Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Одговорност за играње со чувствата на семејствата на жртвите, но и со семејствата на обвинетите за лукративни и политички цели мора да има!

Почитувани,

Целокупната јавност беше згрозена од масакарот врз петте невини жртви кај Смилковско Езеро кој беше извршен во 2012та година.

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ уште од 2015та година предупредуваше дека веќе докажаниот манипулатор Заев се поигрува со болката и емоциите на најблиските членови на семејствата и фамилиите на трагично убиените момчиња, но и со емоциите на јавноста.

Вчера официјално обвинителката Фатиме Фетаи потврди дека Заев бесрамно ја манипулираше македонската јавност.

За време на “бомбите“ Заев јавно изјавуваше во неколку наврати дека има докази со кои ќе докаже дека осудените во „Монструм“ се неправедно осудени, постојано повторувајќи дека “бомбата“ за Смилковско ќе открие нова вистина за случајот.

Вистината е дека Зоран Заев овој грозоморен настан го користеше за манипулација и додворување на оваа озлогласена криманална група и нивните приврзаници за некој глас повеќе.

Одговорност за играње со чувствата на семејствата на жртвите, но и со семејствата на обвинетите за лукративни и политички цели мора да има!

Зоран Заев треба и мора да си поднесе оставка.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin