СООПШТЕНИЕ: ГРОМ со осуда за грозоморниот напад на деловниот објект на Мисајловски

СООПШТЕНИЕ

Граѓанската Опција за Македонија – ГРОМ најостро го осудува вчерашниот грозоморен напад во кој беше фрлена експлозивна направа во деловен објект во сопственост на семејството на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски
Ова се сериозни изборни прекршувања и заплашување на гласачите. Ове не личи на држава членка на НАТО и кандидат за ЕУ. Власта на СДСМ, началникот на јавна безбедност и МВР да го истражат случајот во најкраток период односно до среда кога официјално стартува кампањата за изборите.

Не смее да ни се случи овие луѓе да останат неказнети како што се случи со изборните нерегуларности кога имавме гласање на 2 секунди а се уште никој не е изведен пред лицето на правдата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin