ГРОМ СО ДВА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО КОАЛИЦИЈАТА “ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”

На 10.03.2020(Вторник) година се одржа 13та седница на Централниот Одбор на партијата.

Според точките на дневниот ред ГРОМ акламативно ја усвои одлуката за учество и настап на предвремените парлментарни избори закажани за 12ти април во коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На тринаесеттата седница на Централниот Одбор на ГРОМ беше соопштено дека партијата ќе земе учество на пратеничките листи на коалицијата со два кандидати, а беа изгласани и предлозите.

Потпретседателот Љупчо Пренџов и членот на Извршниот Одбор, Билјана Петрушева се изгласани за кандидати за пратеници на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“.

Потпретседателот Пренџов ќе настапи во Изборната Eдиница бр.1, а Билјана Петрушева на кандидатската листа во Изборната Eдиницa бр.4

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin