СО ЧАША ВИНО И ЧЕСТИТКА ФОМ ГРОМ ГИ ОДБЕЛEЖА СВ. ТРИФУН И СВ. ВАЛЕНТАЈН

Форумот на Млади на Граѓанската опција за Македонија, традиционално, на платото во Т.Ц. „Лептокарија“ го одбележа  Денот на Виното и Денот на љубовта. Младите громовци, на граѓаните им го честитаа денешниот двоен празник, подарувајќи им чаша вино и честитка во вид на срце. ФОМ ГРОМ по повод  православиот празник  „Св. Трифун“  им го честита празникот на лозарите, со желба за бериќетна и успешна година, и на сите кои го празнуваат „Св.Валентајн“ денес, им посакува преку целата година да бидат заљубени.

БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ- НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФОМ ГРОМ

blagojce-fom-grom27.10.2016 година

Вчеравечер, во централното партиско седиште на Граѓанската опција за Македонија, Форумот на Млади на ГРОМ го избра својот втор претседател. На отворен конкурс, секој член на ФОМ ГРОМ имаше можност да поднесе своја кандидатура за претседател на громовската младина. Благојче Атанасоски, единствен поднесе кандидатура како член на извршниот одбор на ФОМ ГРОМ и досегашен претседател на градската организација на ФОМ ГРОМ. повеќе

ФОМ ГРОМ ИМ ПОДАРИ КНИГИ НА ДЕЦАТА ОД ,,11 ОКТОМВРИ’’

11 OKTOMVRI 925.05.2016 година

Денеска, Форумот на Млади на Граѓанската опција за Македонија ги посети децата од Домот за деца ,,11 Октомври’’ . Повеќе од еден час, младите громовци се дружеа со дечињата и притоа им подарија книги. повеќе

ФОМ ГРОМ ги посети старите лица во „Елисавета’’

ELISAVETA 411.05.2016 година

Денеска, Форумот на млади на Граѓанската опција за Македонија беше во посета на Домот за стари лица „Елисавета’’ . Еден час,  младите громовци се дружеа со овие граѓани кои се во третата доба од  својот живот, и низ разговор се стекнаа со совети од искусните и најмудрите. повеќе

Хуманитарен „STAND UP“ на ФОМ ГРОМ

DSC_134330.03.2016 година

Во „Кинотека на Македонија’“, во библиотеката „Другарче“, Форумот на Млади организираше, уште една во низа, хуманитарна активност. Повеќе од еден час, претседателот на ФОМ ГРОМ Бојан Велевски, пред полната сала ги забавуваше присутните со својот „Stand Up“ настап. повеќе

ФОМ ГРОМ потпиша декларација за промоција на младинските политики

12899704_10209039831782562_290935589_n28.03.2016 година

Денеска, 28.03.2016 година, во хотелот „Арка”, ФОМ ГРОМ, како партиски подмладок на Граѓанската опција за Македонија, во организација на Националниот младински совет на Македонија, потпиша декларација за промоција на младинските политики, помеѓу политичките актери во Македонија. повеќе

Со црвени рози младите на ГРОМ им го честитаа 8 Март на жените

DSC_938408.03.2016 година

Форумот на Млади на ГРОМ, по повод Меѓународниот ден на жената ,, 8 Март”, на плоштадот ,, Македонија”  организираше акција со која им го честиташе празникот на жените.

Подарувајќи им роза, младите громовци на симболичен начин ги уважија и им изразија почит на нашите сограѓанки од понежниот пол. Овој гест  од страна на ФОМ ГРОМ кон дамите, наиде на позитивни реакции и благодарност за вниманието кон ни

Громовската младина ги празнуваше Св. Трифун и Св. Валентајн

DSC_599614.02.2016 година

Денот на виното и Денот на љубовта беше повод, Форумот на млади на ГРОМ да се соберат и да ги одбележат овие празници. Во централниот дел на Т.Ц ,,Лептокарија’’, младите громовци им делеа честитки и им подаруваа чаша вино на граѓаните, честитајќи им ги на тој начин празниците. По завршувањето на оваа активност, младите од ГРОМ се дружеа на кафе пиење со претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски. повеќе

Страница 1 од 11