Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

МОН да престане да си игра „детски игри“ со образовниот систем, ГРОМ со четири предлози за почетокот на школската година

Во ситуација кога бројките на заразени со КОВИД 19 постојано и брзо растат, ГРОМ смета дека одлуката на МОН, за повторно отворање на училиштата е базирана на површни параметри креирани исклучиво за политички цели, без притоа да се земе во предвид ризикот и опасноста, како пандемиолошки, така и системски кој овозможува разобличување и интервенции во образовниот систем исклучиво за политички цели.


Во актуелната здравствена ситуација, ваквите значајни одлуки мора да се базирани на стручни и научни анализи за состојбите на ниво на секое училиште, на ниво на локална самоуправа и на ниво на плански регион.

За жал во изминатиов период освен самоволното силување за дигитализација не е превземено ништо во однос на ризиците и безбедноста за најмалите кои претстојат. Зачудува фактот што токму образовниот систем своите одлуки не ги базира на научни наменски изработени студии, туку истите ги носи на база на проценки за кои јавноста не е информирана ниту кој ги дава, ниту дали има научна поткрепа за истите.

Како потврда на погоре кажаното, односно дека Министерствот за образование и наука си „игра детски игри“ со наставниот процес, покажува и следниов цитат превземен од ПЛАН-от ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА , изготвен од Мнистерствот за образование и наука:

„За брзи промени треба да бидат подготвени сите, од директорите, до наставниците и стручните служби, останатите вработени во училиштата, како и учениците и нивните родители/старатели, но и сите оние кои допринесуваат за помош и поддршка не само во реализацијата на планираните наставни часови, туку и во овозможувањето на квалитетно воспитание и образование.“

Од овој цитат се наметнува и заклучокот дека во МОН се нема основното познавање за функционирање на еден образовен систем.

Општо е познато дека образовниот систем е инертен систем кој не трпи брзи промени. А, ако во него се случат такви брзи промени, тогаш по правило жртва е неговиот квалитет. Јасно е дека, на дестина дена пред почетокот на новата учебна година, образовниот систем е единствено подготвен да влезе во нова авантура. Ова не смее да се дозволи. Едноставно немаме право на неодговорно однесување кон нашите деца.

Во актуелнава ситуација, во која сме донесени со неодговорното однесување на Министерството за образование и наука, како изнудено решение кое ќе значи намалување на опасноста од зараза и заштита на здравјето на учениците и вработените во училиштата, од МОН бараме да ги превземе следниве 4 чекори:

1. Наставата во основното и средното образование да се реализира преку еден од трите предложени модели:
– физичко присуство на учениците во училиште;
– учење на далечина или
– комбинирање на физичко присуство и учење од далечина во групи

2. Одлуката кој од трите модели ќе се имплементира да не ја носи Министерот за образование и наука, туку одлуката да ја носат релевантни чинители кои најдобро ја познаваат состојбата во конкретно училиште, од секој аспект.

Значи предлагаме одлуката да ја носат Училишните одбори на секое училиште. Потсетуваме дека во училишните одбори членуваат сите заинтересирани субјекти – наставници, родители, претставници од локалната самоуправа и министерството за образование и наука.

3. Активно вклучување на локалната самоуправа во делот на материјално техничка поддршка на училиштата за овозможување услови за квалитетно функционирање на воспитно-образовниот процес во училиштата што се во нивна надлежност, како и превземање улога на централно место во кое ќе се слеваат информациите од училиштата и истите ќе се анализираат со цел навремено превземање на адекватни мерки.

4. За следење на здравствената состојба и добивање посигурни бројки на заразени со КОВИД- 19 на ниво на секое училиште, да се обезбедат брзи тестови за учениците и наставниците. Нагласуваме дека ваквото тестирање би се реализирало на доброволна основа.

 

Скопје, 27.08.2021 г.
Комисија за образование – ГРОМ

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin