Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Пpeнџов: Приватниот ceктор ќе треба да ги вpaти пapите за плaти, ќе предложам Амандман со кои тие средства нема да и се враќаат на државата


Љупчо Пренџов пратеник во македонското собрание од ГРОМ во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека ќе поднесе амандман до собранието за опростување на средствата од 14.500 денари кои што владата ги даде за плати на приватниот сектор, бидејќи како што рече тој голем дел од фирмите доколку поднесат позитивен извештај ќе треба да ја вратат помошта.

Државата цело време дека помага, ама кога вие помагате обично ако вие мене ми помогнете тоа се разбира дека не барате ништо за возврат. Но, најголем дел од средствата они 14.500 денари кои што ги добиваат нето, односно 22.778 денари кои што ги добиваат бруто фирмите, треба да знаат дека сега ако се позитивни на завршна сметка, тие пари мора да и ги вратат на државата назад, а голем дел од нив не ни знаат дека треба да ги вратат, вели Пренџов.

Јас ќе поднесам амандман тие пари да се опростат бидејќи државата живеела, живее и ќе живее од приватниот сектор и мора да биде тука 100 проценти кога му е потребна во вакви тешки услови, рече Пренџов.

Преџов потенцираше дека власта само за 2020 година само по основ на странски задолжувања се задолжила 1 милијарда и 600 милиони евра, по основ на домашни задолжувања 591 милион евра.

Во 2020 година само странски задолжувања сме имале 1 милијарда и 600 милиони евра, 2020 година домашни задолжувања сме имале 591 милион евра. Дефицит во 2020 година имаме 875 милиони евра. Потоа 2021 година имаме планиран дефицит што нема да биде толку од 568 милиони евра, имаме планирани задолжувања на странски пазари 870 милиона евра, рече тој и додаде:

Само во месец октомври буџетскиот дефицит изнесува 1 милијарда и 47 милиона денари за ноември изнесува 5 милијарди 230 милиони денари, а во декември 2020 година буџетскиот дефицит изнесува 13 милијарди и 809 милиони денари.

Текст Инфомакс

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin