ГРОМ И ОФИЦИЈАЛНО ДЕЛ ОД КОАЛИЦИЈАТА „ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА“: Потпишан коалицискиот договор за претстојните парламентарни избори

Денес и официјално беше потпишан договорот на коалицијата „Обнова на Македонија“ . Претседателот  на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевчо Јакимовски стави потпис на коалицискиот договор со кој се официјализираше соработката со останатите политчки субјекти кои се прклучија на оваа коалиција.

Ова е коалиција на обичниот народ кој сака промени, го започнуваме финалето на една битка за подобар живот во кој секој глас е важен. Победата е извесна, а она што доаѓа по неа се вистинските промени кон подобро кои ќе донесат повеќе за секого. Вистински бум од работа, вистински бум од резултати кои ќе донесат европска иднина тука во нашите домови.

Оваа коалиција за обнова, коалиција за надеж, верба и вредности којашто умее и ќе го испорача тоа. Македонија може повеќе за секого, и обновата ќе победи.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin