ГРОМ преку својот пратеник Панчо Минов, исполни една од клучните заложби на партијата

Пратеникот  од  ГРОМ Панчо Минов како подносител ја реализираше една од клучните заложби на партијата и нејзината програма . Минов поднесе иницијатива која беше поддржана од парламентарното мнозинство во Собранието, а се однесува за предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште.

„Се работи за нов закон со кој што основната цел на истиот е отпишувањето на каматите на граѓаните кои се во неповолна ситуација како должници по основ на услуги од вршители на комунални дејности како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда што се во етажна сопственост и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност односно наводнување и одводнување. Согласно законските решенија за долгови стари и по една деценија, за кои граѓаните воопшто не знаеле, сега се наплатуваат десеткратно повисоки суми од страна на извршителите”, се вели во излагањето на Минов.

„Досега не постоеше начин како да се заштитат граѓаните. Станува збор за илјадници предмети кои стоеле во судовите. Најмногу се тужени за парично побарување по фактури за услуги од вршители на комунални дејности и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност. Бидејќи во еден период настанал правен вакум односно законска непокриеност, ниту судовите можеле да постапуваат ниту пак, нотарите можеле да ја преземат својата надлежност за донесување решенија врз основа на веродостојна исправа. Во тој период многу граѓани не знаеле дека за нив има поднесени нови предлози за присилна наплата на комуналии или други слични обврски. Значи, и да сакале да си ја исполнат обврската, не биле известени, а од друга страна што е многу позначајно, граѓаните биле ставани во неповолна позиција да им тече камата без нивна вина”, додава Минов.

Според соопштението, предлог законот се поднесува поради тоа што Минов и парламентарното мнозинство сметаат дека ова законско решение ќе ги реши проблемите на илјадници граѓани кои што се соочуваат со ваков тип на долгови.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin