КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: По арапската пролет, доаѓа арапско лето!

21.04.2017 година –

Во геополитичката карта се случуваат сериозни поместувања. Како што некогаш Русија под водство на Јелцин беше во нокдаун, се чини дека во таква ситуација е САД од вториот мандат на Обама па наваму. Нивната надворешна политика е во голема мера хаотична и неконзистентна.

Таков пример претставува Блискиот Исток и Турција. Од моментот кога ЦИА како кула од карти ги рушеше владите на Тунис, Египет, Либија, Ирак. Но, се сопна на Сирија и на тврдиот орев, синот на долгогодишниот претседател Хафез ал Асад. Очигледно дека Башар научил многу политика од татко му, и цврстото врзување за Русија му ја спаси земјата.

Недостасуваа уште седум дена да падне Дамаск.

Откако започнаа Руските воздушни напади во Сирија, ИСИЛ во своите редови имаше скоро цела армија војска, поточно седум дивизии или 68.000 борци, од кои повеќе од 10.000 по потекло од поранешните советски републики. Исламската држава зафаќаше делови на Јемен, Судан, Ирак, Сирија и Либија. Исламска држава требаше да контролира скоро 90% од светското производство на нафта. Да собере огромна финансиска моќ и во своите тренинг кампови, исламскиот тероризам да го прошири во Европа и на делови од Русија. Тоа требаше да оди преку Португалија и Шпанија до Франција, и преку Турција и Кавказието практично да се направи прстен околу Европа. Воздушната интервенција на Русија не значеше само спасување само на владата на Асад, туку и одбрана на цела Европа од исламскиот радикализам и тероризам. За разлика од Америка, која пак во почетокот ги поддржуваше борците на ИСИС и воено ги помагаше во обидот да се собори Башар како последна цел од арапската пролет.

Русите во Сирија уништија 743 тренинг центри на ИСИС. Убиени се над 35.000 борци на оваа организација, од кои повеќе од 6.000 се од поранешниот Советски Сојуз.

Во моментов Русија го шири своето влијание на Блискиот Исток. Најпрво во Египет, потпишувајќи со генерал Сиси воен договор вреден многу милијарди евра, кој е најголем од времето на студената војна. Земајќи го како сојузник Иран од каде очигледно САД се откажа од намерата за напад. Со ова Русија покажува дека зад оној кој ќе застане таа, нема шанси да бидат соборени нивните влади.

Русија ја продолжува соработката со Саудиска Арабија, а во парламентот на Кувајт се води сериозна дебата дали да имаат поголема соработка со Русија или со САД.

Обидот да се собори Реџеп Таип Ердоган, не само што не успеа туку како бумеранг им се врати на Америка и Европа. Напротив, тој со поддршка на Путин ја зацврстува и проширува својата власт. Трикот на Американците со соборувањето на рускиот авион од страна на турските воздушни сили, очигледно не успеа.

Официјална Анкара веќе комуникацијата со Москва ја има на дневна основа и без консултација со Вашингтон, нешто што порано не можеше да се замисли. Се очекува проширување на соработката на Русија и со Ирак, и таа соработка е поддржана од арапските интелектуални кругови и истите го сметаат за проклетство што во моментите кога се случуваше арапска пролет, Русија не беше со ваква моќ каква што има сега.

Израел е традиционален партнер на Америка, но таму има преку милион Руси меѓу кои и високи офицери во Израелската армија по потекло од Русија.

Русија успева да воспостави рамнотежа и со Израел која никогаш претходно не постоела, затоа што била целосно инфериорна во однос на Америка.

Неслучајно, Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во изминативе две години, три пати се среќава во Москва со Путин, а секоја посета потсетува дека се чувствува како дома.

Русија од 15 милијарди евра го зголеми својот извоз на оружје на 56 милијарди, и од тоа голем дел во земјите од Блискиот исток. Се чини дека Американската хегемонија на Блискиот Исток е во сериозна криза. Со ова Русија покажува дека зад оној зад кој што тие ќе застанат може да смета дека ќе одолее на Американските фрустрации и обиди за инсталирање на марионетски влади.

Второ, Русија ја проширува својата моќ кон земји кои што се финансиски моќни.

Трето, почнува да владее со Средоземното море и како четврто, сака да обезбеди мир и стабилност во близина на својата граница затоа што овие земји од Блискиот исток, преку Турција се многу блиску до Русија.

Како ќе успее САД да ја задржи својата доминација во Пацификот и во Европа, особено на Балканот останува да се види.

На Пацификот, Кина со правењето на вештачки острови во Јужно Кинеско море и Северна Кореја се коска во грлото на американските стратегиски безбедносни планови. Заканата кон Северна Кореја, која е во одлични односи со Кина и Русија се чини дека е плашење на мечка со решето.

А тука, на Балканот, со одличната политичка игра на Вучиќ, цврстата и непоколеблива политика на Додик во Република Српска и изборот на про-рускиот претседател во Бугарија состојбата се менува.

Така да, сите оние што тука во Македонија за Русите зборуваат небаре како да се заразени, како да се извор на колера или лепра, а Македонскиот политички врв од било каква поврзаност со Русите бега како ѓавол од крст, прашње е дали е тоа исправна политика.

Извор: Infomax.mk

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: СJО – „кастодијан банк“ на СДСМ

05.04.2017 година – Ништо веќе не е како што беше! Дури ни „влијателниот“ „Твитер“ на кој најмногу се пишува против, ама протекува и некоја најава или импресија, која, нели, така ќе ни ги „отвори“ очите, што, всушност, мислат или ни подготвуваат влијателните Хан, Бејли или Ванхауте преку неговата мачка. Џабе дремевме на социјални мрежи во деновите кога го очекувавме доаѓањето на Јоханес Хан, кој, обично, знае уште во авион да ни ја набие атмосферата со некоја жешка порака на „Твитер“, а тоа во практика излезе „издишан балон“. Хан дојде и си отиде. Северниот сосед би рекол „пољубио врата“. Во таа збрка на „Твитер“ пропуштивме да видиме кога и како господинот Бејли отиде „на дополнителни консултации“ (народски кажано на „пеење) во Вашингтон. Заборавил да ни пише!? Всушност, може и нема тука некој сензационализам. Довчерашниот службеник на Викторија Нулан и на Хојт Ли, најголемите автори на интеретнички конфликти и обоени револуции низ светот, сега отиде да добие сосема нови инструкции од уште поновите шефови, кои треба децидно да му укажат дека веќе не смее да се чепка во суверенитетот на државите, а особено не во суверенитетот и во интегритетот на тие држави со кои САД имаат потпишано договори за стратегиско партнерство.

Ако главните чадори на опозициската СДСМ во најголемата бура прокиснаа, многу логично е прашањето, кој, всушност, остана накиснат во оваа политичка магла, која упорно ни ја спуштаат. Народот не е, зашто од ден на ден тој е сѐ побуден, нему му станува сѐ појасно, како ден, кој, всушност, е автор на општото политичко вмешување и, како никогаш досега, е единствен во одлуката дека нема да поминат нарачаните сценарија на штета на Македонија! Посебно не ако нивниот локален извршител СДСМ, на чело со Заев, е комплетно безживотен, а гледај го апсурдот, токму нему му ја доделија улогата да продава приказна „За живот“. Класичен оксиморон. И за дебаклот на опозициските трачери да не помине толку едноставно, како „дабл чек поинт“ им ја сместија и тиранската платформа, од која сега ни самите не знаат како да се извлечат и упорно ја носат како камен врзан на вратот, кој, кога – тогаш, ќе ги одвлече на дното од општествената и политичка сцена во Македонија.

Значи странците си го кажаа своето, си видоа и со кого си имаат работа во опозицискиот фронт и колку не ги бива, дека освен да се натискаат во парламент оти да продаваат хумористични фарси, не можат ни чекор натаму. А кутрите членови на СДСМ, згора на сѐ, уште сонувачи власт. Врескаат, викаат се закануваат со затвори, одмазди, убиства (ќе лежите, ќе те убијам и слични будалаштини) и сакаат на тие крилја да слетаат меѓу народот. Полни со гнев и со омраза веќе ни дома не ги сакаат такви, а не да бидат власт.

Како последен појас за спасување при давењето во сопствените лаги им остана СЈО, кое ни го донесоа вонуставно и кое се претвори во, кажано со економски речник, кастодијан банк или банкар-чувар на нивните акции / вложувања во лаги, интриги, извртувања, нечесни игри, клевети, уцени и закани за општеството и за унитарноста на државата. Надвор од редовниот систем, ама демне кога повторно ќе биде активирано за да може да ги употреби за „тргување“ со власта и за власт.

Да сме пасивни набљудувачи или обични сеирџии, ние од ГРОМ не би требало да имаме ништо лично против кој било обвинител од таа институција. Затоа што ниту претседателот, ниту потпретседателите, ниту секретарот , ниту кој било друг член на Централниот или на Извршниот одбор на ГРОМ не е во никаква предистражна или истражна постапка , ниту, пак, е повикан како сведок за кој било случај. Тоа што го зборуваме е од принципиелни и легалистички побуди. Доколку ние не си ги почитуваме законите и Уставот на државата, не можеме да очекуваме некој друг однадвор да ни ги почитува. Кога сите амбасадори и евродипломати гледаат како ние самите си го газиме сопствениот Устав, очекувано е, во согласност со нивните интереси и интересите на нивните држави, да побараат од таткото на нацијата и тој да си го погази Уставот.

Во Република Македонија, во согласност со Уставот како највисок правен и политички акт, има едно Собрание, една Влада, едно Правобранителство и едно Обвинителство. Не може, по потреба на одредени сценаристи, ние да имаме две обвинителства. Оттаму, логично е, производ со фабричка мана да не ги даде очекуваните резултати или, можеби, ова се резултатите, ама во согласност со потребите на поединци, но, сигурно, не и на очекувањата на македонскиот народ.

Таа институција, која, патем, ја плаќаме по четири милиони евра годишно (а еве веќе втора година си ги „крцка“ осумте милиони евра), беше формирана за да им каже на граѓаните кој во оваа држава прислушувал, кој го нарачал тоа и кој го платил. Посебно со оглед на фактот дека во судскиот спор против Верушевски и неговите соработници / извршители, кој е завршен, беа пронајдени голема количина пари и акции.

kol239-prendzov-Zaev-Katica-SDSM

Вториот дел беше, оваа институција да открие дали високи владини функционери правеле криминал за кој беа обвинувани во бомбите со кои Заев ја малтретираше целата јавност.

Рамнотежата на СЈО, чуварот на мрачните тајни на опозицијата, се одржуваше само преку предметот „Пуч“, кој сега, всушност, воопшто не ни постои. Прво обвинителката не беше доволно подготвена за предметот и бараше одложување. Потоа, така недоподготвена, го ослободи Верушевски од притвор (кој, патем, се бранеше со молчење), за во меѓувреме да закаже и свадба на ќерка си и предметот да се одложува 14 пати, за, конечно, да го повлече. Дефинитивно е затворен, ставен ад акта, односно, во согласност со сценаристите, тој „мора“ да исчезне и од Судот и од колективното сеќавање на народот. Единствено што треба да остане во паметење е дека Груевски, Мијалков и Јанкуловска биле недоветни и сами себе се прислушувале. Во овој контекст, тоа што треба да биде заборавено се и доказите што беа земени од семејниот дом на Верушевски на 20 јануари 2015 година. Тоа беше тој ден кога полицијата влезе во нивната семејна куќа, истата таа вечер кога Соња Верушевска како фризби фрлаше седум–осум мобилни телефони, кога, како во Силиконската долина, најдоа еден куп лаптопи и персонални компјутери полни со стотици илјади датотеки преведувани на англиски и испраќани во странство. Се разбира, и ова треба да се избрише од колективната меморија на народот бидејќи, нели, власта е недоветна и сама себе се прислушувала.

Сега, кога го затворивме прислушувањето и прислушувачите во темната комора на колективната амнезија, ни остана да ги разглобуваме криминалот и финансиските малверзации. Граѓаните сѐ уште чекаат одговор дали некој од владата зел 16 милиони долари мито од Кинезите? Дали е земено мито од страна на Израелците, дали милионскиот проект „Космос“ на Цаноски е урнат во согласност со позитивните законски прописи , дали, навистина, се изнесени 5,5 фамозни милијарди евра итн. Место тоа, се изнаслушавме како на Љубе Бошковски му ја пцуеле мајката додека го апселе, или какви и колку скапи гаќи носи некоја новинарка, на каков душек спие некој уредник и триста примитивности и будалаштини од најинтимен вид. И сето тоа само како „јамб во најава“ дека имаат индиции и ќе почнат со истрага. Луѓево ги осудија уште пред да почне истрагата. Колкав е апсурдот да потрошиш осум милиони евра народни пари за да откриеш гаќи од 500 евра? Или тоа е само затоа што ги носат луѓе што размислуваат спротивно од Заев и од „чадорот“? На ваков примитивен начин не функционирал ниту прекиот суд во минато свршено време.

Како и да заврши оваа фарса од политика што ни ја продаваат Заев и опозицијата, колку и да се доживува мачно и мрачно, сепак има една историска полза од неа. Ова е школски пример за сите идни генерации млади политичари како не треба да се практикува политиката. Затоа што народот можеш да го излажеш еднаш, можеш да го лажеш одредено време, ама никако не можеш да го лажеш цело време. Во 21 век тоа определено време се мери во нано секунда! Затоа народот дојде по своето.

Извор: Република.мк

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: Времето е на наша страна!

17.03.2017 година –

Кри­за, пла­тфор­ма, про­во­ка­ции. Тоа се три­те кон­стан­ти што де­цид­но ја де­фи­ни­ра­ат ма­ке­дон­ска­та ствар­ност во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни, но кул­ми­на­ци­ја­та, или пи­кот, ја до­стиг­наа во пос­лед­ни­те два-три ме­се­ци. Сле­ду­ва пер­и­од на „из­ди­шу­ва­ње“

Но, да оди­ме ге­не­рич­ки или хро­но­ло­шки. Пр­жин­ски­от до­го­вор, кој тре­ба­ше (или ба­рем нѐ убе­ду­ваа де­ка тре­ба­ше) да го раз­ре­ши по­ли­тич­ки­от ја­зол во др­жа­ва­та на кра­ток, ама и на по­долг рок, по­ка­жа и се до­ка­жа де­ка не е са­мо го­ле­ма „пр­жин­ска из­ма­ма“, ток­му ка­ко што го име­ну­ва­ше Гра­ѓан­ска­та оп­ци­ја за Ма­ке­до­ни­ја (ГРОМ), ту­ку и ини­ци­јал­на кап­су­ла на отво­ра­ње на ед­на но­ва Пан­до­ри­на ку­ти­ја, во ко­ја на дно­то оста­наа са­мо по­ли­тич­ки­от ни­хи­ли­зам и про­во­ка­ци­и­те, ек­стрем­ни­от на­ци­о­на­ли­зам кој до­би лик и те­ло во ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и це­лос­на де­зин­сти­ту­ци­о­на­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та.

Ве­ќе на си­те, по­мал­ку или по­ве­ќе, им ста­на јас­но де­ка памф­ле­тот на­пи­шан во Ти­ра­на не ги отс­ли­ку­ва ба­ра­ња­та и по­тре­би­те на ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци, ту­ку тоа е не­кол­ку­де­це­ни­ска ре­тро­град­на ре­то­ри­ка на на­ци­о­на­ли­сти и ире­ден­ти­сти кои ва­му-та­му ба­ра­ат про­стор за се­бе­е­таб­ли­ра­ње и соз­да­ва­ње ет­но­ви­ла­е­ти или по­страш­ни „го­ле­ми со­ни­шта“. Во оваа де­це­ни­ја та­ква­та „ме­си­јан­ска“ уло­га му при­пад­на на нај­го­ле­ми­от про­во­ка­тор на Бал­ка­нот, Еди Ра­ма. Мо­ра­ме да би­де­ме до­крај искре­ни и да ка­же­ме де­ка, во кон­текст на ова, Зо­ран За­ев не е единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец, љу­бен и за­шти­ту­ван од За­па­дот, што ја гле­да Ма­ке­до­ни­ја ка­ко Швај­ца­ри­ја на Бал­ка­ни­те. Мо­же мно­гу што да му се не­ги­ра на За­ев, но де­ка бил ре­дов­но при­су­тен на ча­со­ви­те по исто­ри­ја ко­га се уче­ла ван­чо­ми­хај­ло­ви­стич­ка­та иде­о­ло­ги­ја, не мо­же да му се ос­по­ри. Си ја знае лек­ци­ја­та на­и­зуст. Се­га се оби­ду­ва не­ка­ко, ако мо­же, и да ја имп­ле­мен­ти­ра. Не­што те­шко му оди!?

Ме­сто ал­бан­ски­от сон, на СДСМ му се слу­чу­ва мра­ко­бе­стие во кое тал­ка­ат ка­ко су­штес­тво­то во „Ос­ми­от пат­ник“кој од­на­тре ги раз­ја­ду­ва все­лен­ски­те ле­та­чи, за се­га сѐ под­ла­бо­ко да то­не во мрач­ни­те сце­на­ри­ја и лаж­ни­те ве­ту­ва­ња што им ги ну­де­ше и на Ма­ке­дон­ци­те и на Ал­бан­ци­те. Сѐ по­ве­ќе ал­бан­ски ме­ди­у­ми и гла­са­чи сфа­ќа­ат де­ка би­ле из­ма­ни­пу­ли­ра­ни иа­ко За­ев од пет­ни жи­ли се тру­ди пре­ку си­те ал­бан­ски те­ле­ви­зии да ѝ по­ра­ча на це­ла­та јав­ност во Ма­ке­до­ни­ја де­ка тој е по­по­ви­кан да збо­ру­ва за пра­ва­та на Ал­бан­ци­те од си­те ал­бан­ски по­ли­тич­ки ли­де­ри за­ед­но, де­мек тој ги прет­ста­ву­ва нај­го­ле­ми­от број Ал­бан­ци и нав­ле­гол во „ре­ша­ва­ње“ на ал­бан­ско­то пра­ша­ње под­ла­бо­ко од си­те нив­ни апо­ло­ге­ти со де­це­нии на­на­зад и на­на­пред во це­ли­от ре­ги­о­нот. Ама ед­но ут­нал: тој не е Бал­та­зар кој ту­ку­што ја откри тај­на­та фор­му­ла на вла­ста пре­ку „епру­ве­та“, ту­ку најм­но­гу што мо­же да до­стиг­не е до сла­ме­но­то чо­ве­че од „Вол­шеб­ни­кот од Оз“.

Ова бе­ше до­стре­лот на тие 60-70.000 гла­со­ви. Бу­ме­ран­гот, пак, мно­гу по­го­лем се слу­чи кај Ма­ке­дон­ци­те кои на­ив­но на­сед­наа на не­го­ви­те пре­диз­бор­ни ве­ту­ва­ња. Кон­тра­у­да­рот од стра­на на гра­ѓа­ни­те што му се слу­чу­ва на За­ев е нај­го­лем во Скоп­је, Охрид, Стру­ми­ца, При­леп, Би­то­ла Ве­лес, Штип или, со еден збор, се­ка­де ка­де што освои не­ре­ал­но ви­сок про­цент гла­со­ви. Му се слу­чи на­род, од­нос­но со филм­ски жар­гон ка­жа­но: „Им­пе­ри­ја­та го воз­вра­ќа уда­рот“. Де­ми­сти­фи­ка­ци­ја­та дој­де пре­ку при­о­ре­ти­зи­ра­ње­то на исфин­ги­ра­на­та во­низ­бор­на пла­тфор­ма на сме­тка на за­бо­шо­те­ни­те ег­зи­стен­ци­јал­ни те­ми за 500 евра по вра­бо­тен, 150.000 укра­де­ни гла­со­ви (кои, ви­ди чу­до, ги нај­доа?!), не­функ­ци­о­нал­ни ин­сти­ту­ции, ко­рум­пи­ра­но и пар­ти­ско судс­тво и то­тал­но ни­ште­ње на др­жа­ва­та. Др­жа­ва­та е ту­ка, ама За­ев не е на власт. На­ро­дот не­што не го са­ка.

Со­о­чен со без­из­ле­зот, За­ев се­га кре­шта­во ни се за­ка­ну­ва пре­ку Ше­ке­рин­ска и Спа­сов­ски, де­ка, всуш­ност, нас ќе нѐ каз­не­ле од За­пад по­ра­ди отсус­тво на де­мо­кра­ти­ја (ко­ја на­вод­но ја украл пре­тсе­да­те­лот Ива­нов за­ед­но со ман­да­тот) и де­ка ни прет­стои изо­ла­ци­ја, про­го­ни, цр­ни ли­сти и слич­ни скри­е­ни жел­би на очај­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ.

Жел­би­те се ед­но, но ре­ал­но­ста е дру­го. Пр­во, се на­де­ваа де­ка СДСМ ќе од­не­се по­бе­да со ба­рем два-три пра­те­ни­ка раз­ли­ка, па под пре­ве­зот на де­мо­кра­ти­ја­та ќе се ос­тва­ри сце­на­ри­о­то за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та. Про­пад­на.
Вто­ра­та ре­ал­ност е де­ка пре­т­се­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ѓор­ге Ива­нов, на­вре­ме го пре­срет­на и го бло­ки­ра­ше тоа сце­на­рио. Зго­ра на тоа, тој не е из­бран од стра­на на пар­ла­мен­тот, ту­ку од стра­на на гра­ѓа­ни­те, и тоа со по­ве­ќе гла­со­ви од СДСМ и ДУИ за­ед­но, што и не е тол­ку ре­ша­вач­ко, кол­ку фа­ктот што си­те мно­гу до­бро зна­ат де­ка без ман­дат да­ден од пре­тсе­да­те­лот не мо­же да се фор­ми­ра вла­да. Да мо­же­ше, до­се­га де­сет па­ти ќе ја фор­ми­раа. Не слу­чај­но Али Ах­ме­ти бла­го ре­те­ри­ра и го тре­ска За­ев од зем­ја ка­жу­вај­ќи му де­ка без ман­дат ни­ту тој са­ми­от не вле­гу­ва во Со­бра­ние.

Тре­та­та ре­ал­ност е де­ка иа­ко им бе­ше жел­ба да по­бе­ди Хи­ла­ри Клин­тон, ама за сре­ќа на ма­ке­дон­ски­от на­род и ре­ги­о­нот по­ши­ро­ко по­бе­ди До­налд Трамп, што зна­чи „ча­до­рот“ им про­кис­на. Кај и да е, си­те бе­ло­свет­ски аген­ту­ри ќе си ги со­бе­рат ку­фе­ри­те и ќе одат на дру­го плод­но тло за нив­ни­те ме­ше­та­ре­ња. Нај­но­во­то пис­мо од ше­сте­ми­на кон­грес­ме­ни упа­те­но до др­жав­ни­от се­кре­тар за над­во­реш­ни ра­бо­ти на аме­ри­кан­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја Рекс Ти­лер­сон е, најб­ла­го ре­че­но, цр­вен кар­тон до до­ми­цил­ни­те и ис­по­ста­ве­ни фи­нан­си­е­ри на обо­е­ни­те ре­во­лу­ции и раз­но-раз­ни нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции кои глу­мат де­мо­кра­ти, а, всуш­ност, се пре­тво­ра­ат во про­фи­те­ри и плу­ка­чи по де­мо­крат­ски из­бра­ни­те вла­сти на ма­ли­те и кре­вки де­мо­кра­тии, ка­ква што е ма­ке­дон­ска­та.

Ко­неч­но, очиг­ле­ден факт е де­ка Евро­па е единс­тве­на во ста­вот де­ка за бал­кан­ски­те пра­ша­ња и за во­ве­ду­ва­ње­то ка­кви би­ло санк­ции кон нив – не­ма кон­сен­зус. Нив­ни­те ин­те­ре­си се до­та­му зап­ле­тка­ни што ма­кси­му­мот што мо­же да го изв­ле­чат во овој ре­ги­он е да за­вр­шат со со­ве­то­дав­ни „ус­лу­ги“ и ве­ту­ва­ње за членс­тво во Уни­ја­та ко­ја им е на стак­ле­ни но­зе ток­му по­ра­ди нив­ни­те вна­треш­ни тур­бу­лен­ции.

Зби­рот на си­те овие со­би­ти­ја е де­ка ка­ко што ми­ну­ва вре­ме­то, та­ка им гас­не ен­ту­зи­јаз­мот на СДСМ, кои за­бре­вта­ни од са­ми­от старт на ве­те­на­та по­бе­да се соп­наа на еден го­лем ка­мен – на на­ро­дот, кој мно­гу бр­зо го про­чи­та на­ци­о­нал­но­то пре­дав­ство кое го пла­ни­раа се­то вре­ме за бе­ском­про­мис­но зграп­чу­ва­ње на вла­ста. Од глад во очај.

Се­га вле­гоа во бла­га хи­бер­на­ци­ја и ис­че­ку­ва­ње кој по­тег ќе им се на­ло­жи од­над­вор, а би­деј­ќи и од­над­вор гас­не же­шка­та под­др­шка, се­кој час им е из­гу­бен и ча­сов­ни­кот от­чу­ку­ва за из­бо­рот на на­ро­дот. За нив би­јат кам­ба­ни­те.

Извор: Република.мк

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: Мораме ли?!

10.03.2017 година –

Ха­ле­е­ва­та ко­ме­та, ко­ја се ја­ву­ва на се­кои 75-76 го­ди­ни, и ед­вај и ја фа­ќа­ме опа­шка­та од неј­зи­но­то про­ле­ту­ва­ње, на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, сим­бо­лич­но, се пре­поз­на­ва со ини­ци­ја­ли­те ЗЗ, а ко­га ќе ус­пе­ат да ја „фа­тат“ по­ли­тич­ки­те ра­да­ри, ѝ ста­ва­ат ра­бот­но име Зо­ран За­ев. Ќе се по­ја­ви и ќе ис­чез­не на се­оп­што чу­де­ње на це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род, кој во грч оче­ку­ва ко­ја вре­мен­ска не­по­го­да, бу­ра или ме­те­ор ќе го исфр­ли за пак да ис­чез­не без тра­га и глас.

На пос­лед­но­то пре­ле­ту­ва­ње стар­ту­ва­ше со т.н. бом­би, па ис­чез­на, а со опа­шка­та ни го оста­ви СЈО, за по­втор­но да вле­та во ор­би­та­та со „пла­тфор­ма­та“ и дво­ја­зич­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја. Ште­ти­те се не­сог­лед­ли­ви ка­ко за др­жа­ва­та, та­ка и за иден­ти­те­тот на Ма­ке­до­не­цот. Со ог­лед на фа­ктот де­ка и За­ев е Ма­ке­до­нец, по опре­дел­ба и по по­тек­ло, не­ми­нов­но ми до­а­ѓа ед­на мис­ла од на­ши­от иде­о­лог и ре­во­лу­ци­о­нер Го­це Дел­чев, кој пре­крас­но ги опи­шал Ма­ке­дон­ци­те од тер­кот на Зо­ран За­ев: „Јас не поз­на­вам друг на­род што по­ве­ќе стра­дал од пре­дав­ства­та на сво­и­те си­но­ви-изро­ди ка­ко ма­ке­дон­ски­от. Исто­ри­ја­та не па­ме­ти друг та­ков при­мер ко­га еден ист на­род, по тра­ди­ци­ја, ја­зик, ве­ра, се раз­де­лу­ва на раз­ни спро­тив­ни стра­ни, ед­на од дру­га по­ту­ѓи“.

И та­ка раз­де­ле­ни и раз­бе­га­ни во де­бе­ла бу­си­ја, че­кај­ќи ја но­ва­та ди­ре­кти­ва од Ти­ра­на или од Бри­сел, од­вре­ме-на­вре­ме ќе се по­ја­ват со не­кој „би­сер“. Ме­ѓу­про­сто­рот го иско­ри­сту­ва­ат со нај­цр­на кам­па­ња про­тив по­ли­тич­ки­от ри­вал и акту­ел­на­та власт (па­тем и по­бед­ни­ци на пос­лед­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри) пре­ку нив­ни­те кла­сич­ни ме­ди­ум­ски про­па­га­то­ри. Се раз­би­ра, ни­ка­де ги не­ма на де­ба­та, оние кои тол­ку мно­гу пла­чеа и ле­ле­каа за де­ба­ти. Са­ми со се­бе ди­ску­ти­ра­ат, се над­му­дру­ва­ат без ни нај­ма­ла по­тре­ба да го слуш­нат спор­тив­ста­ве­но­то мис­ле­ње. Ро­го­ви­те на­пред и пра­во во ѕид! За да не ис­чез­нат це­лос­но од по­ли­тич­ка­та сце­на, ќе пу­штат не­кој од КОС-ов­ски­те офи­це­ри, ка­ко Ти­то Пе­тков­ски, да ни ка­же што е след­но од мрач­но­то сце­на­рио за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та. Па, ве­ли де­ка во на­ред­ни­те ме­се­ци до­маш­ни и стран­ски екс­пер­ти ќе де­ба­ти­ра­ат за про­ме­на на зна­ме­то, хим­на­та и на гр­бот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?! Нѐ под­го­тву­ва за ме­ко при­зем­ју­ва­ње, она­ка ка­ко што нè под­го­тву­ва­ше Бор­јан Јо­ва­нов­ски де­ка пр­ва­чи­ња­та вед­наш тре­ба да поч­нат да учат ал­бан­ски ја­зик. И по ова, кол­ку и да зву­чи кли­ше, ре­ал­но­ста е де­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на­ви­сти­на е на­пад­на­та др­жа­ва. По­тен­ци­рам, до­маш­ни­ве ни ка­жу­ва­ат де­ка од пр­во од­де­ле­ние тре­ба да учи­ме ал­бан­ски, а стран­ци ќе де­ба­ти­ра­ат за про­ме­на на ма­ке­дон­ска­та хим­на, грб и зна­ме! Очиг­лед­но де­ка дла­бо­ко за­га­зив­ме во пси­хо­ло­шка вој­на, со не­из­ве­сен раз­вој, но фа­ктот де­ка сме на­пад­на­ти е – не­по­би­тен!

Це­ла кам­па­ња го слу­шав­ме Зо­ран За­ев ка­ко ни збо­ру­ва за 30.000 де­на­ри пла­та, 1.000 евра по се­мејс­тво, вра­ќа­ње на ДДВ кај гра­ѓа­ни­те, уки­ну­ва­ње на ра­ди­о­ди­фуз­на­та та­кса, де­ка дво­ја­зич­но­ста е са­мо во гла­ви­те на Гру­ев­ски и на Ми­јал­ков и де­ка не бил раз­бран во Швај­ца­ри­ја. За на кра­јот, се­пак, од ег­зи­стен­ци­ја­та-сто­ма­кот да удри ди­рект­но во ср­це­то. Да не беа Бу­јар Ос­ма­ни и Ар­тан Гру­би, не­ма­ше ни да зна­е­ме што нѐ че­ка би­деј­ќи Ха­ле­е­ва­та ко­ме­та кру­же­ше по ам­ба­са­ди­те кои му ја одре­ду­ваа тра­е­кто­ри­ја­та по ко­ја ќе оди, што да ка­же и што да на­пра­ви.

Ко­га сме кај ДУИ, ре­жи­се­ри­те на фил­мот „Са­мо­у­ни­шту­ва­ње“, гос­по­да­та Те­у­та Ари­фи, Изет Ме­џи­ти и Нев­зат Беј­та, оче­ку­вам да ја до­би­јат на­гра­да­та „Злат­на ма­ли­на“ на след­ни­те из­бо­ри, и тоа ло­кал­ни, ка­де што на сме­тка­та на нив­но­то са­мо­у­ни­шту­ва­ње ка­ко фе­никс ќе ги воз­диг­нат Мен­дух Та­чи и не­го­ва­та ДПА. Но, за ова во не­ко­ја мно­гу бли­ска при­го­да.

На Зо­ран За­ев му е гу­сто. Ова ра­ко­водс­тво на СДСМ знае де­ка не е 1995 го­ди­на и де­ка на­ро­дот не го да­ва сво­е­то. Се­којд­нев­но по ули­ци­те во по­ве­ќе гра­до­ви во зем­ја­ва 60-70.000 гра­ѓа­ни про­те­сти­ра­ат про­тив по­ли­ти­ка­та на СДСМ . По­ве­ќе од ед­на тре­ти­на од нив гла­са­ле или се чле­но­ви на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз. Зна­ат и оче­ку­ва­ат де­ка тен­зи­ја­та рас­те и де­ка бро­јот на не­за­до­вол­ни­те од не­го­ва­та по­ли­ти­ка ќе ста­ну­ва сѐ по­го­лем и по­го­лем.

А, ко­га на Зо­ран За­ев му е гу­сто, тој вед­наш го при­ти­ска цр­ве­но­то коп­че и СЈО пра­ви спе­кта­ку­лар­на прес-кон­фе­рен­ци­ја. На пос­лед­на­та од нив, Ка­ти­ца Ја­не­ва се по­жа­ли де­ка ин­сти­ту­ци­и­те не го по­чи­ту­ва­ат СЈО и де­ка ќе под­не­се туж­би про­тив нив. Да­ма­та ни­ка­ко да сфа­ти де­ка СЈО не го по­чи­ту­ва­ат ни­ту мно­зинс­тво­то од гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ин­сти­ту­ци­и­те не ја по­чи­ту­ва­ат за­тоа што таа не е устав­на ка­те­го­ри­ја, а гра­ѓа­ни­те не ја по­чи­ту­ва­ат за­тоа што иста­та прет­ста­ву­ва кла­си­чен ег­зе­ку­тор на по­ли­ти­ка­та на СДСМ и не­го­во­то ра­ко­водс­тво. Мно­гу по­си­лен е впе­ча­то­кот де­ка по­ле­ка СЈО се пре­тво­ра во „пе­ач­ко друш­тво“ кое пре­тен­ди­ра на „Злат­на бу­ба­ма­ра на го­ди­на­та“, кое про­пе­ју­ва ток­му на да­де­на ин­то­на­ци­ја.

Но, ра­бо­та­та кај нас е да­ле­ку од пес­на. Ду­ри по­ве­ќе, со­стој­ба­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е мно­гу се­ри­оз­на. Единс­тве­на ин­сти­ту­ци­ја во оваа др­жа­ва со полн кре­ди­би­ли­тет да­ден од гра­ѓа­ни­те, да­ден на не­по­сред­ни из­бо­ри, е пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ѓор­ѓе Ива­нов. Ту­ка во на­ред­ни­от пер­и­од ќе се кр­шат коп­ја­та и ќе се од­мо­ту­ва клоп­че­то за тоа во кој пра­вец ќе про­дол­жи да се дви­жи др­жа­ва­та.

Ива­нов тре­ба да ја до­не­се од­лу­ка­та во сог­лас­ност со Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и во сог­лас­ност со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци што жи­ве­ат во неа. Не тре­ба да го де­фо­ку­си­ра­ат ка­кви би­ло из­ја­ви од Бри­сел, оној ист Бри­сел што сто па­ти по­вто­ри де­ка не­ма да се ме­ша во фор­ми­ра­ње­то вла­да, но не из­др­жа ср­це ју­нач­ко – се за­ме­ша. Па, ни ис­пра­ти­ја абер пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ѓе Ива­нов час по­ско­ро по­втор­но да го да­де ман­да­тот. Ср­це­то на Евро­па, слу­чај­но или на­мер­но, ка­ко да за­бо­ра­ва де­ка е сѐ по­из­вес­но оти во Фран­ци­ја ќе по­бе­ди Ма­ри ле Пен, ко­ја нај­а­ви из­ле­гу­ва­ње на зем­ја­та–ос­но­вач од Европ­ска­та уни­ја. И, за жал, гле­да­ме де­ка ва­ква енер­ги­ја ве­ќе сѐ по­ве­ќе се ши­ри и во Ита­ли­ја, Хо­лан­ди­ја и Ун­га­ри­ја… Имам чув­ство де­ка ЕУ се од­не­су­ва ка­ко да­ма на ко­ја ѝ отка­жу­ва­ат три стен­да на ср­це­то и го гу­би пул­сот, до­де­ка таа се фо­ку­си­ра на мар­ги­ни­те или на тоа да­ли има фран­цу­ски ма­ни­кир на ра­це­те. Не тре­ба да го де­фо­ку­си­ра ни­ту ми­ни­сте­рот на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја за Евро­па и за Аме­ри­ка, кој „слу­чај­но“ дој­де на де­нот ко­га ДУИ од­лу­чу­ва­ше да­ли ќе ги да­ва пот­пи­си­те за ман­да­тар на СДСМ?! Исти­от тој, кој ни да­де под­др­шка за пра­ве­ње ре­фор­ми со цел по­бр­зо зач­ле­ну­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во Европ­ска­та уни­ја, а при­тоа не­го­ва­та Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја ту­ку­што из­ле­зе од Уни­ја­та.

Што са­кам да ка­жам: Кра­тко­то, но и по­дол­го исто­ри­ско па­ме­те­ње го­во­ри де­ка при­ти­со­ци од ко­ја би­ло стра­на кон ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри има­ло, има и ќе има. При­ти­со­ци­те се за­бо­ра­ва­ат, но од­лу­ки­те на на­ши­те по­ли­ти­ча­ри оста­ва­ат трај­ни бе­ле­зи. Кој се се­ќа­ва од ка­де сѐ не до­а­ѓаа при­ти­со­ци во 1995 го­ди­на ко­га го сме­нив­ме зна­ме­то? Ама горч­ли­ви­от вкус во уста­та и сме­не­то­то зна­ме – оста­наа. Кој се се­ќа­ва на си­те при­ти­со­ци што до­а­ѓаа во 2001 го­ди­на од екс­дип­ло­ма­ти и се­га ве­ќе за­бо­ра­ве­ни по­ли­ти­ча­ри за да се пот­пи­ше Рам­ков­ни­от до­го­вор. Ама Стру­га, Ки­че­во, а бо­га­ми и Скоп­је до­би­ја но­ва де­мо­гра­фи­ја и нов лик.

Одам­на ве­ќе не ва­жи ма­кси­ма­та де­ка се­кој на­род зас­лу­жу­ва она­ква вла­да ка­ква што си из­брал за­тоа што вла­ди­те, па и по­ли­ти­ча­ри­те, се мно­гу че­сто мен­ли­ва ра­бо­та, а на­ро­дот ги тр­пи пос­ле­ди­ци­те и мо­ра да жи­вее со од­лу­ки­те што тие ги до­не­ле во опре­де­лен исто­ри­ски пер­и­од. А, ова за Ма­ке­до­ни­ја не­сом­не­но е исто­ри­ски пер­и­од. Си­те се ед­но­душ­ни де­ка ток­му се­га ги ис­пи­шу­ва­ме исто­ри­ја­та и ид­ни­на­та. Пра­ша­ње­то е са­мо ка­ква. Онаа ко­ја ја по­са­ку­ва­ме или онаа ко­ја мо­ра­ме. Мо­ра­ме ли?!

Извор: Република.мк

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: Платформата пред Троја

15.02.2017 година –

По­ли­тич­ка­та кри­за во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја по­ле­ка за­ли­чу­ва на ед­на бе­скрај­на спи­ра­ла ко­ја са­мо ис­пи­шу­ва но­ви и но­ви кру­го­ви без изг­ле­ди за крај. Са­мо од­вре­ме-на­вре­ме, мо­но­то­ни­ја­та на не­дог­лед­ли­во­то фор­ми­ра­ње но­ва вла­да ја раз­би­ва­ат пет клуч­ни оп­ции кои по пра­ви­ло ги из­го­ва­ра ДУИ. При­тоа, си­те ком­би­на­то­ри­ки се вр­тат око­лу онаа фа­моз­на пла­тфор­ма за ко­ја ни­кој не са­ка да ко­мен­ти­ра, а тие ул­ти­ма­тив­но ја по­ста­ви­ја на по­ли­тич­ки­от пи­е­де­стал во Ма­ке­до­ни­ја

И не­ка­ко, до­де­ка ста­ну­ва сѐ по­јас­но де­ка ДУИ, ва­ка или она­ка, ста­ну­ва клуч­ни­от играч во фор­ми­ра­ње­то вла­да, ми на­ви­ра ед­на исто­ри­ска по­го­вор­ка од ан­тич­ко вре­ме :„Не им ве­ру­вај на Да­нај­ци­те ни­ту да­ро­ви ко­га но­сат“. Се пра­шу­вам да­ли да­нај­ски­от по­да­рок го но­си ДУИ? Кој ќе го зе­ме да­рот (пла­тфор­ма­та), тој си­гур­но ќе „из­го­ри“ без шан­си да се во­зоб­но­ви во бли­ска или да­леч­на ид­ни­на.

Отка­ко уви­доа де­ка Рам­ков­ни­от до­го­вор не мо­же да ги по­стиг­не нив­ни­те вир­ту­ел­но за­цр­та­ни це­ли и за­вид­ни апе­ти­ти, при­бег­наа кон ед­на итро­шти­на ста­ра по­ве­ќе од 3.000 го­ди­ни, па од­лу­чи­ја да со­ста­ват еден Тро­јан­ски коњ кој­што ќе им се по­ну­ди на две­те до­ми­нант­ни ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки пар­тии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во знак на не­ко­ја по­са­ку­ва­на европ­ска ид­ни­на.

Но, да ни е јас­но: ту­ка ни­што не е ни­ту цр­но ни­ту бе­ло. Си­во е! Ед­на го­ле­ма по­ли­тич­ка маг­ла ко­ја кон­ти­ну­и­ра­но ни ја пу­шта ДУИ во пос­лед­ни­те три­е­се­ти­на де­на, во ко­ја се ме­ша­ат на­вод­на гри­жа за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја, за си­те на­ци­о­нал­но­сти во неа, за на­вод­на ста­бил­на вла­да, за кре­ди­бил­ни ин­сти­ту­ции и европ­ска ид­ни­на на др­жа­ва­та, а, всуш­ност, ДУИ мис­ли са­мо за се­бе и за ни­кој друг. Пар­ти­ја­та на Али Ах­ме­ти, ко­ја за­гу­би по­ве­ќе од 40 от­сто од гла­со­ви­те на сво­јот еле­кто­рат и ве­ќе не е единс­тве­ни­от кру­пен прет­став­ник на Ал­бан­ци­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, е пар­ти­ја од ко­ја­што ка­та­ден слу­ша­ме раз­ног­ла­си­ја во по­ли­тич­ки­те ста­во­ви, и тоа од нај­ви­со­ки­те ра­ко­вод­ни стру­кту­ри.

Се­га иста­та таа и та­ква пар­ти­ја нѐ убе­ду­ва де­ка е хо­мо­ге­на, де­ка таа е клу­чот на си­те проб­ле­ми во Ма­ке­до­ни­ја и де­ка не са­мо на Ал­бан­ци­те, ту­ку тие мис­ле­ле и на ид­ни­на­та на Ср­би­те, на Ро­ми­те, на Вла­си­те и, се раз­би­ра, на Ма­ке­дон­ци­те. Но, не мо­же да би­де маг­ла­та тол­ку гу­ста кол­ку што е очиг­лед­на не­дос­лед­но­ста на раз­ни­ша­на­та ДУИ. Упор­но нѐ за­ма­ју­ва­ат де­ка тие ре­ша­ва­ат не­што су­штин­ски бит­но за др­жа­ва­та, а, всуш­ност, сѐ се све­ду­ва на „ку­пи ден, про­дај“ ако мо­же до 5 март ко­га тре­ба да се рас­пи­шат ло­кал­ни­те из­бо­ри, на кои ќе се оби­дат да го на­до­ме­стат се­то она што го за­гу­би­ја на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри. До то­гаш ма­ке­дон­ска­та јав­ност тре­ба да би­де во за­лож­нич­ка кри­за. За­тоа, пак, по тој да­тум, во нив­ни­те „до­маш­ни“ еса­пи оче­ку­ва­ат да из­ле­зат ка­ко по­бед­ни­ци и чу­ва­ри на ал­бан­ска­та ка­у­за (дво­ја­зич­ност пред сé, па пос­ле вла­да) и ќе ко­а­ли­ци­ра­ат со тие што најм­но­гу ќе им удо­во­лат на ба­ра­ња­та.

Ме­ѓу­тоа, да не за­бо­ра­ви­ме де­ка во ан­тич­ка­та из­ма­ма и во „др­ве­ни­от коњ“ не се са­ми. Ту­ка се и Али­јан­са­та на Зи­ја­дин Се­ла, кој ве­ли „пр­во до­не­су­ва­ње за­кон во кој ал­бан­ски­от ја­зик ќе би­де втор служ­бен ја­зик во Ма­ке­до­ни­ја на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на др­жа­ва­та, па по­тоа вла­да“, но и Бе­са кај ко­ја си­те оп­ции за­вр­шу­ва­ат со це­лос­но при­фа­ќа­ње на пла­тфор­ма­та.

Но, на игра­та за вре­ме­то на ДУИ во­оп­што не им по­го­ду­ва не­стан­дард­на­та со­стој­ба во Ма­ке­до­ни­ја за­што кај нас ни­ко­гаш не­ма­ме са­мо две стра­ни во пре­го­ва­рач­ки­от про­цес (власт и опо­зи­ци­ја), ту­ку ту­ка е и за­дол­жи­тел­на­та тре­та стра­на, од­нос­но ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Е таа е мал­ку по­не­стрп­ли­ва од Ах­ме­ти и ве­ли де­ка е по­треб­но час по­ско­ро да се фор­ми­ра вла­да. Па, ду­ри Евро­пеј­ци­те се над­ми­наа се­бе­си. Го слу­шам Жбо­гар кој ве­ли: „Не е бит­но кој ќе ја фор­ми­ра вла­да­та, бит­но е таа да се фор­ми­ра по­бр­зо ,а по­мал­ку е важ­но кој сѐ ќе учес­тву­ва во неа“.

На Евро­па ѝ се бр­за, по це­на и на ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја, но за­бо­ра­ва­ат де­ка на овие из­бо­ри има и по­бед­ни­ци и по­ра­зе­ни. Де­ка на овие из­бо­ри гра­ѓа­ни­те гла­саа за про­гра­ми и ви­зии за Ма­ке­до­ни­ја, а де­нес има­ме оби­чен па­зар за не­ко­ја пла­тфор­ма ко­ја не ни по­сто­е­ше за вре­ме на из­бо­ри­те и ко­ја ни ја изра­бо­ти­ја ек­сте­ри­то­ри­јал­но, во со­сед­ни­те др­жа­ви, а гра­ѓа­ни­те од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја не се ни из­јас­ни­ја што мис­лат за неа. Со еден збор, кол­ку и да ни изг­ле­да де­ка е аро­гант­но и пре­чув­стви­тел­но, мо­же­би Жбо­гар ја збо­ру­ва и ви­сти­на­та: „Дај фор­ми­рај­те вла­да што по­ско­ро, да не му тек­не на уште не­кој со­сед, Да­на­ец или Тро­ја­нец, да ви скрои уште не­ко­ја пла­тфор­ма или, не дај бо­же, ма­па, па ду­ри то­гаш да вле­зе­те во бе­скрај­ни пре­го­во­ри не са­мо за вла­да, ту­ку и за уни­тар­но­ста, иден­ти­те­тот, па и за оп­ста­но­кот на др­жа­ва­та“.

А, ние Ма­ке­дон­ци­те, поз­на­ти по кра­тко­то пом­те­ње, за вре­ме на из­бор­на­та кам­па­ња и прет­ход­но раз­го­ва­рав­ме за сѐ освен за пла­тфор­ма­та, ко­ја не ни по­сто­е­ше. Се­га, пак, раз­го­ва­ра­ме са­мо за пла­тфор­ма­та, ка­ко ни­што дру­го да не по­стои. Или да зак­лу­чам, ние Ма­ке­дон­ци­те са­ми си ги пом­но­жив­ме из­бо­ри­те со ну­ла и се­га ни е кри­во ко­га не­кој друг ќе ни го ка­же исто­то со по­лу­дип­ло­мат­ски реч­ник.

Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е пар­ла­мен­тар­на др­жа­ва. Вла­ста се до­би­ва и се гу­би на из­бо­ри, а не на зе­ле­на ма­са. На из­бо­ри се оди со про­гра­ма во ко­ја се суб­ли­ми­ра­ни си­те про­ек­ции за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та. По­тоа, по­ли­тич­ки­те ли­де­ри се од­го­вор­ни за спро­ве­ду­ва­ње на иста­та. Ту­ка поч­ну­ва и за­вр­шу­ва нив­на­та об­вр­ска кон на­ро­дот и кон гра­ѓа­ни­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. От­та­му, две­те клуч­ни по­ли­тич­ки фи­гу­ри во зем­ја­та, и Гру­ев­ски и За­ев ка­ко ли­де­ри на две­те нај­го­ле­ми по­ли­тич­ки пар­тии, ќе ја по­не­сат и од­го­вор­но­ста за тоа кол­ку др­жа­ва­та ја по­дре­ди­ле на сво­и­те про­гра­ми или ја жр­тву­ва­ле за го­ла власт во пол­за на вир­ту­ел­ни пла­тфор­ми. Ви­дов­ме што мис­ли Гру­ев­ски за таа пла­тфор­ма со са­мо­то вра­ќа­ње на ман­да­тот.

Пред два­е­се­ти­на го­ди­ни, ко­га имав­ме скром­но пар­ла­мен­тар­но и де­мо­крат­ско искус­тво, Ма­ке­до­ни­ја вле­зе во ед­на ва­ква по­стиз­бор­на трик-зам­ка ко­га со раз­ни за­ме­ша­телс­тва и при­ти­со­ци, над­вор од из­бо­ри и над­вор од се­на­род­но из­јас­ну­ва­ње, ни ги сме­ни­ја и име­то и зна­ме­то, па ден-де­нес ги вле­че­ме пос­ле­ди­ци­те и на до­ма­шен и на ме­ѓу­на­ро­ден план. Се­га ба­рем има­ме искус­тво по­ве­ќе де­ка сѐ што ќе се „спа­ку­ва“ над­вор од очи­те и жел­ба­та на на­ро­дот, но­си са­мо ште­та.

Кој од ма­ке­дон­ски­от блок ќе со­бе­ре си­ла да при­ми уште еден „тро­јан­ски коњ“ во сво­јот двор е, мо­же­би, су­штин­ско­то пра­ша­ње за кое ќе се го­во­ри во ид­ни­на. Ту­ка, всуш­ност, и се од­мо­ту­ва спи­ра­ла­та на не­из­вес­ност. Но, вла­да, се­ка­ко, ќе има!

Извор: Република.мк

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: „Крамер против Крамер“

31.01.2017 година –

Откажувањето на Специјалното јавно обвинителство од натамошно гонење на Зоран Заев и неговата логистика олицетворена во Зоран Верушевски и два-три споредни лика кои вршат исклучително неспоредни работи го отвори или затвори најголемиот судски трилер во самостојна Македонија, на кој можеме слободно да му ставиме филмски наслов „Крамер против Крамер“

Неуставното СЈО од првиот ден на своето основање отвори јавна војна против легитимното Јавно обвинителство во државата, па така „обвинителство против обвинителство“ стана една бескрајна приказна која го забавува, пали и расплакува македонскиот народ веќе втора година.

Она што СЈО сакаше да му го залепи како најгрда етикета на Јавното обвинителство, дека е нетранспарентно, субјективно, пропартиско и диригирано, СЈО сега го прави стопати посилно и во уште погрда форма. Ајде да се потсетиме:

СЈО беше формирано непосредно по Договорот од Пржино, што ние од ГРОМ точно го именувавме како „пржинска измама“. Клучниот предмет за кој се формираше СЈО беше „Пуч“. Со него требаше да се реши кој прислушувал, кој го нарачал прислушувањето, за кои цели и кој го платил, со оглед на фактот дека беа најдени поголема сума пари кај луѓето што го признаа делото.

Ама, нели, станува збор за пржинска измама, предметот „Пуч“ во изминатиот период беше 12 пати одложуван од Катица, Заев и од неговите адвокати и, за волја на вистината, двапати поради болест и смена на поротник, за да во вештачкиот вакуум успеат да купат време отворајќи разни небулозни предмети, како „Тврдина“ и што ли уште не, а целта, и тогаш и сега, тврдам дека е да не се дознае кој ги вршел прислушувањата во Република Македонија. Тоа е приоритет број 1! Всушност, интенцијата е да ставиме сѐ под тепих и да констатираме пред целиот свет дека Груевски, Мијалков и Јанкуловска цело време сами се прислушувале (нема да навлегувам во лагите на Заев кога на прес-конференција изјави дека од државата само Груевски и Мијалков не биле прислушувани?!). А, човекот може и не лажел, едноставно – не знаел. Како дозирано му ги давале податоците и сознанијата, така како што му прилега, истрчуваше на прес.

Бидејќи предметот „Пуч“ е повлечен, се разбира, најкукавички што можеше, со соопштение пред еден од најголемите христијански празници, Водици-Богојавление, што, значи СЈО се јави – навистина се јави во неговото вистинско светло!

Односно, со тоа си ставија печат за сопствено самораспуштање пресекувајќи го темелот врз кој се основани.

Ќе останат да висат во јавноста крупното прашање и дилема како „најистакнатите и најголеми борци“ за човекови права, слобода, демократија и за транспарентност не дозволија јавноста (таа која во континуитет ја замајуваат со фати-пушти недовршени случаи) да види дали Заев од четирите посети на премиерскиот кабинет на Илинденска само барал предвремени парламентарни избори или, пак, мавтал со цедеа со снимени приватни телефонски разговори и уценувал со нив. Јавноста ќе остане во дилема и за тоа што навистина е одземено од семејниот дом на Верушевски на 22 јануари 2015 година, што криеле во неколкуте лаптоп-компјутери и во шесте мобилни телефони што летаа низ прозорец од куќата во паника и безумие. Јавноста сѐ уште ќе остане без одговор и за тоа што имало во пронајдените илјадници фајлови и снимени разговори во компјутерите на Верушевски, кои документи ги преведувала неговата сопруга, како и, се разбира, кој е премиерот на државата што наводно му нуди азил на Верушевски?!

Ова се најинтригантните и најкрупни прашања за државата и граѓаните кои живеат во неа, ова се прашања поврзани со безбедноста на сите два милиона жители! Наместо тоа, СЈО прибегнува кон друг трик, за јавноста да не зборува за овие прашања, па, повторно, преку „Фејсбук“, нѐ замајува со озборувања од типот дали требало да се купи „мерцедес“ или возило од друг производител?! За тоа време, за жал, суштината ни бега.

Исто така, претпоставувам, во ваков стил ќе останат неодговорени и прашањата за тоа против кои сѐ обвинители и истражители од СЈО има поднесено кривични пријави, дали навистина се заканувале и изнудувале изјави од сведоци, што стана со пријавата, односно претставката од еден управен судија против обвинител во СЈО, дали кривичните пријави од МВР против обвинители и истражители од СЈО ќе добијат судски епилог. И уште дузина дилеми.

Помина веќе една година, а СЈО не дава документи за ниту еден од овие случаи..

Она што ќе остане е следново: Неколку луѓе од водачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се влечат по судови за искреирани сензационалистички приказни, додека, пак, водачите на СДСМ ќе си седат во топлите канцеларии на Бихаќка, ќе се возат по јахти, зимски центри и егозотични дестинации. Ова јавноста не смее ниту да го заборави ниту да го дозволи. Не може сѐ да заврши со „пу, пу се шегувавме“.

И онака, најтривијално, човечки, па и озборувачки нешто останува да копка: Нели малку ѝ фали на јавноста како тоа во неврзан разговор Заев ја ословува Шекеринска, како Стево Пендаровски го оспорува легитимитетот на својот лидер во скопските кафеани и слични „будалаштини“ кои се во доменот на приватноста на „чесните“ опозиционери. Дали тие од СДСМ се само господа во свилени и бели ракавици кои глумат „нобл“, а меѓусебно се пцујат како кочијаши. Но, нејсе.

На крајот, уште еднаш сакам да го повторам ставот на ГРОМ, а тоа е дека со откажувањето од гонење во случајот „Пуч“, се отвораат вратите за натамошни нови аболиции бидејќи неспорен факт е дека овој потег на СЈО е уште една, нова и оригинална аболиција на Зоран Заев, и тоа од неуставното СЈО.

Единствената институција во државата што во согласност со Уставот и законите во Република Македонија може да даде аболиција е Претседателот на државата. Кога Ѓорѓе Иванов потпиша десетици аболиции, ГРОМ, принципиелно, беше првата политичка партија во РМ која ги оспори истите, не како правно неиздржани, туку како политички некоректни. Затоа што судот е тој што е надлежен и одлучува.

Затоа принципиелно, предупредуваме дека оваа аболиција кон Заев и објективно го отвора патот кон можни нови аболиции. Тогаш, сега тивките, да не речам замолчени борци за слобода, демократија и транспарентност, не ќе имаат кредибилитет да оспоруваат што било.

И како за крај, не е важно дали Заев ќе добие уште некоја аболиција плус, туку тоа што единствени кои секојдневно губат се граѓаните на Република Македонија.

Извор: Република.мк

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: Празен џокер!

13.01.2017 година –

Да се има по­ли­тич­ка плат­­фор­ма, па ду­ри и на­ци­о­на­ли­стич­ка, е со­се­ма ле­ги­тим­но, ду­ри и ве­ќе сто­па­ти ви­де­но. Се со­ста­ву­ва, се дек­ла­ри­ра и се из­ло­жу­ва пред на­ро­дот, од­нос­но пред гра­ѓа­ни­те. И тие, по­тоа, на из­бо­ри се из­јас­ну­ва­ат за неа: ја при­фа­ќа­ат или не

Ва­ка би тре­ба­ло да изг­ле­да нор­мал­ни­от тек на ра­бо­ти­те. Но, не­ли, кај нас сѐ е пре­вр­те­но на гла­ва, па и пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок што ни ја ис­по­ра­чаа до­маш­ни­те по­ли­ти­ча­ри отка­ко „вкус­но“ им ја зго­тви­ја ве­шти­те ку­ли­на­ри во При­шти­на и во Ти­ра­на, па на за­маг­ле­на­та по­ли­тич­ка сце­на се по­ја­ви ка­ко „џо­кер во по­кер“. Ко­му му тре­ба­ше оваа пла­тфор­ма? На ДУИ? Мо­же­би, за­тоа што оваа пар­ти­ја, спо­ред но­ми­нал­ни­те ре­зул­та­ти, и на­та­му е „ал­бан­ски по­бед­ник“ во Ма­ке­до­ни­ја, но спо­ред по­ли­тич­ко­то па­ме­те­ње и акту­ел­ни­от кон­текст на ра­бо­ти­те – ап­со­лу­тен гу­бит­ник со пре­по­ло­ве­ни гла­са­чи, а бо­га­ми и ман­да­ти во за­ко­но­дав­ни­от дом. Ра­ка на ср­це, Али Ах­ме­ти си има­ше сво­ја „ми­ни-пла­тфор­ма“, од­нос­но стол­бо­ви на из­бор­на­та про­гра­ма уште во старт, но ова не­ка­ко му до­а­ѓа ка­ко ек­стра-про­фит или ак­ци­за на лу­ксуз­на сто­ка.

На оста­на­ти­те по­ма­ли ал­бан­ски пар­тии, кои ед­вај сто­јат на стак­ле­ни но­зе? Да, па тие до­пр­ва тре­ба да се етаб­ли­ра­ат на по­ли­тич­ка­та сце­на. Зна­чи, на си­те им е до­бре­дој­де­на, по­себ­но што вле­гоа во ме­ќа­ва, од ко­ја не мо­же­ше до­крај да ги за­шти­ти ду­ри ни го­ле­ми­от ча­дор кој нон­стоп им е на рас­по­ла­га­ње. Е се­га, тоа што во пре­диз­бо­ри­е­то и кам­па­ња­та се кол­неа де­ка ни слу­чај­но не сед­ну­ва­ат ед­ни со дру­ги на ма­са, нај­ве­ро­јат­но мис­леа на до­маш­на­та тр­пе­за. Ама ко­га ста­ну­ва збор за зе­ле­на­та ма­са на Еди Ра­ма, ту­ка ра­бо­ти­те до­би­ва­ат нов ква­ли­тет… не­што по­мрс­нич­ко: „се­оп­фат­на де­ба­та за зна­ме­то, за хим­на­та и за др­жав­ни­от грб на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со цел др­жав­ни­те сим­бо­ли да ја реф­ле­кти­ра­ат оп­штес­тве­на­та мул­ти­ет­нич­ност и ет­нич­ка рам­но­прав­ност“. По тоа на Еди Ра­ма не му ги­не удел во се­оп­фат­на­та де­ба­та, ако не и ме­сто во хим­на­та на Ма­ке­до­ни­ја. Мо­ре и да го опе­ат. Не­што ка­ко: „Го­це Дел­чев, Пи­ту Гу­ли, Еди Ра­ма, Сан­дан­ски….“

Всуш­ност, да не се за­не­су­ва­ме. Се­то тоа што За­ев го нај­а­ву­ва­ше и ве­ту­ва­ше во бе­ли ра­ка­ви­ци, ама и по­о­тво­ре­но, всуш­ност, со пла­тфор­ма­та си до­би сво­ја рам­ка (ка­ко што ни по­ра­ча од Берн, Рам­ков­ни­от до­го­вор е мал, ни тре­ба по­го­ле­ма рам­ка – еве ја!) и ни се ис­по­ра­ча уште во пр­ва­та не­де­ла по офи­ци­јал­но­то за­вр­шу­ва­ње на из­бо­ри­те. И за таа рам­ка, ко­ја се­га е пла­тфор­ма, што би ре­кол Ге­ро, вто­ра­та по го­ле­ми­на ал­бан­ска пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја – СДСМ сѐ уште не­ма сопс­твен став. Го не­ма за­тоа што или За­ев е лут за­што не бе­ше по­ви­кан ни­ту во При­шти­на ни­ту во Ти­ра­на или, пак, за­тоа што има проб­ле­ми во пар­ти­ја­та.

Ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри, „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, ка­ко и опо­зи­ци­ска­та Ле­ви­ца и дру­ги сло­бод­ни стрел­ци бли­ски до опо­зи­ци­ски­от фронт, во старт ја осу­ди­ја оваа пла­тфор­ма и иска­жаа огром­но раз­о­ча­ру­ва­ње од неа. Очиг­лед­но, ни­ту ме­га­фо­ни­те на опо­зи­ци­ја­та и нив­ни­те глав­ни „опи­ни­он­меј­ке­ри“ не мис­ле­ле де­ка За­ев е тол­ку се­ри­о­зен во сво­и­те ста­во­ви, и во Берн, и во кам­па­ња­та, па се нај­доа и тие вчу­до­ви­де­ни. Тол­ку си ве­ру­ва­ат ме­ѓу­себ­но!? А За­ев очиг­лед­но ус­пеа да ги „пре­вес­ла“ и ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри и не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи и членс­тво­то во пар­ти­ја­та. А бо­га­ми и му­дри­те про­фе­со­ри и ака­де­ми­ци кои беа нај­гр­ла­ти­те.

Спо­ред ме­не, пла­тфор­ма­та на Еди Ра­ма е ре­то­ри­ка на кла­сич­но вра­ќа­ње во 90-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век. Уште во зад­ни­на фа­ли да оди не­ко­ја пес­на од „Guns and Roses“ и впе­ча­то­кот да би­де комп­ле­тен.

Да се вра­ти­ме на­зад на ком­би­на­то­ри­ки­те. Че­сто упо­тре­бу­ва­на­та фра­за „ви­сти­на­та е ка­ко ши­ло, кај и да ја со­кри­еш, ќе боц­не и ќе из­ле­зе на ви­де­ли­на“, всуш­ност, се слу­чу­ва. Ви­дов­ме кој за што се за­ла­гал. Кој ја бра­нел др­жа­ва­та, а кој ја пре­да­вал. „Ко­а­ли­ци­ја­та за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“ зас­лу­же­но из­би во пол-по­зи­ци­ја, не са­мо за фор­ми­ра­ње на оваа вла­да, ко­ја ќе би­де, спо­ред мое мис­ле­ње, со кра­ток здив, ту­ку уште по­ве­ќе, „да зга­зи“ на след­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. На нив, ве­ќе не­ма сом­неж, ќе до­бие по­ве­ќе пра­те­ни­ци откол­ку што ба­ра­ше да има на овие из­бо­ри, и тоа во нај­оп­ти­ми­стич­ка­та ва­ри­јан­та.

Ка­ко и да е, да не си ѝ во ко­жа на пр­ва­та ал­бан­ска пар­ти­ја – ДУИ, за­што е по­ве­ќе од свес­на де­ка на утреш­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри не ќе мо­же да освои гра­до­на­чал­нич­ко ме­сто ни­ту во Стру­га, ни­ту во Ча­ир, ни­ту во Те­то­во или Го­сти­вар без под­др­шка­та на оној што има на­ци­о­на­ли­стич­ка ре­то­ри­ка, па јав­но го ку­дат, а тај­но го по­са­ку­ва­ат. Да не си ѝ во ко­жа ни­ту на вто­ра­та ал­бан­ска пар­ти­ја – СДСМ, ко­ја не ус­пеа, иа­ко зап­ну­ва­ше од пет­ни жи­ли, со це­ла­та тр­го­ви­ја со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си и со сѐ што при­фа­ти да одра­бо­ту­ва, а, се­пак, не ус­пеа да се до­гра­би до вла­ста, па се­га са­мо че­ка да ги пре­зе­де во ра­це же­шки­те ко­сте­ни на пла­тфор­ма­та и до­крај да се де­ма­ски­ра. А, со тол­ку же­шти­на во ра­це­те не мо­же да не из­го­ри! За­што, ка­ко што сто­јат се­га ра­бо­ти­те, и ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри, и членс­тво­то, и нај­го­ле­ми­те глас­но­го­вор­ни­ци и ло­би­сти по­ве­ќе од јас­но сфа­ти­ја: Со За­ев не­ма играч­ка! Чо­ве­кот е „all in“ или по на­шки нав­ле­зен „до бал­чак“! За не­го не­ма на­зад!

Но, всуш­ност, ка­де се пре­и­граа? Не­за­вис­но од тоа да­ли ќе има вла­да фор­ми­ра­на од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ или ќе се оди на но­ви из­бо­ри, она што гра­ѓа­ни­те од ал­бан­ско­то мал­цинс­тво во Ма­ке­до­ни­ја уште ед­наш ќе им го ис­по­ра­ча­ат на нив­ни­те по­ли­тич­ки ли­де­ри и на гу­ру­то Еди Ра­ма е де­ка фил­мот со на­ци­о­на­ли­стич­ки­те то­те­ми, ста­ва­ње јар­бо­ли од 100 ме­тра, свет­леч­ки ор­ли и слич­ни фе­ти­ши е фа­за ко­ја одам­на е над­жи­ве­а­на и од­ми­на­та. Гра­ѓа­ни­те Ал­бан­ци, исто ка­ко и Ма­ке­дон­ци­те, мно­гу по­ве­ќе го раз­би­ра­ат ја­зи­кот на еко­но­ми­ја­та, прос­пе­ри­те­тот и ква­ли­те­тот на жи­ве­е­ње откол­ку праз­ни­те фло­ску­ли и из­на­си­ле­ни по­стиз­бор­ни пла­тфор­ми кои ве­ту­ва­ат не­што, а ре­ал­но – ни­што. Во нив не­ма ни­ту грам евро­ат­лан­ска перс­пе­кти­ва или во­ка­бу­лар на 21 век, она кон што теж­не­ат си­те иде­а­ли на мла­ди­те.

И по­втор­но не мо­жам да се из­на­чу­дам ка­ко гос­по­ди­нот Али Ах­ме­ти, кој де­це­ни­ја и пол е на по­ли­тич­ка­та сце­на во др­жа­ва­та, не ус­пеа да сфа­ти де­ка ле­ги­ти­ми­те­тот за по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње, ко­неч­но и за про­мо­ви­ра­ње раз­но-раз­ни про­гра­ми и пла­тфор­ми, се до­би­ва од гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а не од Ти­ра­на и од При­шти­на?!

Извор: Република

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: Стаклена тишина!

08.01.2017 година –

И покрај празничната еуфорија, која надве-натри ја протркалавме изморени од измачувачките избори, во воздухот остана да ечи запрепастувачки молк. Што, всушност, се случува на политичката сцена во Македонија? Громогласно ништо или нешто заткулисно. Ги нема „стандардните“ политички комбинаторики иако, повеќе од јасно, победникот е познат – тоа е „Коалицијата за подобра Македонија“, на второ место сосема (не)заслужено, со сестрана логистика, високо се искачи опозицискиот избор „За живот“, а остана да виси само јазичето на вагата (албанскиот политички блок), кое, нели, според доброконципираната замисла на „чадорот“, треба да претежне налево или надесно во формирање на идната македонска влада

Ајде да отвориме дел од можните комбинаторики. Доколку, како што е ред и поредок, односно во согласност со законот, најдоцна до 9 јануари, претседателот Иванов му го довери мандатот на победникот, односно на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш очекувано е тој да го повика победникот од албанскиот политички блок Али Ахмети и да формираат влада. Се разбира, таа со 61 пратеник би била на стаклени нозе и повеќе од очекувано е да ја зацврсти со уште еден албански партнер. Таквата влада би имала поддршка од минимум 63, а максимум 66 пратеници, која, исто така, ќе биде „климава“ ама не толку колку со едноставно просто мнозинство.

Доколку, пак, во Тирана е одлучено поинаку, и овие „полни со живот и радост“ што, конечно, стекнаа шанса да формираат влада, тогаш таа би броела меѓу 61 и 64 пратеници. Повторно „климава“!

И во двете сценарија не ја вклучувам Беса, не од субјективни причини, туку од некоја политичка антиципација дека неа како да ѝ е проектирано местото на дежурна опозиција која треба да мати водата за да не биде бистра, а по можност да добие и некоја позначајна улога на „5-6 степени по Рихтер“ ако тоа им е алтернативата на протекторите. Се разбира, и затоа што им веруваме дека со „криминалците од ДУИ во никој случај нема да седнат на иста маса“ (се разбира за Тирана тоа не важи!?) иако се знае дека без ДУИ, практично, не може да се формира влада.

Со оглед на целата ситуација, и на мало дете му е јасно дека Република Македонија мора да се соочи со уште едни предвремени парламентарни избори. Според мене, тоа не е ниту лошо ниту страшно, од аспект на демократијата, бидејќи на граѓаните им е повеќе од јасно, по овие избори, кој за што се залагал во оваа држава.

Но, затоа, пак, неминливо ми е чувството на горчина во устата дека токму оваа варијанта најмалку ја посакуваат надворешните ментори и кројачите на „животот“. Сценаристите си дозволија заслужен божикен одмор од сработеното и кои, всушност, ја посипаа државата со празнична летаргија, додека нивните ученици-извршители влегоа во политички целибат бидејќи и онака не знаат што треба и што имаат да кажат за иднината на Македонија. Медиумите молчат, герилата некако замре, дури нема ни дневна доза „плукање“, колку да држи „влага“ додека работите повторно не се разбуричкаат.

Доколку СДСМ, по некои екстремно радикални комбинаторики по странските зелени маси, успее да формира 69-мандатна влада, без ниту една албанска партија во опозиција, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ би останале единствена и осамена опозиција, на која веќе следните предвремени парламентарни избори сама ќе формира влада со 70 и повеќе сопствени места во Собранието. Од оваа опција им се крева коса на главата не само на домашните политички структури, туку и на сите оние амбасадори што не заминаа на „Божикен лов“.

Како и да свртиш, шегата настрана, Македонија веќе загази во втората фаза на латентна или поагресивна политичка дестабилизација. Дека не излеговме од криза ни е јасно, но како ќе се развива таа натаму можеме само да претпоставуваме. Доколку биде „латентна“, тоа значи влада на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и една од помалите албански партии која ќе нема да има двотретинско мнозинство при донесување на клучните системски закони во законодавниот дом, а со тоа и за витални реформи за државата. Софистицирана опструкција во „бели ракавици“.

Доколку, пак, некој одлучи да игра на картата на експлицитна криза, тоа значи влада на СДСМ, која повторно ќе нема двотретинско мнозинство, но, затоа, пак, ќе има отворен раздор во македонското ткиво, што само по себе е криза која ќе можеме да ја следиме со дрон по улиците низ Македонија кога ќе се разлеат 455.000 гласачи кои во старт ќе бидат помножени со нула.

Ваквиот, релативен исход не сум сигурен колку го предвидоа и го посакуваат странците, кои некако дискретно како да кажаа „ние до тука, а натаму сте сами“. А тие кутрите, сами ни до тоалет не одат. Две недели лабави, разбегани по туристички дестинации, типично за 10 години опозициско дејствување. СДСМ е СДСМ. Си дојде на своето: не прави ништо, само одвреме-навреме ќе промрмори нешто. Толку од државничкото во нив!

Од друга страна, да ја ставиш на улица победничката коалиција е состојба која никој, барем во Република Македонија, не ја посакува. Дури ниту оние најотворените „демократи и борци за човекови права“ од проевропска провиниенција затскриени зад превезот на „отворено општество“, кои, сепак, сами си влегоа во уста, со критиката и скепсата за перспективите на Европска унија, версус пенетрацијата на национални држави.

Реалноста на „Брегзит“, галопирачкиот раст на популарноста на Ле Пен, зголемувањето на евроскептицизмот во Италија, Австрија и во Унгарија сериозно го замислија дури и „гуруто“ на македонската опозиција, прочуениот филантроп Џорџ Сорос, кој отворено призна дека концептот на „отворена Европа“ благодарение на Германија и останатите доверители во ЕУ е речиси поразен. Згора на тоа е победата на Трамп во САД, која навестува поинтровертна политика на светскиот пример за демократско општество, а несветлата перспектива за онаа ЕУ за која, нели, сите сонуваме, е судбината на СССР во 90-тите години на минатиот век. Така мисли Сорос, а нему, нели, му веруваме?!

Независно од оваа скептична приказна на Сорос, Македонија, треба да ги гледа сопствените национални интереси, да ја јакне економијата и да продолжи да се движи кон западноевропските вредности. Се разбира за тоа и треба и капацитет и континуитет во една стабилна влада. Во овие десет години покажавме дека го имаме и дека го можеме и првото и второто.

Извор: Република

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: А, кој гласаше за криза?

23.12.2016 година –

Во Македонија имаше парламентарни избори! Да, ама… Нејсе, изборите завршија и ние сме на истото – на почетна точка. Состојба, која од политички и од теоретски аспект се нарекува криза. Избори кои покажаа многу и не донесоа ништо. Барем што се однесува на полето на поларизираноста меѓу граѓаните, стабилноста и државноста. Комплетно замешателство, пред, за време на и по нив

И во изборната кампања и во постизборието видовме дека ништо не е променето. Единствен човек во Република Македонија во овие две и пол години што беше над и надвор од сите закони и кој, што и да направи, успеваше да се исправа како руска бабушка е лидерот на опозицијата. Пали дневни огнови, се крие во бусија, излегува, пламнува, мешетари и пак се затајува. Две, три цунами сценарија и чека резултати. Се разбира, онакви какви што не може сам да постигне, туку треба некој да му ги испорача. Таквата скандалозна серија настани продолжува и по изборите. Кога требаше да се појави на суд во Куманово, очекувано не дојде, со бледо известување на судот дека мора да оди во Државната изборна комисија. Затоа, пак, сите ние видовме дека истиот ден беше на Широк сокак во Битола заедно со своите партиски пријатели, па дури оттаму, како што му прилега, бесрамно даде изјава за медиуми. Грст лаги околу наводни „телефонски слушања со Груевски“, некои пелтечења околу човековите права и некоја влада по теркот на ЕУ – онака како што тој ја перципира.

Потоа, имавме „случување“ кога тој ја оспоруваше релевантноста на јавниот обвинител во постапката „Пуч“ (она „легендарното“ негово барање поткуп, каде се „отвори до крај“ со именување на фирмите кои му давале пари по разработена шема). За негово и општо чудо, токму „неговото“ СЈО веднаш го демантираше дека против тој обвинител не се води никаква постапка. И тука не е крајот на неговата еквилибристика, туку повторно одложува судење под изговор дека е на состанок со италијанскиот амбасадор! Овој пат, за општ срам, истиот амбасадор брзо, брзо на „Твитер“ го подразбуди во лагите и порача дека тој ден немал состанок со никого! Ни срам ни перде! Но, како да се очекува засрамување или самокритика. Изборите завршија вчера, но неговите лаги веќе имаат историја. Истиот овој човек безобразно си ги лажеше своите најблиски сопартијци и поддржувачи давајќи им лажни надежи и Потемкини села околу изборниот исход. Сите оние коишто работеа дење-ноќе за него во оваа кампања, ги донесе пред Владата да слават виртуелна победа иако егзактно знаеше дека му е загарантиран пораз од дваесетина илјади гласови. Но, тоа е Зоран Заев. Човек без интегритет, дигнитет и сопствена визија. Таков каков што е тој, во случајов тој е помалку важен за Република Македонија и за нас граѓаните коишто живееме во неа. Она што е важно, се проблемите кои останаа и кои се закануваат да имаат далекосежни последици.

На што мислам? Мојата политичка партија веќе две и пол години навремено детектираше, антиципираше и предупредуваше дека не смееме да го прекршуваме Уставот на Република Македонија и позитивните законски прописи. Од овие, принципиелни причини не го поддржавме Договорот од Пржино, за сега да се потврди дека сме биле во право. За жал, го прекршивме Уставот, го „устоличивме“ СЈО, кој, дефинитивно, е неуставна категорија. А Уставниот суд, пак, место да го укине, влегува во „шема“, тера политика и сега се прашуваме и се чудиме зошто ДИК брутално ги прекршува сите рокови за одлучување. Па, се чудиме зошто на некои членови на ДИК „им ќефнало“, па се самоизоставуваат од гласање и, капак на сè, Управниот суд ја продолжува агонијата и на далеку пробиени и изминати рокови за жалби, ги прима и, згора на сè, ги разгледува и одлучува по тужбите на партиите. Претставата да биде целосна!? Или, со еден збор, се прашуваме каква е оваа правна лакрдија што ни се случува? Дали е ова вистина или сон?

Затоа Груевски, како следен мандатар, прво што мора да има на ум е да ја врати земјата во колосек, што практично значи Македонија да се врати во нормала, односно повторно да биде правна држава по сите основи.

Кога сме кај правната држава, силно ја поддржувам идејата да го надополниме нашето законодавство со тоа дека, во иднина, пред каков било обид за „отворање“ на Уставот, независно во кој било негов сегмент, претходно мора да има референдумско изјаснување и поддршка од граѓаните. Ова е скапоцено искуство кое на дело ни покажа дека на една мала држава како Македонија, со неколку милиони евра стратегиски насочени во „податливи“ медиуми и наоѓање лик како Заев, многу лесно може да се разнишаат тлото и државноста и да го загубиме нашиот вековен сон.

Сепак, како доказ дека, и покрај сè, разврската на „скроеното сценарио“ не оди така мазно, неминлив е впечатокот дека „сценаристите“ се во невидена паника. Мислам дека изборите не завршија ниту на начинот на којшто посакуваше СДСМ ниту, пак, на начинот што го очекуваа ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“. Да бидеме искрени, тие завршија на начинот којшто го спакува „чадорот“. Да имаме поделено општество во буквална и резултатска смисла или СДСМ да има 50, ВМРО-ДПМНЕ – 50, ДУИ 10 мандати и сите албански опозициски партии заедно – 10 мандати.

Каде утнаа во есапот? Најверојатно не го предвидоа исконскиот пркос на македонскиот народ затоа што, сепак, кај Македонците имаме победа на „Коалицијата за подобра Македонија“ со два пратеника разлика.

По сето тоа, кога веќе е извесно дека, иако издејствуваа прегласување, нема да има промена во мандатите, сценаристите и режисерите се во вистински хаос, па почнаа неконтролирано да се закануваат. Прво, се појави Никола Поповски, ексминистер за финансии од СДСМ, и директно им се закани на две големи целни групи: на пензионерите и на вработените во јавната администрација.

На административците им рече дека промените ќе болат и дека, како што вели, ќе има или намалување на платите, или ќе има бркање од работа, или, пак, ќе биде комбинација од двете.

За пензионерите ни кажа дека, според него, галопирачки им пораснале пензиите и дека тука мора да се направат определени промени во смисла дека тие треба да бидат повеќе или помалку намалени. Потоа, се разбира, во паника од нецелосното исполнување на сценариото, ги пуштија и Беса, коишто имаа цел да нè уплашат со тоа што ни соопштија дека токму тие ќе влезат во Владата и ќе издејствуваат редефинирање на Македонија!?

И кога сето тоа ќе се сублимира, во сеопштата конфузија, не можам да не го спомнам и новопечениот сдсмовец Мухарем Зекири, кој во согласност со неговиот националистички светоглед во изјава, разбирливо, за косовска телевизија ни кажа дека тие 70.000 гласови Албанците не ги дале бадијала и дека тие се најголеми победници на овие избори, односно дека нивната самосвест цврсто „гази“ кон остварување на албанската кауза.

Се надевам дека после 25 декември и прегласувањето во Теарце, „менторите“ на Заев, конечно, ќе му дозволат да ја честита победата, а од него, пак, очекувам, во духот на неговата кампања, да собере храброст и честитката за победата, покрај на македонски, да ја соопшти и на албански јазик, и тоа со косовски акцент за да можат да ја разберат сите оние контингенти гласови што ги доби од нашиот северен сосед. Барем толку им должи!

Она што можеме да го сумираме по сите турбуленции, е тоа дека изборите формално завршија, но кризата ќе продолжи. Се разбира, ќе продолжи до таму до каде што ние ќе им го дозволиме тоа на „големите“ сценаристи.

Изборите, онакви какви што беа, со сето „изборно и постизборно инженерство“, сепак, несомнено ќе бидат запаметени по тоа што разјаснија многу недоречености. Работите ќе се искристализираат дури и за членовите и за симпатизерите на СДСМ, дека сега и тука се пишуваше историјата и се решаваше судбината на нашите поколенија. И токму таа ќе го донесе конечниот суд. ГРОМ одлучи да застане на вистинската страна.

Извор: Република

КОЛУМНА НА М-Р ЉУПЧО ПРЕНЏОВ: Скапи експерименти, господа!

06.12.2016 година –

Општествените „триења“ на македонското политичко поднебје некако ни станаа иманентни. Деновиве се на врвот. Се разбира, поради изборите и актуелните политички кампањи, но никако не станува збор за експлозија, или „големиот бум“. Напротив, би рекол дека се некој континуитет, или барем никогаш незавршена приказна. Дали е така, не знам, но сенешто ме тера да си споменам. Ајде малку фактографија:

Во 2001 година во Република Македонија имавме вооружен конфликт – класично сценарио од определени центри на моќ со цел предизвикување конфликтот и долготрајна недоверба меѓу Македонците и Албанците како два најголеми ентитета во РМ. Државата, за среќа, успеа некако да се врати назад на политички, но, пред сѐ, на економски план. Вооружениот конфликт во тој период резултираше со Рамковен договор постигнат меѓу лидерите на тогашните најголеми политички партии, а суштината (гледана од аспект потоа), беше вештачко зголемување на процентот на етнички Албанци во Република Македонија и, се разбира, воведување двојазичност во десетици општини во државата, како и прекројување на внатрешните територијални граници.

Меѓутоа, имам чувство дека по овој прв чекор инвеститорот на овој проект не мирувал целото ова време. Очигледно е дека има потреба да се оди чекор понатаму. И би било крајно наивно да веруваме дека „големите стратези“ би се откажале на првата пречка, и тоа види од кој, од „малата и суверена Македонија“?! Така,во 2014 година почна и вториот чекор од ова сценарио, а тоа е создавање интермакедонски конфликт, чијашто крајна цел е сериозно ослабување на водечкиот македонски блок, неговото раководство, во полза на групацијата на помали политички партии од албанскиот блок. Со тоа би се довело до состојба за редефинирање на Република Македонија во секој сегмент од нејзиното општествено живеење, промена на името, Уставот итн.. За целото ова на инвеститорот – „чадорот“ му требаше човек што ќе биде релативно крупна или барем препознатлива политичка фигура, кој ќе има големи амбиции за моќ и за пари, а кој во себе ќе нема ни трошка етичност, морал и, пред сѐ, патриотизам. Зоран Заев во прв момент им се виде идеален пион за остварување на вториот чекор од ова сценарио. Велат дека попат добил и една црвена негаторска линија како „слаб остварувач“, но тоа останува да го видиме.

Па така во 2014 година, на денот на изборите, во 19 часот, ни соопшти дека не ги признава изборните резултати, дека се украдени 150.000 гласови од страна на власта и дека тој ќе ги бојкотира институциите на системот. Тие исти институции на кои тој толку „гладно“ претендира и , што би рекле, во кои „парт тајм“ партиципира и тоа со „полни гради“. Сега не зборува за тоа, го потпиша избирачкиот список, кој е истиот како тој во 2014 година. Чудно замолкнување?! И како за сѐ досега, не собра ни храброст, ниту доблест, да се извини за оваа лага. А можевме ли воопшто да го очекуваме тоа? Во меѓувреме, ни кажуваше дека не го почитува судот, сите судии се корумпирани, пратениците и владата се нелегитимни…

Накратко кажано, се обиде да постави теза во јавноста дека сите раководители на институции и нивни претставници се корумпирани, криминалци и слично, а дека самите институции, патем изградени од страна на граѓаните на Република Македонија, се нефункционални и претставуваат гнезда на криминално работење. Како второ,а можеби и најсуштинско, се обиде да ја делегитимира изборната волја на огромното мнозинство на македонски граѓани. Сите прашања што ги отвори овие две и пол години, се покажаа како невистинити, дека не постојат 150.000 украдени гласови, дека не постојат 500.000 фантоми во избирачкиот список и слично. И сега,во изборите, влезе „прочитан” од страна на македонските граѓани знаејќи дека копирањето на изборната програма од српски политички партии нема да му донесе успех, реши да го активира последниот радикален адут – пазарење со македонските национални интереси и нивно нудење на разни страни, без притоа кој било да му побара такво нешто. Суицидно, очајнички или „морално“, што би рекле.

Овие негови идеи не потекнуваат од вчера. Првпат ни ги објави во 2015 година, на косовска телевизија, потоа ги елаборираше уште неколку пати на разни портали и средби со граѓани, за на крајот да кулминира во Берн – Швајцарија. Според нас од ГРОМ, неговата изборна кампања таму и заврши, но срамот за него и неговите најгласни поддржувачи останува и ќе се памети. Ако му беше за историјата – во ред е. Влезе!

Ниту еден политичар во овие 70 години не сме го слушнале и виделе да истапи со олку негативни антидржавни тези погубни за Македонецот и за македонската држава,култура и традиција, како што го направи тоа тој, на средбата со албанските иселеници. Што се однесува до таа „фамозна средба“, не знам само дали средбата му ја подготвувал човекот со капчето на глава, кој е претседател на здружението на иселеници Албанци и кој јавно ѝ кажа на целата македонска јавност дека не крие дека се залага за федерализација на државата и дека тоа лично му го кажал на Зоран Заев. Можеби и самиот Зијадин Села е добро поврзан со вакви екстремистички структури од каде што единствено може да стане видлив на македонската политичка сцена. Некако радикализмот на албанските партии како да им е „дежурен адут“ во политиката. Да, дури и во 21 век, за жал.

Никој не се осмелил да каже дека Република Македонија е главниот проблем на Балканот, ниту еден Македонец што си ја знае историјата на македонскиот народ. Што барем малку знае и почитува како овој народ дошол до држава, колку неправди доживеал за да дојде до свој општествен ентитет, колку жртви се дадени за де се дојде до овој милениумски сон за сопствена држава. Сега „се роди“ еден политичар, патолошки желен за моќ и за власт, кој целиот овој сон го релативизира, а целата историја, култура, традиција и, пред сѐ, државноста, ги става на „зелена маса“ само и само за да стане премиер.

Кога го говореше ова во Берн имав чувство дека луѓето таму, додека му аплаудираа со широки насмевки и со подгреани очекувања, во себе си велеа: Па, ние ваков како тебе баравме 70 години. Токму толку години никој не го кажал тоа што го заговараа само радикалните структури во нашите соседни држави. Јас сум убеден дека истиот овој аплауз ќе го добие доколку говори и пред српските владици, бугарските и грчките радикали.

За среќа, огромното мнозинство македонски граѓани веќе 25 години живеат во плурализам, имаат веќе и демократско минато, многу изборни циклуси, многу нереализирани ветувања и денес, во 2016 година, со помош на плурализмот во медиумите, интернетот и технолошкиот напредок, можат да ги слушнат сите страни, сите понуди и точно даја направат разликата.

Затоа сите анкети, покажуваат убедлива предност на Коалицијата за подобра Македонија, покажуваат дека неопределените, кои се едно „тивко мнозинство” и кои се пресудни за изборите, еднакво сакаат суверена, независна, економски силна, унитарна и, пред сѐ, европска Македонија.Тоа е таа „внимателна публика“, која мери, одмерува, слуша и во клучен момент се активира. Но, како? Ако одиме според мислата „ пред фактите и боговите молчат“, не е тешко да претпоставиме дека, на крајот од денот, ќе пресудат реалните бројки. Да, кампањата е црна, поцрна не може да биде, но максимумот што може да се постигне со такво „плукање“ е привремено да го демотивира гласачкото тело. Сепак, говорот на омраза е бумеранг и тој со чудесна брзина се враќа на испорачателот. Го предвидоа ли гневните овој момент? Значи народот сака перспектива, надеж, не омраза. На тенок мраз газат „господата“ од СДСМ.

Но, тоа што ќе остане, и за кое ќе можеме за неколку години од дистанца да говориме, е дали целиот овој труд, вложените пари, енергијата од страна на определени центри, а потпомогнати од домашни слуги и предавници, било психолошко подготвување на Македонецот дека двојазичноста, кантонизацијата или федерализацијата се работи што можеме да ги очекуваме во иднина.Скапи експерименти, господа!

Извор: Република

Страница 1 од 41234