ЗОРАН КРАЛЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ГРОМ-КАРПОШ

Зоран Кралевски е акламативно избран за нов, трет по ред претседател на општинската организација на ГРОМ – Карпош. На денешното трето собрание на Граѓанската опција за Македонија- Карпош, исто така беа избрани и општинскиот и надзорниот одбор на оваа општинска организација.

Досегашниот претседател на ГРОМ- Карпош Горан Михајлов, ретроспективно направи осврт на својот мандат, напоменувајќи дека водењето на најголемата  општинска организација на Граѓанската опција за Македонија било чест, привилегија но и голема обврска.

  • Општинската организација ГРОМ- Карпош ја водевме во еден бурен политички период во Република Македонија. Поминавме два циклуси на избори, и како партија, успешно се позициониравме на политичката сцена во Република Македонија. Макотрпно и секојдневно се вложувавме во изградбата на ГРОМ- Карпош, и сакам да им се заблагодарам на сите урбани и месни заедници, на Форумот на жени, на млади и на пензионери за нивното учество и придонес во развојот на оваа наша општинска организација, истакна Михајлов.

Новоизбраниот претседател на ГРОМ- Карпош Зоран Кралевски, нагласи дека му претставува особена чест и задоволство да ја води најголемата општинска организација на Граѓанската опција за Македонија, и напомена дека веќе од утре ќе почне со ,, работа“.

  • Благодарност до сите Вас кои ме избравте, и ми ја дадовте поддршката и довербата за да ја водам ГРОМ- Карпош. Пред нас се предвремени парламентарни избори, на кои сите заедно, сплотени и единствени ќе извојуваме уште една историска победа за Карпош и за Македонија, категоричен беше Кралевски.

Претседателот на ГРОМ- Карпош Зоран Кралевски упати голема благодарност и до лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, истакнувајќи дека со него како предводник, Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ има светла иднина.

Првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски, му се заблагодари за досегашниот партиски ангажман на досегашниот претседател на ГРОМ – Карпош Горан Михајлов, нагласувајќи дека ја водел најголемата општинска организација во едни исклучително тешки услови на политичката сцена во Македонија. Јакимовски му го честиташе изборот на Кралевски за нов претседател, и му посака многу работа, успеси и победи во раководењето со оваа значајна партиска функција.

  • Пред нас се предвремени парламентарни избори, на кои само сплотени, единствени и храбри ќе избориме уште една победа. Граѓаните на Карпош знаат да ја ценат работата и нашиот вложен труд, и затоа многупати ни ја давале довербата.

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски говореше за актуелните политички збиднувања, но и за  политички насоки на партијата.

  • ГРОМ беше предвесник на политичките збиднувања во Македонија. Настаните кои што се случија во 2017 и 2018 година ја потврдија далекувидноста на ГРОМ. Затоа е потребно партијата да ги консолидира своите тела и да продолжи да биде коректив на власта, а со тоа да даде свој придонес на наредните избори за да граѓаните направат вистински избор, истакна Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ  им се заблагодари на сите членови на партијата за нивната досегашна активност и ги повика сплотено, храбро и одважно да се подготват за претстојните политички битки кои и претстојат на партијата во наредниот период.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin