Потпреседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов: СДСМ бега од избори бидејќи им е јасно дека ќе ги изгубат

Законите во Собранието на Република Македонија немаат никаква врска со тоа која опција ќе ја води Република Македонија во идниот период. Јас мислев дека главните политички чинители после дебаклот кој што им се случи во Брисел со датумот за преговори, конечно ќе сфатат дека мора да седнат и направат нешто за граѓаните на оваа држава, односно после такви непријатни случувања е неминовно да се распишат предвремени избори за граѓаните да одлучат кој ќе ја води Република Македонија, изјави Љупчо Пренџов, потпретседател на ГРОМ, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.

Пренџов посочи дека на последниот собир на СДСМ во Борис Трајковски, промовирале само два столба. Првиот за правна држава и вториот за членство во Европската унија, укажувајќи дека само еден ден после собирот еврокомесарот Жбогар им го срушил првиот столб, изјавувајќи дека СДСМ мора да ги тргне рацете од правосудството и обвинителството, додека пак претседателот на Република Македонија Пендаровски им го срушил вториот столб кој што го промовирале пред граѓаните изјавувајќи дека тој е единствениот кој што се сретнал со францускиот претседател Макрон и дека во наредните години нема да има нова членка на Европската Унија без усвојување на новата методологија која што ја промовира токму Макрон.

„Целата работа на СДСМ се сведе на два столба, а тоа е дека судството и обвинителството се остаток на режимот, а ние мораме да продолжиме да останеме и ќе имаме правна држава и вториот столб е дека во месец мај ќе имаме датум за почеток на преговорите. Веднаш утре дента првиот столб им го сруши евроамбасадорот Жбогар, кој што кажа немате вие потреба да се мешате во судството, тоа само ќе се реши, само вие тргнете ги рацете од него и вториот столб им го сруши претседателот Пендаровски синоќа, кој што кажа дека тој е единствениот што се видел со Макрон и кој што му е јасно дека во наредните неколку години нема да имаме датум за преговори, посебно не оваа година бидејќи Франција на 26 март има локални избори а и нема да дозволат да се прими нова членка во Европската унија без да се усвои новата методологија која што ја промовира Франција,“ вели тој.

Според Пренџов, СДСМ се обидува да ги одложи изборите закажани за 12 април следната година бидејќи ќе ги изгуби, односно како што рече тој ако се земе програмата на СДСМ од 2016 година ќе се види дека нејзината реализација е катастрофална од само 2 проценти.

„Секој проект што го започна, за се што фати да работи тоа е неуспешно. Ако ја видите целокупната програма на СДСМ од 2016 година реализирањето на истата е 2 до 3 проценти,“ кажа Пренџов.

24 АНАЛИЗА

Posted by Телевизија 24 on Wednesday, December 25, 2019

Извор: Курир

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin