Author Archives: GROM

ДО И ПО 24 АПРИЛ 2016

GROM15.07.2015 година

Од денес, 15 јули 2015 година, до 24 часот на 24 април 2016 година, се знае што ќе се случува.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија треба да размислува што ќе прави по 24 април 2016 година, почнувајќи од 1 часот по полноќ, па натаму.

Оваа битка за нив завршува со сигурен пораз.

Изјава на лидерот Јакимовски по повод окрупнувањето на опозицијата

Стевчо Јакимовски25.10.2014 година

ГРОМ СЕ ФОРМИРАШЕ ДА БИДЕ ВЛАСТ, А НЕ ОПОЗИЦИЈА

Одговарајќи на новинарско прашање на Тв Алфа за тоа што мисли Јакимовски како лидер на ГРОМ за најавеното окрупнување на неколку опозициски партии во една, без Шеќеринска и Заев, лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски рече: повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Октоподот на СДСМ стана „интернационалец“

Press-22-10-201422.10.2014 година

Со последната серија апсења на МВР во која се инволвирани високи функционери на  СДСМ, дефинитивно паднаа маските во македонската политика.

Сведоци сме дека на СДСМ секојдневно му беше полна устата со борба против криминалот, и обвинувања за сите што не се „нивни“ дека се криминалци. Очигледно СДСМ едно збори, друго прави и функционира по принципот „држете го крадецот“. повеќе

Форумот на жени на ГРОМ- Карпош со трибина на тема: „ Современ третман на карциномот на дојка“

Кликни за фотогалерија22.10.2014 година

Форумот на жени на ГРОМ – Карпош, по повод одбележувањето на месец октомври – светски месец посветен на борбата против ракот на дојка, одржа трибина на тема: “Современ третман на карциномот на дојка”. повеќе

Едногодишно постоење на ГРОМ

Една година ГРОМ29.09.2014 година

Со свечениот Централен одбор на ГРОМ, вечерва, се означи првата година од формирањето на Граѓанската опција за Македонија. Реалитивно младата партија, која за кратко време стекна илјадници членови и симпатизери, ја докажува довербата и енергијата на партија која ја пренесува на граѓаните. На свечената роденденска прослава присуствуваа претседателите на сите општински организации како и членови на партијата. повеќе

ГРОМ во превенција на жолтицата и алиментарни труења

ГРОМ20.09.2014 година

Во организација на ФОЖ ГРОМ-Карпош Со едукативна презентација на тема „Жолтица-Хепатитис А и алиментарни труења“, која ја одржа М-р Ирена Калајџиева-Милевска, Форумот на жени ГРОМ-Карпош продолжува со активности на актуелни теми.

Таа понуди стручни совети за тоа како едно семејство треба да се заштити од оваа болест и какви мерки да преземе доколку таа е на пат да го зафати организмот на една индивидуа, како и за историјата на оваа болест и проблемите кои произлегуваат од нив а со кои се соочуваат граѓаните. повеќе

Одбележан Денот на Независноста на РМ во Охрид

Одбележан 8ми септември08.09.2014 година

По повод 8 ми Септември – Денот на Независноста на Република Македонија, делегација од Општинската Организација на ГРОМ во Охрид, положи свежо цвеќе во спомен паркот на Револуцијата.

Честитка по повод Рамазан Бајрам

ГРОМ28.07.2014 година

ГРОМ им посакува честит Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповест. Празникот минете го во љубов, мир и разбирање со семејството, пријателите и соседите.

ГРОМ оддаде почит на загинатите од земјотресот во Скопје

ГРОМ26.07.2014 година

Денеска, по повод одбележувањето на 51 годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје, во кој 1070 луѓе го загубија животот, а 3000 беа повредени, делегација од Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, изразија пригодна почит и сеќавање кон загинатите со положување на свежо цвеќе пред споменикот на настраданите жители на Скопје на Градските гробишта во Бутел. повеќе