Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ ВО ПОСЕТА НА ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР

Форумот на жени на ГРОМ го посети Лешочкиот Манастир, продолжувајќи со својата традиција на запознавање на нашите културни, историски и природни богатства. Жените на ГРОМ имаа ретка можност да бидат запознаени со историјата на овој манастирски комплекс од свештените лица од Лешок.
Лешочкиот Манастир се наоѓа во таканаречениот Горен Лешок на 610 метри надморска височина. Во неговиот комплекс се наоѓаат двете цркви Св. Атанасие и Св. Богородица. Црквата Пресвета Богородица е изградена во 1326 година, а од особено значење е фреската ,,Страшниот суд”. Црквата Св. Атанасие е изградена во дваесетите години на минатиот век, која беше минирана и разрушена за време на воениот конфликт во 2001 година. Манастирскиот комплекс бил реконструиран и завршен во јуни 2006 година. Црквата Св. Атанасиј била реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична градба. Во црквата Св. Атанасие се наоѓа и икона на Св. Кирил и Методиј. Во рамките на манастирскиот комплекс се наоѓа гробот на Кирил Пејчиновиќ – Тетоец, еден од најпознатите учители на 19 век, кој го формирал и првото црковно – просветно училиште. Во рамките на комплексот постојат и конаци, а се наоѓа и Руски крст – мермерен крст кој е поставен во 2016 година, подарок од Руската амбасада во Македонија во чест и спомен на руските монаси кои на почетокот на дваесетиот век емигрирале од Русија во Македонија и живееле во манастирот.
Лешочкиот Манастир е сведок на нашата бурна историја, раскажува многу приказни и за него се испеани песни кои се врежани во колективната меморија на македонскиот народ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin