Делегација на ГРОМ на чело со Претседателот Јакимовски положи цвеќе по повод 70 години од Прогонот на Македонците од Егејскиот дел

Со положување цвеќе пред Споменикот на децата бегалци во паркот Жена борец во Скопје и изложба на фотографии во Домот на АРМ, денеска почна одбележувањето на 70 години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Одбележувањето е во рамки на петтата Светска средба на насилно прогонетите Македонци, во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија „Македон“ и под покровителство на Светскиот македонски конгрес.

Делегација од Граѓанската Опција за Македонија, предводена од Претседателот Јакимовски и Потпретседателите Горан Анчески и Љупчо Пренџов положија цвеќе пред Споменикот на децата бегалци во паркот Жена Борец. претседателот

При положувањето на цвеќето присутните со огромен аплауз и скандирање го поздравија присуството на Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin