Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Бугарската телевизија БНТ уште во своето прво емитување во Македонија некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда.

СООПШТЕНИЕ:

Почитувани граѓани на Република Македонија,

За жал предвидувањата на ГРОМ се остварија.
Уште со првото вчерашно емитување во Македонија, бугарската телевизија БНТ арогантно, некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда.

Ништо ново!

Волкот го менува влакното но не и навиките, па така и бугарите веднаш започнаа со негирање на македонската нација и побугарчување на македонските револуционери.

ГРОМ го осудува овој чин на предавство од страна на владата и ставање змија во пазувите на македонскиот народ. Затоа е потребно енергично и масовно спротиставување.

ГРОМ го повикува македонскиот народ и сите граѓани кои се противат на негаторските политики врз македонскиот народ и држава од страна на бугарите, да ги блокираме каналите на кој што ќе бидат емитувани бугарските телевизии.

Не ни треба оружје, ниту куршуми, ниту ракети доволно е со нашите прсти да го употребиме далечинскиот управувач и да го блокираме нивното присуство во нашите домови.

Во овие телевизии и нивните пропаганди од 19 век нека уживаат семејствата на Заеви, Османи, Георгиевски, Бучковски и малкумината слични на нив.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin