23.02.2017 година

Одржан изборен состанок на Форумот на жени на ГРОМ -Гази Баба. За претседател на Форумот беше избрана Радмила Миташева, која до сега успешно ја извршуваше функцијата на ВД претседател, а за потпретседател на Форумот на жени беше избрана Лидија Трпкова. повеќе

Насилство врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија

Форумот на жени на ГРОМ, со свои две претставнички Славица Новачевска претседател на Форумот на жени на ГРОМ – Кисела Вода и Радмила Миташева претседател на Форумот на жени на ГРОМ – Гази Баба, учествуваше на работната средба: “Насилство врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија”, во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство одржана на 18 февруари 2017 година во Хотел Белви. повеќе

Страница 2 од 512345