Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Љупчо Пренџов: Европското знаменце е параван за носење закони за индивидуи со име и презиме (Видео)


Во Македонија се ставаат еврпски знаменца на закони кои спојуваат две сосема инкопатибилни комисии. Јавноста треба да знае дека Европската Унија се злоупотребува во ова Собрание.

Европското знаменце е параван за носење закони за индивидуи со име и презиме. Европското знаменце е параван за заробена држава.

Се однесуваат како Ленин и СССР и прават штета на Македонија. Едната Левица овде што седи во опозиција бара кинеска демократија, власта бара Советски сојуз и Ленин, правење на Комисии по 17 члена и не знам што е тука Европски и не знам по кои директиви го прават тоа.

Никој не е против да имаме ефикасни комисии, повеќе комисии, ама да се знае кој за што е одговорен и кој што гледа. Ова не е во ред, ова не е Европски, ова е Ленин, Сталин, СССР.

Ако сакаш нешто да не се реши направи Комисија.

Ќе бркаме луѓе од администрација, ќе треба да се жалат во комисија од 17 члена нема да се знае кој што прави. И на крај единствените кои што ќе контролираат кој треба да добие позитивен, а кој негативен одговор ќе одлучуваат центрите на Бихаќка и Мала Речица

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin