Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Забелешките на Пендаровски се објективни и на место. Филипче со кавги нема да ја покрие неговата криминогеност, неспособност и ароганција.

Почитувани граѓани,

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ најостро го осудува неспособниот министер за здравство Венко Филипче во неговиот арогантен обид да се пресметува со Претседателот на државата.

Господинот министер за здравство е најнеуспешниот министер во историјата на Република Македонија и неговиот мандат е исполнет со обиди за криминални провизии, неуспех во менаџирањето со здравството, без ниту една набавка на современа опрема потребна за врвна здравствена заштита, без набавка на ниту еден респиратор, доцнеше со хигиенски материјали, скафандери и друга заштитна опрема за вработените во ковид центрите и со тоа го доведе во прашање здравјето не само на здравствените работници туку и на целото граѓанство.

Дека се работи за изгубен случај, говори фактот што тој и неговиот Премиер ја одбија понудата за вакцини од Русија и Кина, со образложение дека ние сме биле земја членка на НАТО, а денес во посета им е Министерот за одбрана на Кина, кој според безбедносните проценки е најголема закана за нашиот стратешки партнер.

Венко Филипче и Зоран Заев се вистински пример како не треба да се раководи и од нивното лошо раководење трпи целото општество.

Обидите да се замолчи опозицијата и критиките на медиумите блиски до власта се проширија и врз претседателот на државата.

Наместо да се сокријат зад сопствениот срам што народот бараше чаре во Србија и да ја сфати добронамерно забелешката на претседателот, тој демонстрираше невидена ароганција непоимлива за Министер кој соборува светски рекорди во смртност од Ковид 19.

Ако немаат право да дадат забелешки на лошото министерување на Филипче опозицијата, граѓаните и претседателот на државата, тогаш кој?

Затоа Граѓанската опција за Македонија го подржува претседателот Стево Пендаровски уште поенергично да реагира за сите неуспеси, промашувања и скандали кај било кој што троши народни пари.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin