Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Пренџов: Ова е голем cpaм за државата, сме му дале пасош на човекот кој пере пари за италијанската мaфијa

Љупчо Пренџов, пратеникот од редовите на ГРОМ, во денешното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 зборуваше за последниот скандал на власта со издавањето на пасоши на странски криминалци барани со меѓународни потерници.

„Оваа афера е многу голема, ова е многу голем срам за нас како држава без рализлика кој во мометов ќе ја предводи владата. Денеска видовме дека последниот од низата на академици и научници на коишто сме му дале пасош е човекот ги пере парите на италијанската мафија. Тој е човек којшто од 2017 година е во бегство, и тоа е човек по кого има меѓународна потерница. Тука се поставува прашањето, за некој што има меѓународна потерница, тој не може да влезе во република Македонија на граничен премин, бидејќи таму кога ќе го покаже пасошот, има СТОП, не може да помине. Значи влегува на илегален премин. Треба да видиме кој го пречекува на тој илегален премин, кој го довел во Скопје, кој го споревел низ институциите, кој му завршил работа, како тоа одело таму со оттисокот од прст, бидејќи, да ве потсетам дека ние како држава имаме биометриски пасоши со коишто влегуваме во Европската Унија без визи. Се поставува прашањето, каде се милионите? Се работи за моќни луѓе, големи криминалци со многу пари, многу матни бизниси, имаме атентатори таму, платени убијци“, истакна Пренџов додавајќи дека тоа се луѓе спремни да платат десетици илјади за пасош, а притоа се издадени повеќе од 200 пасоши.

Пренџов нагласи дека се потребни дебели одговри и од премиерот, и од министерот за внатрешни работи, наместо оскудното одговарање на новинарски прашања и префрлање на вината

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin