Author Archives: admin

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО НАЈАВУВА ПОБЕДА ВО КАРПОШ

16.09.2017 година

„Општина Карпош, и понатаму ќе реконструира и асфалтира улици, ќе менува атмосферски канализации, ќе гради плоштади и паркови, ќе засадува дрвја и цвеќиња, ќе доделува бесплатни ужинки на основците, ќе доделува стипендии за најталентираните ученици и спортисти , ќе се грижи за социјално ранливите категории. Општината ќе гради и нови детски градинки, ќе продолжи да ги менува покривите на индивидуалните и колективни станбени објекти, како и ќе продолжи да инвестира во нови енергетско-ефикасни фасади.“ повеќе

Тимот на ГРОМ со полна пареа се подготвува за претстојните локални избори

15.09.2017 година

Со цел да се одбегне злоупотреба на принципите и правилата за заштита на лични податоци за време на локалните избори, во Дирекцијата за заштита на личните податоци се спроведе обука која е дел од проектот: „Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци” финансиран од Европската Унија.  повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ИЛИ ВЛАДА ИЛИ БИЗНИС

11.09.2017 година

Потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија, Љупчо Пренџов денеска одржа прес-конференција за медиумите, по повод најновите случувања на економско-политичката сцена во државава. повеќе

Хуманитарна акција на Форумот на жени -ГРОМ: ЗА ПОЛНИ РАНЦИ СО ПЕТКИ

09.09.2017 година

Жените на Граѓанската Опција за Македонија – ГРОМ, во период од 5-7 септември 2017 год., организираа хуманитарна акција – “ ЗА ПОЛНИ РАНЦИ СО ПЕТКИ “ донирајќи училишен прибор, материјали и опрема на семејства на кои им беше и повеќе од потребно за да им овозможат на своите најмили успешен почеток на новата учебна година. повеќе

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: 100 ДЕНА ОТКАКО СДСМ ГИ ПРОДАДЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

06.09.2017 година

По повод стоте дена од формирање на новата Влада на Република Македонија, денеска, потпретседателот на Граѓанската опција на Македонија, Љупчо Пренџов одржа прес-конференција и пред медиумите го изнесе партискиот став на ГРОМ во врска со политичката ситуација во државава. повеќе

ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ НА БАКЛАВА ЗА КУРБАН БАЈРАМ

03.09.2017 година

Жените на Граѓанската Опција за Македонија – ГРОМ, по повод големиот верски празник Курбан Бајрам ја споделија радоста на своите пријателки од муслиманска вероисповед, гостувајќи традиционално во нивните празнично уредени домови.

Бескрајните разговори, споделените насмевки, волшебниот вкус на баклавата, опојниот мирис на чајот, богатството на старите и новите пријателства го направија овој ден за паметење.

Среќен Курбан Бајрам драги пријатели. повеќе

Изјава на Јакимовски: САД И РУСИЈА ГИ РАСЕЛИЈА, ОНИ НЕКА ГИ ПРИМАТ БЕГАЛЦИТЕ

24.08.2017 година

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањето од поединци за изјавата за непримањето на мигрантите на територијата наРепублика Македонија, а воедно и во Општната Карпош – локална самоуправа предводена токму од него, претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, децидно рече:
-Приемот на бегалците треба да го направат државите кои ги бомбардираа блискиот Исток и предизвикаа војни, расселување на тие граѓани пред се во Сирија и Ирак, и нивно масовно доселување на европскиот континент.
повеќе

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Кита Царовска!

23.08.2017 година

Некаде од кај 1 февруари па наваму, седесињата беа во надеж дека ќе формираат влада. Се надеваа, ама како да не им се веруваше. По настаните од 27 април, и ситуацијата која се сврте во нивна полза, очигледно тие беа затечени и паднаа во некој чуден шок. За жал, шокот им е надграден и проширан, а богами и продолжен или медицински кажано „ Shock prolongata“!Им трае ли им трае, и така им ги изеде првите 100 дена. повеќе

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Окупација!

23.08.2017 година

Во моментов Македонија е под таканречена  мека окупација, ќе прашате од кого?

Од стратешкиот партнер се разбира.

Кога си под мека опупација, исто како да си фатил работа со лихвар, плаќаш камати а никако крајот да дојде. Некогаш добиваш и зауши, ти претат на деца, на жена, но пак ќе ги платиш каматите со арно или со лошо. повеќе

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: БЕГАЛЦИТЕ ДА ГИ ПРИМАТ ОНИЕ КОИ ГИ БОМБАРДИРАЛЕ

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е еден од потписниците на Иницијативата за распишување референдум против изградба на бегалски кампови во општините низ Македонија, меѓу кои е и Карпош. Во таа пригода Јакимовски изјави:

– Македонија не е држава која ја бомбардирала или учествувала во
бомбардирањето на Сирија, и затоа нема обврска да ги прими бегалците. Кој ги бомбардирал, тој нека ги носи кај него, а во случајов тоа се САД и Русија. повеќе