Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ИНТЕГРАЛЕН ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НА ТРЕТОТО СОБРАНИЕ НА ГРОМ

09.04.2022 година

ПОЧИТУВАНИ МОИ ПАРТИСКИ КОЛЕГИ,

ДОБАР ДЕН,

ЕВЕ МЕ ПО ТРЕТ ПАТ ПРЕД ВАС, КАКО ВО ЕСЕНТА, ДАЛЕЧНАТА 2013-ТА ГОДИНА КОГА ЈА ПОБАРАВ ДОВЕРБАТА ДА ЈА ВОДАМ ГРОМ ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ. НЕ САМО ЧЕТИРИ, ТУКУ НА ПОЧЕТОКОТ НА 2017-ТАТА МИ ДОВЕРИВТЕ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН, А СЕГА ВЕЌЕ ПЕТГОДИШЕН МАНДАТ. ПОВТОРНО СУМ ПРЕД ВАС СО ЖЕЛБА НА МОИВЕ 62 ГОДИНИ И ПОНАТАМУ ДА ЈА ВОДАМ ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА НИЗ ОВИЕ НИ МАЛКУ ЛЕСНИ ПОЛИТИЧКИ ВРЕМИЊА. ПОЛИТИЧКАТА СЕГАШНОСТ НЕ Е ЕДНОСТАВНА ЗА НИКОГО. НИТУ ЗА ГРАЃАНИТЕ, НИТУ ЗА ВЛАСТА, НИТУ ПАК ЗА ОПОЗИЦИЈАТА. ОВА СЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА ВО КОИ НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ БАВИШ СО ПОЛИТИКА. ИЗМИНАТИВЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЈА ПОКАЖАА ЦЕЛАТА СУРОВОСТ НА ВЛАСТА И СИТЕ МРАЧНИ СТРАНИ НА ПОЛИТИКАТА ИЗЛЕГОА НА ПОВРШИНА. ВЕРОЈАТНО МАЛКУМИНА ОЧЕКУВАА ДЕКА ПРИНЦИПИЕЛНОСТА И ДАЛЕКУВИДОСТА НА ГРОМ ЌЕ БИДАТ РЕСПЕКТИРАНИ, А НЕ ЖИГОСУВАНИ, КАКО ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ, ТАКА И ОД НИВНИТЕ МЕДИУМСКИ САТЕЛИТИ, ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ПРАВОСУДНИ ОРГАНИ.

 

ДА ПОТСЕТИМЕ,

БЕВМЕ ПРОТИВ НАПУШТАЊЕ НА ПРИНЦИПОТ ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА ПОБЕДНИК СО ПОБЕДНИК, ЗАТОА ШТО ЗНАЕВМЕ ДЕКА ИЗИГРУВАЊЕТО НА ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ ЌЕ ДОВЕДЕ ДО ГОЛЕМИ ТУРБУЛЕНЦИИ И НА 27 АПРИЛ ДРЖАВАТА БЕШЕ НА РАБ НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА. ГО ОСУДИВМЕ ОВОЈ НАСТАН И ПОБАРАВМЕ СИТЕ АКТЕРИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС ДА СИ ГО ДОБИЈАТ ЗАСЛУЖЕНОТО.

ЗА ЖАЛ, ВИДОВМЕ СЕЛЕКТИВНОСТ. НАСТАПИ ЕРА КОГА ЗА СЕ БЕШЕ ВИНОВНА ОПОЗИЦИЈАТА. ГРОМ НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ ЗА СЕ ДА СМЕ ВИНОВНИ НИЕ КОИ И ПРКОСИМЕ НА ВЛАСТА. И ЗА МИНАТОТО, И ЗА СЕГАШНОСТА.

ГРОМ НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ ДА МОЛЧИМЕ И НИЕ ДА БИДЕМЕ ВИНОВНИ ЗА СИТЕ ПРОМАШУВАЊА ВО ВОДЕЊЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА. ЗА ЖАЛ, НЕУСПЕСИТЕ СЕ ВИДЛИВИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР. НЕУСПЕХОТ СТАНА ПРИДАВКА НА НИВНАТА „СЕВЕРНА“. СТАНАВМЕ СИНОНИМ ЗА ДЕЗОРИЕНТИРАНА ДРЖАВА, ОБЕСЧЕСТЕНА, ИЗЛАЖАНА, ПОНИЖЕНА. СТАНАВМЕ ПАРАДИГМА НА СОСЕДИТЕ ЗА ТОА КАКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ВОДИ НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА. ХАОСОТ СЕ ЧУВСТВУВА ВО ВОЗДУХОТ.

ДАЛИ ИМАМЕ ПОПРАВНА ДРЖАВА ОД ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ?

СЕ ОСЛОБОДИЈА ИЛИ ГИ ДОЗАРОБИВМЕ ИНСТИТУЦИИТЕ?

УСТАВНИОТ СУД Е НЕЗАВИСЕН ИЛИ ОЗТ НА ЕДНА ПАРТИЈА?

КОЛКУ ПАТИ ДОБИВМЕ ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕГОВОРИ? ДОБИВМЕ ЛИ ДАТУМ?

ИМ ВЕЛЕВМЕ ЛИ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА И ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ДЕКА НЕ ГО ЗАТВОРААТ, ТУКУ ГО ОТВОРААТ МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ?

КОЈ БЕШЕ ВО ПРАВО? НИЕ ИЛИ ТИЕ?

СЕ ОТКАЖАВМЕ ОД НАШЕТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА, А НА ПАТ СМЕ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ И ВО БУГАРИЈА. КАКО ДА СМЕ ОСТРОВСКА ЗЕМЈА. ПА ДА БЕВМЕ ОСТРОВСКА ЗЕМЈА, БЕЛКИМ НЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ НА БАМБУСОВ ЧАМЕЦ ЌЕ ДОПЛИВАЛ ДО ДРУГА ДРЖАВА.

КАКО ЈА ПРОАЃАМЕ КОВИД КРИЗАТА?

СЕ ЧУВСТВУВАВМЕ ЛИ ПОГОРДИ ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ, ИЛИ СЕГА? КОГА НИ ДОНИРАА ПО 3 ИЛЈАДИ, ПО 5 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ. СМРТТА ДЕМНЕЕШЕ НА СЕКОЈ ЧЕКОР И НЕ ГЛЕДАВМЕ ДЕКА УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО.

ОСВЕН АВТОПАТОТ СМОКВИЦА – ДЕМИР КАПИЈА СЕ ЗАВРШИ ЛИ НЕКОЈ ДРУГ ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ?

КОЛКУ ЛУЃЕ ЗАГИНАА НА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД?  КОЛКУ НА ПАТОТ ШТИП-РАДОВИШ?

ИМА ЛИ КРАЈ НА ТРАСАТА РАНКОВЦИ-КРИВА ПАЛАНКА?

ПРУГАТА КУМАНОВО-КРИВА ПАЛАНКА-ДЕВЕ БАИР КАКО ДА Е ТРАНССИБИРСКА. ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ДИЛЕРИ НА ДРОГА, РЕКЕТАРИ, ЛИХВАРИ И РАЗБОЈНИЦИ ОТКОЛКУ ШТО ИМАМЕ ПОЛИЦАЈЦИ.

ПАМЕТИТЕ ЛИ ОТКРИЕНА КРАЖБА? СЕ ИЗГРАДИ ЛИ НЕКОЈ КУЛТУРЕН ДОМ? БОЛНИЦА? ИЛИ УНИВЕРЗИТЕТ? СТУДЕНТСКИ ДОМ? СЕ ПОДОБРИ ЛИ ТОЛКУ НАЈАВУВАНИОТ СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД? ЗА ЖАЛ, СЕ СЛУЧИ ТОА ШТО ГО ПРЕДВИДУВАВ! САМО ПЛАЧЕЊЕ И ЛЕЛЕК. СЕРВИЛНОСТ КОН МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА, ЗАПОСТАВУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ГРАЃАНИН, КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА КОЛКУ САКАТЕ И ТОА НЕ СУПТИЛЕН, ТУКУ АПЛА КРИМИНАЛ ВО ВРВОВИТЕ НА САМАТА ВЛАДА. МЕГА-АФЕРИ.

БЕВ НАЈГОЛЕМ ПРОТИВНИК НА ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР. ГО НАРЕКОВ „ПРЖИНСКА ИЗМАМА“. ГО ИЗМАМИЈА ЛИ ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ? А СО ТОА И НАС?

БЕВ НАЈГОЛЕМ ПРОТИВНИК НА СЈО! ЈАСНО БЕШЕ КАКО ДЕН ДЕКА ТАКА МОЌНА ИНСТИТУЦИЈА СО ТАКВИ ОВЛАСТУВАЊА И ТОЛКУ ПАРИ ПО ДИФОЛТ ЌЕ РОДИ ДЕВИЈАЦИЈА. САМО СЛЕПЕЦ ТОА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО ПРЕДВИДИ. СЈО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈГОЛЕМ СРАМ ЗА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ОД 45-ТА ДО ДЕНЕС!

СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ КОГА ГО БРАНЕВМЕ УСТАВНИОТ СУД? ИМАМЕ ЛИ ДЕНЕС ПОСЛОБОДЕН ИЛИ ПАК ПОПАРТИСКИ НАЈВИСОК СУД ВО ДРЖАВАТА?

ВИ ВЕЛЕВМЕ ЛИ ДЕКА КОГА СДСМ ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ОЧИТЕ ЌЕ ИМ БИДАТ СВРТЕНИ САМО КОН БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН, А КОН ВАС ЌЕ СЕ СВРТАТ САМО ПРЕД ИЗБОРИ? ЌЕ ЈА ПОТКАЧАТ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ТОЛКУ.

ДАЛИ БЕВМЕ ЖЕСТОКИ ПОБОРНИЦИ ДА НЕ СЕ МЕНУВА ИМЕТО, ЗОШТО И ДА НЕ САКАМЕ ЌЕ СТАНЕМЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО? СО УКРАИНСКО-РУСКАТА ВОЈНА РАБОТИТЕ СТАНУВААТ УШТЕ ПОЈАСНИ ЗОШТО МАКЕДОНИЈА МОРАШЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО. ЗНАЧИ САМО ТРЕБАШЕ ДА ИЗДРЖИМЕ.

 

ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ,

НИЕ ИЗДРЖАВМЕ И НАШИТЕ СТАВОВИ И ПОЛИТИКИ ГИ ПОТВРДИ ВРЕМЕТО. ДЕКА НИЕ, А НЕ ТИЕ БЕА ВО ПРАВО. НАМЕСТО ДА СЕДНАТ СО НАС И ДА СЛУШНАТ ДЕЛ ОД НАШЕТО МИСЛЕЊЕ, ИЛИ ПАК ТИЕ ДА НЕ УБЕДАТ ВО СВОИТЕ АРГУМЕНТИ, ЗОШТО МОЖЕБИ, КАКО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВЛАСТА ИМААТ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, ТИЕ СЕ ПОТРУДИЈА ДА НЕ ЗАМОЛЧАТ И ТОА НА НАЈБРУТАЛЕН НАЧИН- СО АПСЕЊЕ. ПРОТИВ НАС УПОТРЕБИЈА И ЈАВНА И ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ОБВИНИТЕЛСТВО, СУДСТВО И ПАРТИСКИ СТРУКТУРИ.

И НЕ УСПЕАЈА. ЕВЕ НЕ, ПАК СМЕ ТУКА ДА ИМ ПРКОСИМЕ! НИ ПРАВЕА ПРЕТРЕСИ ЗА ДА ГИ ОПРАВДААТ СВОИТЕ МЕГА ПРИКАЗНИ ЗА 83 СТАНОВИ, ЗА АКЦИИ ВО ФОЛКСВАГЕН, ЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ ВО ГЕРМАНСКИ БАНКИ, ЗА СТАНОВИ ВО ЊУЈОРК И ШТО ЛИ УШТЕ НЕ.

ПРЕКУ МЕНЕ СЕ ОБИДОА ДА ГО СОТРАТ ГРОМ. ГРОМ ГО НАРЕКУВАА ЧОВЕК-ПАРТИЈА. И СМЕТАА ДЕКА АКО МЕНЕ МЕ ЗАТВОРАТ, ЌЕ ЈА ЗАТВОРАТ И ПАРТИЈАТА. НО, НАШЕТО ПРИСУСТВО ДЕНЕС, ГО ДОКАЖУВА СОСЕМА СПРОТИВНОТО. ПРАВДИНАТА ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА. НАШИОТ СИМБОЛ- ХРАБРО Е ОВА ШТО ГО ГЛЕДАМЕ ДЕНЕС. НАШЕТО ХРАБРО ГО ВИДОВМЕ И 2013 ГОДИНА И 2016-ТАТА И 2017-ТАТА И 2018-ТАТА КОГА ЦЕЛ СВЕТ БЕШЕ ЗА ЗАЕВ, А НИЕ НЕ СЕ ДАВАВМЕ И ПРАВЕВМЕ АЈВАРИ. НАШЕТО ХРАБРО БЕШЕ И НА 7 АВГУСТ 2018-ТАТА. И УТРОТО НА 18 МАРТ 2019-ТАТА, ВО 5.30 ЧАСОТ – КОГА МЕ АПСЕА. И ТОГАШ, И СЕГА ИМАМЕ ИСТА ПОРАКА ЗА НИВ – ПОГРЕШНИ ПОЛИТИКИ НЕ ПОДДРЖУВАМЕ. ОД КОГО САКА НЕКА БИДАТ, ОД КОГО САКА НЕКА БИДЕ ПРИТИСОКОТ И КОЛКАВ САКА НЕКА БИДЕ. НИВНИОТ ПРИТИСОК НЕ УСПЕА, ЗАТОА ШТО НАШИОТ ОТПОР БЕШЕ ПОГОЛЕМ. ПОБЕДИЈА НАШИТЕ АРГУМЕНТИ, НАШИТЕ СТАВОВИ, НАШАТА ДОСЛЕДНОСТ, И НАШАТА ВИЗИЈА.

НЕПОСРЕДНО ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ДОМАШНИОТ ПРИТВОР, НА СОБРАНИЕТО НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КАРПОШ, ОВДЕ ВО ОВАА САЛА ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС ВИ РЕКОВ: ЈА ЗНАЕТЕ ЛИ ПЕСНАТА НА ВАСКА ИЛИЕВА – „СТАДО НЕ МИ ОДИ ЏАНАМ БЕЗ НЕВЕН ПЕЈО“, И „КАРПОШ НЕ ОДИ БЕЗ СТЕВЧО“.

БЕВ ЛИ ВИЗИОНЕР? БЕВ ЛИ ТРИ ГОДИНИ ПРЕД ВРЕМЕТО?

ЈАС ЗНАМ ДЕКА МНОГУМИНА БЕА ПРЕЛАЖАНИ. ПОВЕРУВАА ВО ЛАГИТЕ, КОНСТРУКЦИИТЕ. НЕ СЕ ЛУТАМ НА НИКОГО. ТОА БЕА НЕВИДЕНИ КОНСТРУКЦИИ. ПЛАТЕНИ СО ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ПАРИ. ПОДДРЖАНИ ОД ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СЛУЖБИ, НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ.

МОЈАТА ГЛАВА БИЛА СЕКОГАШ КРЕНАТА, А ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО? ДЕКА ОБРАЗОТ МИ БИЛ ЧИСТ. НЕ МОЖЕШ ДА ЈА КРЕВАШ ГЛАВАТА АКО ОБРАЗОТ ТИ Е ВАЛКАН. ВО ИЗМИНАТИВЕ ПЕТ ГОДИНИ, ЗА ЖАЛ МАКЕДОНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СТАНА КАДРОВСКА КОМИСИЈА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ. СЕ ПУШТИ ВО ЛИКВИДАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ ИСТО ОНАКА КАКО ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО 48-ТА. ТОГАШ ЛУЃЕТО БЕА ВОДЕНИ НА ГОЛИ ОТОК ЗАТОА ШТО НАВОДНО БИЛЕ ЗА СТАЛИН, А СЕГА НЕ ВОДЕА ВО ШУТКА И ИДРИЗОВО ЗАШТО НАВОДНО ИМАМЕ КРИМИНАЛ.

 

ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ,

МЕЃУ НАС ИМА И ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА ГРОМ И ОНИЕ КОИ ПОДОЦНА СЕ ВКЛУЧИЛЕ.  НО, ЗАЕДНИЧКИ ИМЕНИТЕЛ НА СИТЕ, НА НАС И НА ПАРТИЈАТА Е ДЕКА ГО ИЗДРЖАВМЕ ТЕСТОТ НА ВРЕМЕТО. ПОСТАРИ СМЕ ЗА ДЕВЕТ ГОДИНИ И ЗАТОА МОРАМЕ ДА БИДЕМЕ ПОМУДРИ И ПОПАМЕТНИ. ДА НОСИМЕ ПРАГМАТИЧНИ ОДЛУКИ.

СМЕТАМ ДЕКА ГРОМ И НАТАМУ ТРЕБА ДА БИДЕ ГЛАСОТ НА РАЗУМОТ ВО МАКЕДОНИЈА, А РАЗУМОТ ВЕЛИ – ДОСТА СЕ УНИШТУВАВМЕ. ДОСТА СЕ ПРЕСМЕТУВАВМЕ. ОТИДЕ ДРЖАВАТА. ДАЈТЕ ДА СЕ СПЛОТИМЕ. МОРА ДА ИМА ПОМИРУВАЊЕ. МОРАМЕ ДА УЧИМЕ НА ГРЕШКИТЕ.

ЗАТОА ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ ВО ОВАА ИЗБОРНА КАМПАЊА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО КАРПОШ ПОНУДИВ ПОМИРУВАЊЕ. ПОДАДОВ РАКА НА СЕКОЈ ШТО Е ДОБРОНАМЕРЕН. ДАДОВ ШАНСА НА СЕКОЈ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ. УСЛОВ ЗА КАЗНА И РЕПРЕСИЈА Е САМО АКО НЕКОЈ СЛУЖБЕНИК НЕ ГИ ПОЧИТУВА ГРАЃАНИТЕ, НЕ ИМ СЛУЖИ КАКО ШТО ТРЕБА И АКО НЕСОВЕСНО И НЕОДГОВОРНО СЕ ОДНЕСУВА КОН ПОСТАВЕНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ, А НЕ НЕГОВАТА ПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ. НАШАТА ПОЛИТИКА ЌЕ БИДЕ СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛБА, А ДРЖАВАТА ДА ЈА ВОДАТ НАЈДОБРИТЕ. ОНИЕ ШТО ЌЕ ГИ ЗАГУБАТ ИЗБОРИТЕ ДА БИДАТ ПРИНЦИПИЕЛЕН КОРЕКТОР, А НЕ ДА БИДАТ ЗАМОЛЧУВАНИ, РЕПРЕСИРАНИ, И ЗАТВАРАНИ И ОСУДУВАНИ ВО ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАНИ ПРОЦЕСИ. ЈАС СУМ ЗА ПОИНАКВО ПОИМАЊЕ НА ВЛАСТА. ЈАС СУМ ЗА ВЛАСТ БЕЗ РЕПРЕСИЈА, БЕЗ РЕВАНШИЗАМ, ЈАС СУМ ЗА НОРМАЛНО ТРАНСФЕРИРАЊЕ НА ВЛАСТА БЕЗ ТУРБУЛЕНЦИИ. ВО СПРОТИВНО, ОНОЈ ШТО ЈА ИМА ВЛАСТА ИМА СЕ. А ОНОЈ ШТО ЈА ГУБИ ИЛИ НЕ ЈА ДОБИВА ВЛАСТА, ГУБИ СЕ: РАБОТАТА, СПОКОЈОТ, МИРОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО И НАЈСКАПОТО- ЗДРАВЈЕТО И СЛОБОДАТА!

НЕМА НАРОД БЕЗ ВОДСТВО, НЕМА НАЦИЈА БЕЗ ВОДСТВО, НИТУ ДРЖАВА БЕЗ ФУНКЦИОНЕРИ. ЌЕ ИМА И ДОБРИ И ЛОШИ. И УСПЕШНИ И ПОМАЛКУ УСПЕШНИ. НО, ОНОЈ ШТО ЌЕ ПАДНЕ ОД ВЛАСТА ДА БИДЕ „ПОЦРН ОД ЦРНИОТ ЃАВОЛ“ И ДА СЕ РЕПРЕСИРА СЕ ШТО НЕ Е ТВОЕ – Е ПОГРЕШНА ПОЛИТИКА.

ФАКТ Е ДЕКА ДОЈДЕ ВРЕМЕТО ОВИЕ ДА ОДАТ, НО ПРАШАЊЕ Е КОЈ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ? Е ТУКА Е НАШАТА ШАНСА! СО ПОИНАКВИ ПОЛИТИКИ, СО ВИЗИОНЕРСТВО, БЕЗ ТУРБУЛЕНЦИИ, ДА ГО УБЕДИМЕ НАРОДОТ ДЕКА ТОА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ И ДЕКА ТОА Е НАЧИНОТ.  БОРБАТА ЗА ИДЕИТЕ Е УСЛОВ ЗА ПРОГРЕС, А НЕ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕСМЕТКИ. ЗАТОА СМЕТАМ ДЕКА ГРОМ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК НА ВАКВА ПОЛИТИКА, НЕ МОЖАМ ДА СЕ СОГЛАСАМ И ПОКРАЈ МИНАТОТО ШТО ГО ИМАВМЕ, ДА СЛУШАМ ЗАКАНИ И ОД ВЛАСТА И ОД ОПОЗИЦИЈАТА. ОВИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖЕЛЕ СО ИСТРАГИТЕ И ЗАКАНИТЕ, А ОНИЕ ЌЕ ИМ ЈА Е… МАЈКАТА КОГА ЌЕ ДОШЛЕ НА ВЛАСТ НА ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ, НА ГРАЃАНИ, НИВНИ ПОДДРЖУВАЧИ, НА БИЗНИСМЕНИ И ТН…

ЈАСНО САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА НА ТАКВИТЕ ПОЛИТИКИ СЕ СПРОТИВСТАВУВАМ, ИСКАЖУВАМ НЕСОГЛАСУВАЊЕ.

ПОТВРДА НА МОЈАТА ПОМИРЛИВА ПОЛИТИКА Е ТОКМУ ПОБЕДАТА НА ЛОКАЛНИТЕ  ИЗБОРИ. ГРОМ ОСВОИ 2.689 ГЛАСОВИ, А ЈАС 6.841 ГЛАСОВИ. ВО ВТОРИОТ КРУГ ПОБЕДИВ СО 14.864 ГЛАСОВИ.  ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ГЛАСАЛЕ И МОИТЕ ОД ГРОМ, И ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ, И ОД СДСМ; И ОД ЛЕВИЦА, И СОЦИЈАЛИСТИ , И ЛИБЕРАЛИ…  ТОА ЗНАЧИ АКО ИМАШ РЕЗУЛТАТИ, АКО ПОЛИТИКИТЕ ТИ СЕ ВИСТИНСКИ НАРОДОТ ЌЕ ТЕ ПОДДРЖИ.

ЗАТОА МОИ ГРОМ-ОВЦИ СМЕТАМ ДЕКА ПОЛИТИКИТЕ НА ВИЗИЈА И РЕЗУЛТАТИ СЕ ИДНИНА ЗА МАКЕДОНИЈА.

 

НА КРАЈОТ,

САКАМ ДА ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ ШТО НЕ ЈА ЗАГУБИВТЕ ВЕРБАТА ВО ГРОМ И ВО МЕНЕ. ШТО И ВО НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ СТОЕВТЕ ЗАД МЕНЕ. НЕКОИ ЈАВНО, НЕКОИ ТАЈНО. СЕ МОЛЕВТЕ ВО МИСЛИТЕ ДЕКА ОНА ШТО СЕ СЛУЧУВА ЌЕ ПРОЈДЕ. И ИЗДРЖАВМЕ. ИЗДРЖАВМЕ И ПРЕТРЕСИ, И ПРИТВОРИ, И ДОМАШНИ ПРИТВОРИ, И МЕДИУМСКИ ЛИНЧОВИ, СЛЕДЕЊА, ИСТРАГИ…

НО БАБА МИ ВЕЛЕШЕ- „БРОЕНИ ДНОВИ БРЗО ПРОЈДЕВ…“

Е, И ТИЕ ДЕНОВИ ПРОЈДОА…

СЕГА ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ГОРДИ ГРОМ-ОВЦИ КОИ ОДАТ СО КРЕНАТА ГЛАВА ЗАТОА ШТО НИВНИТЕ ПОЛИТИКИ СЕ ПОТВРДИЈА ЗАТОА ШТО ГРАЃАНИТЕ ВИДОА ДЕКА НЕМА ПОДОБРИ ОД НАС И ЗАТОА ШТО ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО ПОЛИТИЧКИОТ НАТПРЕВАР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

 

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ,

ДРАГИ ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ,

ПОЧИТУВАНО РАБОТНО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО,

ДОЗВОЛЕТЕ МИ И ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ДА ЈА ВОДАМ ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ТРАСИРАМЕ НАШИОТ МАКОТРПЕН ПАТ. ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ИДЕНТИТЕТОТ, ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА БИДЕМЕ ПРИВЕЗОК, ДА НЕ НИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ШЛЕПАМЕ. НЕ САКАМЕ НИКОЈ ДА НЕ ПОТЦЕНУВА, НИТУ ПАК ДА НЕ ПРЕЦЕНУВА.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin