КРСТЕ ПЕТРЕВСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ПАРТИЈАТА
На денешната 14та Седница на Централниот Одбор на партијата, на предлог од Извршниот Одбор беше предложен и изгласан Крсте Петревски за нов Генерален секретар на Граѓанска Опција за Македонија-ГРОМ.
Петревски е активно вклучен во работата и дејствувањето на партијата од нејзиното основање па се до денес, особено во Општинската Организација на ГРОМ-Кисела Вода која ја раководеше од 2014-2017. Во 2017та е избран за член на Извршниот Одбор на партијата.
Крсте Петревски е роден на 18 август 1967 година. По образование е дипломиран економист. Во неговата работна кариера вршел раководни и менаџерски функции во повеќе земји и во Македонија.